Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Ги гледам пакетиве за физички лица, лошото е што во населбата за каде што ми треба Интернет, нема пуштено оптика уште.

Е сега, не ми врши работа Comfort + пакетот што им е (10Mbps/768Kbps) па затоа ме интересира дали постои можност да ставам три вакви идентични пакети за еден стан?
 
А зашто да не.Ако има техничка можност во самата зграда ти само ке мораш да пуштиш кабел до телефонското сандаче кое се наоѓа во твојот влез ова ти го кажувам за да не плаќаш повеке пари на телеком за кабелот , а и јависе мислам дека бројот е 171 и прашај. Ова го знам бидејки имав потреба од два телефонски броја и можеше.
 
Сакам да ставам 3 Max Start. Гледам за инсталација се плаќа 1500 денари. Има ли можност да не платам за инсталација, они да ми ја дадат опремата и сам да ја наместам ? И дали е комплицирано сам да ја инсталирам ?
 
Еве го упатството за инсталирање на опрема, разгледај го и самиот увидеш дали можеш да ја конфигурираш опремата.
 
Дошле денес со налог од телеком и наместо модемот ми го поставиле рутерот кој пред една година го добив од нив
можно е тоа?
 
Да не знае некој зошто се олку бавни во последно време?
Имав некои проблеми, се јавив и пријавив, дури после 12 дена ми се јавија...
 
Бавни се сегде, кај другари 2-ца едниот чекаше неколку дена за рутерот да му го заменат, (едвај после којзнае колку јавувања) а другиот чека веќе 1 недела за да му го заменат ресиверот и уште чека, џабе неколку пати на ден ѕвони упорно.
 
До нив е проблемот. Сабајлево беше ко желка и пред малце се јавив и дечкото рече дека имаат некој проблем со некој линк таму што знам и рече дека ќе биде решено набрзо. Еве го сега е добар.
Досаѓајте им, ќе го средат.
 
Се среди и сеа пак е спор :S
 
Да прашам колку време се чека за нов корисник зборам за Оптика , и второто прашање ги средија ли брзините даваат 50 Mbps (D/U) во неколку претходни постови прочитав дека некаде до 25 Mbps (D/U)
 
Дошле денес со налог од телеком и наместо модемот ми го поставиле рутерот кој пред една година го добив од нив
можно е тоа?

Можно е, затоа што сите телефони ги префрлаат на новата воип платформа и за таа да работи мора да имаш рутер :)
--- надополнето: 18 јуни 2012 во 01:16 ---
Да прашам колку време се чека за нов корисник зборам за Оптика , и второто прашање ги средија ли брзините даваат 50 Mbps (D/U) во неколку претходни постови прочитав дека некаде до 25 Mbps (D/U)

Јас чекав околу 16 дена, а тоа за брзината е точно, ги даваат 50те мбпс, тоа што си прочитал (најверојатно мој пост е било) дека е до 25 се однесува на брзината која може да ја постигне компјутер поврзан преку вифи.
--- надополнето: 18 јуни 2012 во 01:19 ---
Да не знае некој зошто се олку бавни во последно време?
Имав некои проблеми, се јавив и пријавив, дури после 12 дена ми се јавија...

Премногу барања за нови пакети/миграција, некаде прочитав и дека отпуштиле дел од вработените, почеток на одмори и сл. и ете ти го одговорот на прашањето :)
 
Можно е, затоа што сите телефони ги префрлаат на новата воип платформа и за таа да работи мора да имаш рутер :)
знаеш рутерот го добив пред 14 месеци, ама не бев баш задоволен. Сега рутерот го поврзале директно на телефонска линија, и фиксниот телефон ми бил исклучен, затоа што додека компјутерот ми е вклучен и рутерот е вклучен.
Значи ќе морам да го оставам рутерот вклучен за да има фиксниот сигнал?
башка сплитерот ми го здиплиле, затоа што јас си користев модемче кое го зедов од кај нив, пред повеќе од две години :)
 
Тоа е тоа што ти го кажав, сега сите корисници ги префрлаат на нова платформа (voice over protocol) и поради тоа кабелот од тел. линија мора директно да биде поврзан во рутерот а и самиот рутер мора целовреме да биде вклучен, инаку нема да бидеш достапен.
 
Да не знае некој за колку време ќе ја активираат СИМ картичката што се добива со 3 Max Comfort (web'n'walk XL пакет)?
 
Да прашам колку време се чека за нов корисник зборам за Оптика , и второто прашање ги средија ли брзините даваат 50 Mbps (D/U) во неколку претходни постови прочитав дека некаде до 25 Mbps (D/U)

Јас чекав околу 2 недели за оптика. За брзината процени сам.

2015866953.png
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom