Таксистите и нивната култура - случки

  • Креатор на темата Креатор на темата Pella
  • Време на започнување Време на започнување
е затоа јас си се возам само 2-3 такси одбрани ми се. работат во едно вујко ми, во едно другар и чао брат ќе се замарам со будали :pipi:
 
Јас кога влагам во такси било кое,секогаш кажувам до Чаир кај стадионот после тоа ке ти објаснам.Ако фатам да му објаснувам јас кога ке влезам па каде е ,што е , како е .....ептен тегнење...и ако пробува да ме врти му кажувам по кај да иде.Еднаш од факултет се качувам и му викам Чаир иди преку Кале и ми вика -па преку битпазар поблиску ти е :icon_eek: - а тоа 4 саат на ручек гужва полно.Човеку јас ти кажувам кај да ме возиш а не ти кај мислиш дека е најблиску...:uvo: . Иначе до сега немам лоши искуства,муабетчиња така така.
 
Не се возам многу со такси, а најчесто кога одам, одам со 2-3 исти возачи. Не сум имал некои така лоши случки, само се случило да се возам со пијани возачи неколку пати, па да ти е страв дали ќе си одиш до дома. :wink:
 
Ауф ..
ужасни работи ми се имаат издешавано по ова таксињава.
Еднаш ќе загинев за малку ..
Идам јас накај Бисер и сите семафори еден по друг се зазеленуваат и сеа овој чикава цело време вози споро за да ми земе поише пари ... на крај таман да се зацрвени едно од светлата овој забрзува. Мене срцето у петици .. од спротива се пуштаат коливе и овој лудиов меѓу нив ќе се протнувал .. среќа имаше каде да сврти па ме возеше таму по некои улички .. ме вртеше ... и на крај ми вика: „тоа е ... неиспланирано беше ... морав да свртам за да не настрадаме“ .. и ја фаца мртвача .. му се молев на господ да излезам жива и здрава.
Друга ситуација .. се качувам јас у такскиво и еден млад господин збори на телефон .. и сеа прекинува .. му кажувам каде и овој продолжува да си збори на телефон .. и спомнува тука дроги-моги .. го фатиле алфи го тепале ... и ја онаква почнувам да се препотувам и спушта овој и ми се врти и ми вика: „Девојче не се плаши не сум опасен, зборев со едно другарче од алфите за тоа што ми се деси пред некој ден. Знаеш ја идев со една женска еден месец .. и оваа да ти била дилерка некоја ... и една сабота вечер излагаме ние двајца .. и ме застануваат алфи, ме вадат од кола и почнуваат да ме тепаат. Ни крив ни дужен си го изедов. Му се јавив на овоа другарчево од алфите со кое што зборев сега и ми кажа дека мислеле нели дека сум и некој муштерија на таа дилерката.“ Онаква само го погледнав коцкасто и овој смени тема .. ми вика демек ти што праиш студираш или работиш и ја онаква .. учам .. и овој... која година си .. четврта ? .. што факс планираш да одиш ? ... и јас - прва сум .. и овој само еден прашален поглед ми даде .. и почна демек ааа .. извини .. не изгледаш за толку мала блаблабла ..
и онаква пошто сакав што побрзо да излезам од колата го прекинуем и му викам можеш овде да ме остаиш .. и он онаков збунка целиот .. ааа .. па окк .. застана и ја грабање вратата и да ме нема.

Има уште ретардирани случки ... али овие се издвојуваат.
 
Значи тоа таксистите во Ск се луди.... одев на кај Карпош да соберам еден другар за на пиво и таксистот кога распали кутриот ко да нема видено човек... застанува на семафори и до нас имаше стар мерцедес и кога почна да го оговара возачот личел како Гоце Делчев( беше постар и имаше бркови) и за колата пред нас зошто била стара... како не му било страм да вози таква кола....ROFL.. абе човек глеј си ја работата не туку зборувај... не ти давам пари за јадење говна ....
А кога сум дома си знам Чичето побарај го ем супер музика за по пат ем нема да се плашам кој ќе ме врати до дома и сл...:salut:
 
Најмногу се нервирам кога таксистите не застануваат на пешачки и кога поминуваат на црвено.
 
Леле последната дешафка во такси.. :tapp:
Идам јас карши МекДоналд`с и гледам да не се качам во некое диво и чекам Наше такси, наместо тоа доаѓа едно од оние виолетовите.. (не знам како беше такси компанијата) мањебитно. Се качувам јас со мајка ми и братучетка ми, онакви капнати од шопинг, имавме купено за јадење и викам: Еј, многу ми се јаде.. И се почна со репликата : Сега ќе стасаш дома, ќе јадеш (од таксистот секако, релативно стар чоек). На тоа преќутев.
Се возиме така низ град и гледам едни од оние смарт колиците и викам: Глеј го колицко е бе, пер :) И не знам кој кур ме тераше да го спомнам тоа..
Почна да збори како негов пријател имал такво, па носел тегови во багаж за да не летне на автопат од шлепери коа проаѓаат, па како тоа он возел такси, па кај живее, па за градоначалникот на неговото село Сопиште.. :kill:
А упорно ме слуша како си ја мавам главата од врата и си продужуе да збори, а мајка ми и братучетка ми се газат од смеење. И да сакаш не можеш да го прекинеш, ме скрена.. само мелеше непрекинато.
 
Ау последниве 3-4 пута све некој икс људи ме воза у такси и се врта ептен некои изопачени муабети, ама мн е закон :D
 
Со еден таксист шо се возевме не умре од смеа :хаха: Секој пат кога се возиме со него ни расправа каде одишол и која пичка ја издупил...крај :хаха:

а иначе и ретко плаќаме такси :хаха:
 
Не сум имал проблеми никад али паѓале забегани муабети јес да најчесто муабет праиме за дупките на Наум Охридски:pos2:
 
Влевам во таксито и му викам Васил Сурчев бр незнам кој беше... и тој мртов озбилен ме погледнува и вика прво се вика добарден какво ти е тоа понашање... култура... а јас нешто бев изнервиран баш и му реков фино лепо ај чекај друг некој покултурен и си излегов инаку друго лошо искуство не сум имал :)

Имам добри искуства со таксисти во 8 одд крајот со еден таксист се знаевме така и кога ќе дојдеше петок или сабота стално не носеше некаде дали Гевгелија,Штип,Радовиш ќе не однесе таму ќе излеземе и тој со нас ќе дојде(помлад е:)) и после не враќаше му плаќавме во еден правец си ја правевме интересна :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom