TCL Телевизор проблеми

  • Креатор на темата Креатор на темата ni40z
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јануари 2025
Мислења
12
Поени од реакции
35
Имам TCL 55C69B Google TV, купен од Сетек. Телевизорот генерално работи добро на вградените апликации како YouTube/Netflix, ама преку HDMI прави проблеми.
Симптоми:
  • се рестартира на 15–20 минути;
  • понекогаш 2–3 пати по ред;
  • губи тон;
  • сликата трепка, има бели линии како губење сигнал;
  • понекогаш видеото станува црно, а мени има.
Пробано е:
  • различни HDMI кабли;
  • различни HDMI портови;
  • исклучен T-Link/CEC;
  • директно во ѕиден штекер;
  • сите updates се инсталирани;
  • factory reset.
После reset кратко беше подобро, ама проблемот пак се врати. Дали некој имал сличен проблем со TCL Google TV? Дали било main board/HDMI контролер, firmware или нешто друго? И дали Сетек/овластен сервис го признава ова под гаранција?
 
Ако уредот е уште под гаранција, не чекај истата да истече, туку реагирај кај продавачот па нека те упати на од нив овластениот сервис.

Секако, сервисите се приказна сама за себе...
 
Ниеден исправен телевизор не треба да се рестартира сам од себе, не па на 15-20 минути и тоа 2-3 пати по ред. Стави телефон пред него за да снимаш и пушти нешто да се врти на телевизорот. Ќе имаш доолго видео со рестартирањето и нема да можат во сервис да ти речат абе сѐ е океј... Носи го :(
 
Нема полош модел од TLC, од искуство ти кажувам, избегнувај.
 
Варијација на напон, неисправно напојување на телевизорот. Ако е нов барај замена ако е стар ќе ти сменат напојување и терај.
 
Едноставно фрли го тоа кинеско ѓубре и земи си еден од реномиран бренд.
Евтината опција на крајот секогаш излегува поскапа.
 
Едноставно фрли го тоа кинеско ѓубре и земи си еден од реномиран бренд.
Евтината опција на крајот секогаш излегува поскапа.
Sto preporacuvas od renomiranite brendovi?
 
Samsung. Во 2008 го купив мојот прв 55-инчен Samsung Plazma HD телевизор и сè уште работи без ниту еден проблем. Одамна го подарив на баба ми. 2011 година, кога 3D телевизорите беа во тренд, купив 55-инчен Samsung Curved 3D UHD Smart телевизор и сè уште го користам без никаков проблем,го гледам во спалната соба сега. 2020 направив глупава грешка,залетав по една одлична понуда со попуст и купив 65" Panasonic 4K телевизор, кој на крајот се покажа ѓубре, немаше добар контраст и бои, лош интерфејс, а софтверот забиваше на секои два месеца,па мораше да го рестартирм.Не знаев дека jапонците престанале да произведуваат телевизори и го продале брендот на турците.Работи ,ама не го користам и седи во собата за гости. И во 2023 купив Samsung 65" Neo QLED 4K и уште еднаж сум повеке од задоволен.
 
Znaci Samsung mu e majkata
 
Znaci Samsung mu e majkata
Добар заклучок...

Од „Самсунг„ ценам само монитори, оти боите од нивните ТВ уреди не ми се бендисуваат, но долговечноста и технолошката напредност од телевизорите им е стандард.
 
Back
На врв Bottom