Tekst za Deveto Odd

  • Креатор на темата Креатор на темата SwaggyP8
  • Време на започнување Време на започнување
Ем не треба да е твојот? Шо ако наставникот те праша нешто во врска со патописот? Аман бе не си бил надвор од местото каде живееш па да составиш страна две текст ?
 
Викаш итно ти е, а гледам поминале 47 минути од постирање. Џабе ќе почнувам со пишување...

Ај следниот пат.
 
Мојот живот ќе биде многу лош ако за овој патопис добијам доволен два. Патувањето до дома ќе ми биде со многу мачнина, бидејќи тато многу сака петки, а во слободно време за двојки дели шамари.
Една ваква идеја може да ја разглобиш, мада сумјам во твоите способности
 
Почекај да идам да јадам прво па ќе ти напишам.
За едно саат најкасно 2 го имаш. (y)
 
Јас почнав да пишувам. Напишав пет-шест реченици но прекинав. Се решив да појдам до трафика за да купам сончоглед кој ќе го грицкам додека гледам филм.
Извини.
 
Повели млада дамо.

Тој ден беше еден од моите први денови на подолг престој во главниот град, Скопје. Претходно сум го посетувал на неколку пати, но само накратко.

Пристигнав околу 13:00 часот. Првиот поглед ми беше упатен кон кафичите и невработените што го пијат третото кафе додека држат ајфони во рака и се жалат дека нема работа. Едното око ми фати и накај шмизлите што со штикли и минич седеа во кафичот. На улиците 14 годишни деца со скутери, а пред Броз, фраери со мерцедеси.
Броз, "најелитниот" кафич во Скопје. Пиеш кафе и се чувствуваш како да си пред селската чешма.

Следниот ден, осум часот наутро, а веќе се` е раздвижено. Пензинерите брзаат да фатат место во автобусите, а овие во државна администрација да ја фатат фотељата.
Поминав покрај соборна и гледам верници се крстат, а не влезени внатре. Се упатив накај плоштадот да ги видам спомениците. Па тоа колку се убави, браво за проектот Скопје 2014. Најубаво нешто што е направено.
Во ГТЦ, абе уште барок фали за градот да изгледа како светска метропола.

Низ триумфалната капија ѕиркаше собранието во кое се собрани еден куп монструми, а одвреме навреме перспективата ја сосекуваше по некој двокатен црвен автобус полн со зомбиња што се враќаа од зелено пазарче.

Од таму се качив во еден од тие двокатните автобуси што се купени со парите на народот и отидов до клинички центар. Во автобусот ја осетив миризбата на кромид, лук и пот. Таму се изненадив, немаше гужви, а докторите трчаа по пациентите и ги молеа да ги прегледаат.

Во вечерните часови отидов на ќебапчиња. Ми пуштија Сител телевизија и уживав додека водителот ја фалеше Македонија и бројот на инвестиции.

Абе убавини....
 
Decki ke moze da mi napisete tekst na tema ''mojot patopis'' itno mi e ! fala vi odnapred ;) :)

Предлог #1
Јас кога пораснав бев на чист воздух и убавина во Охрид на планина и многу убаво си поминав. И јас кога се запишував средно училиште прво сакав во трговачко а после се решив во угостителско училиште. Кога појдов првиот ден прво ми беше досадно а после се вклопив со другарки и ми беше убаво. Кога ја почна 1 година ми беше многу убаво и на крајот кога ја завршив И година ми беше жал оти кога се запознав со другарки. И после кога дојдов во 4 година кога ги видов другарките ми беше многу убаво и ја почна 4 учебна година. На крајот на 4 учебна година ни дадоа на летниот распуст да одиме на пракса за слаткари во “Гранд Хотел” 1 месец и ми беше многу убаво. И кога дојдов во 3 и последна година ми беше најубаво зошто се оделував од другарките од клас и си зборевме за матурата и што ќе носиме за вечерта. И одевме на пракса во “Гранд Хотал”, “Континентал” “Жито лукс Топаанско” и “Египет” и др. И кога дојде да се оделиме од школо и од другарки ми беше многу жал зошто во Мај се распуштаме и одиме на пракса 10 дена. Кога завршивме пракса се договоривме за матурска вечер и кога дојде денот за матура ми беше најубаво и си помина најсреќна. И после кога дојде кој за школо за на пракса и се завршивме на право и тоа се беше. Туризмот и угостителството е најубаво се објектите и летните и зимските објекти. И јас сум одела тамо на пракса и јас можеби би сакала да влезам во тој објект во што сум била на пракса. И јас така го знам туризмот и угостителството зошто тоа учев школо и ми беше многу убаво во тој објект завршив и ќе почнам да работам и толку.

