Море лепи, ја не ти префрлам за тоа дека ти бил испран мозокот. Да ти одржам една лекција, од многу сеопшт поглед.
Како што не можеш да бидеш експерт за атомска физика ако не си обучен за да бидеш експерт за атомска физика, како што не можеш да бидеш хемичар ако не си обучен да бидеш хемичар, како што не можеш да бидеш новинар ако не си обучен за да бидеш новинар, како што не можеш да бидеш правник ако не си обучен за да бидеш правник, и како што не можеш да бидеш доктор ако не си обучен за да бидеш доктор, така НЕ МОЖЕШ да бидеш ни историчар, без да бидеш обучен за да бидеш историчар. Верувал или не, историјата е наука која не може да се толкува со седење дома и читање статии, па која тебе ти изгледа најверојатно таа да ја прифатиш. За да бидеш обучен, си има предвидено програма по која треба да се работи. Таа програма не те подготвува со фактографски знаења и не ти влива туѓи размислувања у мозок (нормално, има предуслов да не си по дефолт ти сам по себе лоботомиран и да имаш цврст карактер), туку те подготвува за НАЧИН на истражување, НАЧИН на размислување, методолошки пристапи! Фактографиите се повеќе како водич, примери кои те насочуваат како да размислуваш базирано врз тоа што веќе си го изучил, кои ти даваат некакво искуство. Точно е дека постојат луѓе кои ќе пробаат да ти го наметнат мислењето (јбг, човечка природа си е тоа, секој на секого тоа го прави), лично јас сум нашол замерки кај поедини професори, одредени дури и директно пред нив сум ги истакнал и сум се спротивставил на нивната поставена теорија. Такашто исклучи си го тоа мислење за перењето мозок.
Овие глупостиве ти што ги постираш се халуцинации создадени од личност која (веројатно) не е историчар, туку е во очајна потрага по слава, или едноставно човек со превише време, од онаа категорија на луѓе кои „не знаат дека не знаат“ и од кои треба да бегаш подалеку. Ти не разбираш каква штета во научниот свет создаваш со тоа што споделуваш вакви работи, можам на долго и широко да ти ги објаснувам проблемите кои се создаваат ради ваквиот идиотизам и може пак нема да разбереш. А денес глупи теории како од оние на Тентов ги има на секој чекор, не разбираат како ја убиваат методологијата и самата наука со нивните ретардации. Секој втор ти е експерт за историја денес, ако ги прашаш нив нормално. Професор на електро открил старомакедонски јазик, новинар напишал книга за некаква си тајна историја, идиоти насекаде. Како ги откриваат работиве така лесно еј, човештвото со векови пробува да најде одговори на некои прашања, тие за еден месец сите тајни на универзумот ги откриле. Сериозно, твојата логика не го перципира ова како нешто нелогично? Човек кој нема познавања од старогрчки јазик и латински, нема основни познавања ниту од археологијата, и плус единственото претходно историско обучување му е учебник од средно, не е историчар, во случајов не е антички историчар. Тоа е идиот, самопрогласен експерт, штетник на општеството, и секој кој не ги согледува тие трескања глупости, туку напротив, ги прифаќа здраво за готово, не е ништо подобар.
Рамисли само, јас четири години студирам, моментално учам старогрчки, а од следнава година ќе учам и латински, (ПАЗИ ГО ОВОЈ ДЕЛ) двата јазика кои се потребни за да воопшто СТУДИРАШ античка историја, а НЕ да пишуваш трудови. Ќе потрошам толкаво време и пари на обука, толкаво знаење ќе поседувам, за утре некој на кого му било досадно, седнал и почнал да измислува бајки за минатото. И ти тука ќе дојдеш ќе ги споделуваш тие работи, работи кои се еднакви на тоа како некоја пропалица да дојде на ФИНКИ и да ги убедува луѓето дека плус е минус, а минус е плус. Светот не е таков како што јас го гледам, а ако ти го гледаш поинаку, па двајцата да сме во право. Историјата е склоп на милиони и милиони различни размислувања, кои ти треба методолошки да ги анализираш, распределиш и објективно да ја посочиш вистината. Истите тие размислувања се завиени во политички пропаганди кои служат за некоја тогашна туѓа цел. Токму затоа историјата е тешка, и не може секој со неа да се бави. А тоа истражување не значи дека треба да ја најдеш страната која е во право, туку треба да ги посочиш и грешките и правилностите кои ги имале сите страни, па тоа да го изложиш во труд, и да извадиш некаков заклучок за да придонесеш кон развојот на општеството, тоа е целта на трудовите, тоа е целта на самата историја. Такашто историјата не е филозофија, како што ти си ја сфатил. Историјата е социологија на минатото. Твојата „привилегија да ги препознаваш работите така како што се“, не постои, ја немаш таа привилегија, пошто не ги препознаваш работите така како што се.