А бе јас убаво те читам, но изгледа ти не го разбираш тоа што веќе го спомнав погоре во пост
#10655.
Ако на корисникот веќе му е истечен одговорот, може да ја откаже услугата кога сака и да премине кај друг оператор, а тоа не е во корист на Македонски Телеком. Конкуренцијата се шири и почнува да нуди се подобри услуги, а тоа не е во корист на компанија која сака да продолжи како и досега да остварува профити. Секако дека ќе мораат да им понудат нови договори на постоечките корисници со пониски месечни претплати, барем за да се обидат некако да ги врзат повторно за нив за уште барем 2 години.
Е сега, ако не им е повеќе приоритет да остваруваат профити, секако дека воопшто нема да им биде гајле за постоечките корисници и нема да им нудат нови договори со пониски месечни претплати или со поквалитетни услуги со досегашните месечни претплати.