Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.586
И ова го имало.... значи човек од нигде и никако не е безбеден...
Извор
Извор број два
Компјутерската тастатурата воопшто не е безбедна за пренесување осетливи информации, објавија швајцарските истражувачи, кои со анализа на електромагнетните сигнали произведени од тастатурата, успеале да го репродуцираат она што е напишано на мониторот.
Овој начин на “прислушување” на тастатурите го откриле докторантите Мартин Вуању и Силвијан Пасини од Лабораторијата за сигурност и криптографија при универзитетот во Лозана. Тие тврдат дека развиле четири видови напади, кои функционираат кај различни тастатури.
До ова откритие дошле откако тестирале 11 различни модели на тастатури поврзани за компјутер преку УСБ или PS/2 влез. Прислушувањето се покажало успешно и кај тастатурите вградени во лаптопите.
Секоја тестирана типка била осетлива на најмалку еден од четирите напади. Еден од нападите функционирал дури и на оддалеченост од 20 метри.
На почетокот од своите истражувања, користеле лаптопи кои работеле на батерии. Ги избегнувале десктоп компјутерите и ЛЦД мониторите за да ги намалат шансите за ловење сигнали од други извори.
Извор
Извор број два