ТЕЛЕКАБЕЛ [мобилен оператор]

  • Креатор на темата Креатор на темата alekjov
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе полека, оладете, не е едноставна целава работа макар се и виртуелен оператор. Има цел куп софтверски (позадински) работи кои треба да се конфигурираат за се да функционира како што треба па потоа истото да биде тестирано, па доколку има проблем да се среди па пак да се тестира итн итн. Не е само стави картичка и види дали има LTE, 3G и дали говорни повици функционираат без сецкање. Тука имате и целосен билинг систем кој треба да биде изработен па проверен а не после месец-два овде да кукате како имате сметки 10х поголеми од она што сте го направиле како сообраќај. Тука е и поврзувањето на интернет сообраќајот меѓу Телеком и самите Телекабел (доколку нивна мрежа користат) па после кон надвор и се надевам нема да користат натирање како што прави Вип. Па тука имате и конфигурирање рутинг протокли (SCCP...) за поврзување со роаминг оператори за остварување роаминг сообраќај, па и тоа е потребно да се провери дали функционира без проблеми, па после поврзување на ова и со билинг системот итн итн. Па верувам ќе има и онлајн систем за проверка на сообраќај и плаќање на сметки па и тоа да се изработи и да се поврзе за да биде во функција.

Подобро повеќе да чекам за се да биде завршено и тестирано и да се обезбеди квалитет на услугата, отколку после месец дена да им поднесувам приговори за ова и да ги обвинувате овде колку се неспособни.
 
Во меѓувреме на секој трети ден ми стига порака од ВИП за да го продолжам договорот кој ми истекува за 6 месеци. Исто така ги намалија цениве на сите уреди и ни даваат бонус 2гб интернет од тарифата :pos:
Многу ми е мило што доаѓа Телекабел и ќе им направи конкуренција. Нека се одолговлекува постапката, таман нека дојдат кога ќе ми истече договорот за да се префрлам кај нив. :)
 
Во меѓувреме на секој трети ден ми стига порака од ВИП за да го продолжам договорот кој ми истекува за 6 месеци. Исто така ги намалија цениве на сите уреди и ни даваат бонус 2гб интернет од тарифата :pos:
Многу ми е мило што доаѓа Телекабел и ќе им направи конкуренција. Нека се одолговлекува постапката, таман нека дојдат кога ќе ми истече договорот за да се префрлам кај нив. :)
Исто и кај мене, уште 1 месец имам до истек, пуштија гратис 2GB. Ама сепак не, ќе ги чекам Телекабел да видам што ќе понудат :)
 
се пробаа, ама изгледа видоа дека тешко е и сега нема ништо да чујме од нив уште цела година
 
Кога немаме асална регулатива како во други земји ќе биде така, во нормални земји не смееш ниту пакет да мрднеш без најава во регулатива, ниту да планираш да градиш мрежа без да најавиш неколку месеци однапред, тука кај нас топло ладно, на кој му прдна оператор стана, особено ако ги видите кои се нудат оптика за деловни корисници ќе ви стане јасно на кое дереџе е АЕК.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom