Tear Along The Dotted Line

Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
1638262637846.jpeg
Тear Along the Dotted Line (На таљански: Strappare lungo i bordi) е Италијанска анимирана серија за возрасни која што е креирана и направена од некој си познат cartoonist од Италија по име Zerocalcare.

Ја има на Нетфликс веќе 2 недели (од 17ти Ноември).

Серијава е автобиографска, покажува ретроспективи од животот на авторот проследена со многу хумор и еден мошне силен, емотивен и интересен крај.

Досега има само 1 сезона составена од 6 епизоди кои траат 20ина минути. Скроз изводливо за бинџање.

Јас ја изгледав вчера во еден здив (вкупно 2 саати), и морам да кажам дека е одлично сериичево, во еден тон работи се пронајдов и самиот. Ме натера да размислам на повеќе теми, дел од нив (полу)сериозно, дел кроз субјективен хумор.

Во секој случај, мислам дека вреди да се изгледа. Дури и втор пат, пошто многу е динамична и да речам брза, и доста хумор и муабети може да “избегаат” поради не-англискиот јазик во серијава.

Сериичево е на италијански, веројатно има voiceover и на англиски. Јас ја гледав на таљански, и тоа некој луд римски акцент, што ја прави малце тешкичка, ама ако ја гледам со англиска синхронизација, мислам дека многу од шармот на истата ќе се изгуби.

Субјективно 9.3/10 оценка. Доста пратам анимирани серии/цртани и после Rick And Morty, одамна не сум гледал нешто волку добро и интересно.

Definite watch.
 

Strictly

word is bond
Член од
9 јуни 2019
Мислења
486
Поени од реакции
1.644
Јас го имам стрипот, првата книга, го земав од Бункер (на српски) , веројатно се поврзани/слични.

Ликот сам себе се нацртал во автобиографски комичен стрип со привремен прибег кон фантазија, со реални проблематики од секојдневието за кој он наоѓа креативни и автентични решениа што даваат ефект на некоја комичност што самиот живот ја сервира, и секако авторот ефективно ја надоградува на ептен својствен начин.
Го немам прочитано, ама од тоа што го читав и листав добар впечаток ми остаи. Ваљда има и елемент на драма со оглед на тоа дека е автобиографски ама хуморот е доминантен, таков приод има авторот кон животот, или поубаво кажано ситуациите и животот имаат таков приод кон него.
Стрипот е во некој делови во боја, во другите црно-бел, или црно-бел + една боја (со значење или без), и е доста креативно нацртан, каков што е и главниот лик - авторот.

И серијава личи дека вреди да се гледа...

Стрипот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom