- Член од
- 6 февруари 2014
- Мислења
- 167
- Поени од реакции
- 333
Татјана Хмирова (родена 6 февруар 1990 год. во Волгоград) е руска ракометарка која игра во ЖРК Вардар СЦБТ
Татјана Хмирова е руска репрезентативка која игра на сите три бековски позиции –лев, среден и десен бек. Родена е во Волгоград и кариерата ја почна во екипата на Динамо Волгоград во која дебитираше во 2005 година. За својот матичен клуб, Хмирова настапуваше во изминатите осум години. Од оваа сезона (2013/2014) Татјана Хмирова ќе го носи дресот на ЖРК Вардар СЦБТ и тоа ќе биде нејзин прв ангажман во странство. Со Динамо Волгоград има освоено три шампионски титули и една титула во Купот на Русија (2008).
За репрезентацијата на Русија, Татјана Хмирова има настапувано во сите младински категории. Во 2008 година со Русија стана светски младински шампион и беше прогласена за најкорисен игра на ова СП. Истата година Хмирова дебитираше за сениорската репрезентација на Русија на Европското првенство на кое Македонија беше домаќин и осви бронзен медал. Во 2009 година беше дел од руската репрезентација што го освои златото на Светското првенство во Кина, а настапи и на СП 2011 во Бразил на кое Русија беше седма и на ЕП 2012 во Србија на кое руската репрезентација го освои 6.место.