Предлог #2
Република Македонија или нашата земја е опкружено со голем број странски и домашни туристи. Природни убавини се: Езерата, Реките, Планините. Нашата земја е опкружена со голем број странски туристи кои доваѓаат во нашето училиште зошто нашето училиште прима и странски и домашни туристи. Мојата струка јас што ја завршив ми беше келнерка ја одев низ цела македонија по хотелите во Охрид. Таму има секоје лето странски туристи од други земји и домашни гости. Нашата земја не е толку убава со природни убавини затоа што е загадена околината на Водно. Најубава природна убавина има во Охрид, Струга Маврово. Најмногу странски и домашни гости и природни убавини има во Охрид. Најмногу домашните и странските туристи одат во Охрид. Заради реакција, одмор, расположение, прошетка. Најмногу странски и домашни туристи одат во Охрид заради убавите природни езера и тоа Охридското езеро, Преспанското езеро и Дојранското езеро. Во Охридското езеро природни убавини има целото езеро и позадината е убава со природни убави цвеќиња, со природна убава трева и со природна убава летна бавча со убав чист ваздук за странските и домашните туристи. Охрид е убав град со многу странски и домашни гости кој ги привлекува нашата земја што поубава за рекреација и одмор. Природните убавини на нашата земја ги привлекуваат гостите да одат на одмор да се одморат, рекреираат со убавите гласови на птиците, ластовичките, на бумбарите, нма пчелите, на пеперутките на сите убави природни убавини. Лично мислење за потребните работи кои што треба да се направат за целовито да се искориста природните убавини на нашата земја. Нашата земја треба да преземе мерки за да изгледа нашата земја што поубава и почиста да нема врлање книги или отпат на улиците, да не се кара со постарите да има почит кон старите. Нашата земја треба да ја чуваме и браниме да ни изгледа што поубава како и другите земји.

Предлог #3
За да не ти се смее цела Македонија, потруди се подобро и не очекувај секогаш некој да ти ги сервира работите.
 
Decki ke moze da mi napisete tekst na tema ''mojot patopis'' itno mi e ! fala vi odnapred ;) :)

Предлог:
----
Кога јас бев на одмор многу беше убаво. Појдов на летен одмор, а патувањето го започнав некаде Ноември.
Поради тоа што бев на високо планинско место одев на чести прошетки на плажата. Таму ми влегуваше песок во сандалите, ама мене не ми беше страв да газам по земјата наша насушена без при тоа да проверам дали и кога биле а можеби и не биле три од четирите пилиња за кои што немаше тогаш пченица.
Застанав слушајќи како клукајдрвците пеат и си реков дали можеби има сонце позади карпата што не ја ни видов во моментот, а таа беше така надвиснала далеку на хоризонтот. Да, имаше. Пред да излезам од големото поле го забележав возот како се движи кон пристаништето. Тој ден кога отплови возот навистина беше многу топло и имаше наврнато одприлика пет-шест метри снег. Си реков убаво би било да носев уште два пара чорапи со мене, ама немав. Штета што баш го бев заборавил фото апаратот а баш ептен, таман, шибаше снег, а ветрот дуваше до колена. Тогаш забележав дека всушност сонцето не светеше толку силно оваа ноќ. АХ! Си реков, зошто ли во ова доба од денот не носам ананас со мене, но веќе беше прекасно. Тишината го проголта гласот на земјата што макар и црвена изгледаше како да сака да каже нешто. Како да сака да каже нешто со своите гласни бои и шарени звуци. Одејќи така по патот истури дожд. Продолжив понатаму и најдов едно прекрасно шарено цвеќе, си реков, ќе го скинам но веќе беше се исушило од долготрајната суша. Додека дождот се трупаше, настана поплава, штета што не можев да се напијам вода во оваа пустина а баш бев жеден. Пред да слета последниот штрк го видов амбисот, а всушност амбисот цело време ме гледал мене.
Си фатив автобус и по шест месеци си дојдов дома, кога им кажав на моите какви се не убавини видов, колку убаво сум си поминал, тие поради некоја непозната причина - ме испратија на лекар. Од тогаш работите немаат смисла, но не е битно, битно школската година почна и јас напишав прекрасен состав за кој што добив петка.
----

Наравоучение:
Напиши си ја домашната работа.
 
Препишвај, препишвај сабајле ко ќе ми дојш начколија ко ќе дупнам 3-4 збора на гуглено ќе вијам јас од кај си ја копирал домашната. Ах леле, шо не мислите море није професориве дек незнајме да онаквиме со тастатура по интернетов. Аре ко ќе ти закачам еден кец од горе до долу во графана, море преку цел лист, Свети Петар да немојт да ја опрајт работава.
 
Препишвај, препишвај сабајле ко ќе ми дојш начколија ко ќе дупнам 3-4 збора на гуглено ќе вијам јас од кај си ја копирал домашната. Ах леле, шо не мислите море није професориве дек незнајме да онаквиме со тастатура по интернетов. Аре ко ќе ти закачам еден кец од горе до долу во графана, море преку цел лист, Свети Петар да немојт да ја опрајт работава.
Е па НЕЗНАЈТЕ :sramezliv::roker:
 
Мојот живот ќе биде многу лош ако за овој патопис добијам доволен два. Патувањето до дома ќе ми биде со многу мачнина, бидејќи тато многу сака петки, а во слободно време за двојки дели шамари.
Една ваква идеја може да ја разглобиш, мада сумјам во твоите способности

Гледаш каков писателски стил имаш?
Немој да мислиш дека пишуваш текст за школо замисли дека пишуваш за драга кајгана темата и ќе си фатиш петка ајде...

Сакам да ти кажам не прај го на ученички начин, земи нас раскажи ни некоја случка од патување како што би ни раскажал нам, она што ќе не погоди нас сигурно ќе го погоди професорот и плус твое ќе е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom