Таоизам

  • Креатор на темата Креатор на темата SWEDEN
  • Време на започнување Време на започнување
"Кога се појавува потребата за мудрост, се појавува и големото лицемерство."

Лао Це
 
...мудроста е спознание а не трофеј
...пренесување на мудроста не се чини со километарски коментари и препукувања кој знае повеќе
...мудроста е Нил а нејзиното корито сме ние човеколиките
...научи го човека да искусува во животот и да размислува за истотото,си го научил како да стигне до своето светло :)
 
Последно уредено:
...научи го човека да искусува во животот и фа размислува за истотото,си го научил како да стигне до своето светло :)
Малку е офтопик, но е поврзано со источните учења на многу нивоа..:

Во кабала мудроста (Хокма) е во спрега со стекнатото знаење (Даат, кое е променливо и се менува преку мудроста и разбирањето) и стеканото разбирање (Бина)(и после нив) преку искуството собрано преку работа во материјалниот свет (Ашија материјален свет и Јецира формативен свет каде што се создаваат и врзуваат мислите во умот).
Уредувањето „на храмот“ е на материјален и психолошки план. Во недобро уреден храм - нема мудрост, има хаос и бркотница од навидум мудри зборови, а реално тоа пеколот на Хоронзон, големиот демон кој што не дозволува надминување на Бездната.

За последното: еден човек во даден момент. Тоа е доволно.
 
Кога оние што управуваат делуваат од поле на неделување,
луѓето се среќни и напредуваат.
Кога оние што управуваат делуваат со силата на волјата,
луѓето се незадоволни и немирни.

И во несреќата постои среќа,
и испод среќата лежи несреќата.
Кој одредува кој ќе победи?
Зарем не постои праведност?
Или вообичајното (праведноста) се претвара во невообичајно (тактика),а праведност во неправедност.
О,колку долго човештвото лута.

Според тоа,мудрецот,
управува без управување.
Обликува без ранување.
Исправува без сила,
свети без да заслепи.
 
Убва случајна паралела на Христијанство и Таоизам.

Убва случајна паралела на Христијанство и Таоизам.

Да не креваше врева и постојано да потенцираше попов од видеото како сите се грешници бидејќи тој сведочи за себе дека е грешник, ќе ти удрев лајк на постов, ама ништо - бидејќи гордоста во секој систем е лоша ствар и голема препрека на почетокот на патеката...

Па и ова зборување негативно за црните дупки бидејќи се привлекувале и во нив „светлината исчезнува“... Еми и Тао привлекува без да се труди да го прави тоа, што - да го осудиме, Satan да го наречеме Тао бидејќи Тао е СЕ, центарот на се? :)
 
Но он си признава дека е на левел 1 кај што сите се грешни инаку не би биле на 1 НО е свесен за левел 2, веројатно имал такви моменти и затоа можел да го препознае во кучето на плажата, проблемот е што он не е свесен дека некои луѓе не се грешни... левел 2 оти не е свесен дека може постојано така да се егзистира, на левел 2 гневот, љутината не е смртен грев дека е од природата и како таква потребна емоција како двигател но со контрола, на левел 1 ја забрануваат оти мојот комшија у афект у рејџ убива со метална шипка кучиња дека не може човек.
 
Не признава, тој те лаже дека е понизен и ти прераскажува догма. Тој вели скришно ја сум грешник но и сите други се. Не сине, ти ако си нешто не ги туркај и другите во твојот универзум на разбирање на нештата. Тоа е гордоста...

Нема левел 2 или н во христијанството...
Автоматски споено мислење:

На еден начин и си во право и не си кога викаш нема Левел 2 у рисјанството, на 2 тоа не е оваа форма која е уствари систем за раја на 1, исто ко што Мохамед у пештерата сконтал дека на оваа багра им требаат појаки закони оти има лом да се направат. Има и заебанција, не е секој да прејде од 1 на 2 дека самата транзиција е болна ко ќе им се разбуди внатречниот судија и ќе увидат дека се што кењале за другите се уствари они самите, некои се рокаат.
Кај бишопот има две можности.
1. Премногу е инвестиран во мантијата, станала негов идентитет самиот левел 1 систем, стана и доста популарен у последно време па секаде на гости го викаат да шири мудроста и како таков он тешко да прејде на левел 2 оти тоа ќе значи фрлање на мантијата и егзистирање само како човек во синк со животот а тоа би значело дека треба да си ја побие целава репутација.
2. Ко што Садгуру носи мантијата и чалмата како работно одело за да го сватат посериозно пред се неговите на кои хиндуто нели им е традиција а самиот он кога не мора да работи си вози мотор нормално облечен со цвикера и шешир у флоу со животото, така можеби и бишопот ја носи мантијата ко работно одело. Оваа варијанта ми е поневеројатна за него, ми делува дека е инвестиран но и полусвесен пошто сепак го приметил кучето во флоу арно ама не мислам дека некогаш он самиот ќе биде тоа.
 
Еми неоткажување од репутација нели е еднакво на гордост?
Реков јас дека лаже попот и дека нема ништо ова со таоизам ова христијанско видео кое проповеда грев за сите? Реков.

Во сите системи на иницијација постои отфрлање на она што си и она што си постигнал кога ќе се дојде на одреден дел од патот. Дури и магиските моќи и власт кои си ги постигнал, се небитни и препрека за одредена форма на напредување...

Мислам дека тоа откажување кој си и што си го има и во таоизмот, за да владетелот управува со себе си и народот со почит и благонаклонетост без да е оптоварен со тоа дека тој е Тао а другите се далеку од сето тоа.

П.С. од рајата доаѓаат иницијантите. Од таму се појавуваат адепти кои го менуваат човештвото.
 
Ама ја мислам дека овој бишупот нигде не кажа дека он раскстил со гордоста, дури си кажа дека и он е грешен, проблемот на егоизмот негов е шо мисли дека чим он не е уште таму, никој не е.

Туку на наредниот левел Таоист кој презел одговорност да биде лидер е всушност архетип на родител кој се грижи и жртвува за своето семејство, Тао што е и како е не е битно да го збори, само делува несебично за семејството.
 
Попот нема врска со таоизмот и нема паралели помеѓу тоа што зборува и христијанството... треба да се напрега човек сам да си толкува и поврзсе демек гордоста од христијански аспект како грешност е иста со онаа на таозимот... ова е обично христијанско проповедање со насилно притискање сите сте грешни: Не бре не сме грешни во христијанска смисла, гледај си патот и не заморувај и други да ги туркаш таму кај што си ти...

Воопшто не ја сакам таа христијанска лажна понизност демек, еве грешен сум знам и тука доаѓа идејата на спасување и потребата од Христос.
Шаховска игра си тераат поповите...

Таоистот кој што има некое искуство и го разбира Тао мислам дека се жртвува за човештвото. Семејството е препрека.
Да, доаѓа момент да семејството биде препрека и адептите избираат осаменост... затоа имаме во човештвото премалку адепти!
 
...кога би се нашол коренот на оригиналната вистина за душата,оригиналната вистина за животот и оригиналната вистина за смртта,можеби и ќе бидеме во состојба да ја одгатнеме оригиналната вистина за нас самите
...дотогаш мораме да се задоволиме со "рошките" кои ги оставаат зад себе религиите,верувањата,мудреците,философите и пророците
...и од нив да си направиме убава вечера
...на здравје!:)
 
Има врска директна муабетот за кучето на плажата, бишопот сака да е тоа но не е и баш кажува дека така би требало да изгледа живот ослободен од опсесија со себе.

Под семејство не мислев буквално, пошто за таоист лидер правеше муабет само кажав дека архетипски односот кон заедницата која ја води е како родител во семејство, сите се негови деца за кои се грижи, таоизмот си е негова лична работа на база на што се засниваат неговите акции реакции и неакции.
 
...кога би се нашол коренот на оригиналната вистина за душата,оригиналната вистина за животот и оригиналната вистина за смртта,можеби и ќе бидеме во состојба да ја одгатнеме оригиналната вистина за нас самите
...дотогаш мораме да се задоволиме со "рошките" кои ги оставаат зад себе религиите,верувањата,мудреците,философите и пророците
...и од нив да си направиме убава вечера
...на здравје!:)
Не може да се каже на друг ниту коренот ниту кое е дрвото на кое треба човек да се обеси како Один :)

Не може во множина да се зборува и за тоа има една обична едноставна причина: да не се расипе искуството на оние кои стапнале на таа патека кон внатре.
Нема да имаат смисла искушенијата, а со тоа ниту постигнувањата - ќе се прекине синџирот кој е Вечност.

Дотогаш мораш ова или она, но само за тебе мораш, нема множина. Заборавете на множина и ќе одгатнеш се во врска со смртта, животот, кармата, Тао и така натаму и така натаму со сите симболи и патокази кои едвај ја доловуваат сенката од она што големите мајстори сакаат да ги пренесат.

И ќе зборуваш некогаш за тоа како ова или она, но никогаш нема да најдеш вистински збор или вистински начин да се пренесе на сите нештото...

Затоа и Тао не е ова или не е она... не може да се каже што е - дали заради заклетва и тајност, дали заради претходното што го кажав, умот не може да состави нормална идеја која ќе може да се презентира логички на некој друг за кој не знаеш какво искуство имал низ вечноста.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom