aleksandaarr напиша:
што мислите,ако вашата девојка му се додворува на твојот најверен другар,а тој го премолчил тоа.или пак вашиот тип и се додворува на вашата другарка,а таа молчи.кој би бил поголем кретен-љубовта твоја(која не заслужила да ја наречеш така )или твојот другар/другарка.
Едно е да се додворува на некоја моја другарка, сосема друго е да ме изневери со неа.
Конкретно за додворувањето-факт е дека ние женските сме „ситничарки“ кога станува збор за толкување на машките сигнали (барем во моето друштво е така, со саати ми тумачат другарките што сигнали им пратил некој, дали му се допаѓаат и слично

), што е предуслов за недоразбирање. Да појаснам.
Може да се случи дечко ми да и даде комплимент на мојата најдобра другарка. Онака, едноставно од куртоазија. Тоа не значи дека тој директно и укажува дека сака да има нешто со неа. Значи-„додворување“ (во одредена смисла на зборот, не апла флерт

) не е причина за крај на врска.
Ако ми пречи-му кажувам и крај.(не на врската, на проблемот

)
А ако се случи неверство, се знае-еден огромен крст, турам пепел и официјално тие луѓе ги прогласувам за мртви за мене. Нема потреба да бидам со дечко кој не можел да седи на една столица и му шетал газот, нити пак со „најдобра другарка“ која не можела да одолее забранет човек. Не постои оправдување за тоа.
Всуштност, таквите луѓе си се заслужуваат.