Светско првенство на МРТ - Мундофорија

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли некаде видео кога Панчев (он беше мислам) стално ломотеше нешто у стилот „напаѓач треба, шпиц треба“
 
Калински, Милковски, Штерјов и Видевски колку и да знаат да киксират ми се најкласик коментатори кај нас. Со нив пораснав гледајќи ЛШ, СП и ЕП од порано...па и ПЛ имаше едно време на МТВ, после Олимписки игри...итн.. Така да иако мора да признаам оти на моменти знаат да изгледат како прави аматери, мислам дека нема подобри од нив и дека секако ќе му дадат додатен шмек на Светското. :)
 
Јанко јади гомна сакал да биде коментатор ама не му давале :LOL:

уште овој да почне да коментира,или на mute ќе ја гледам утакмицата или ќе се мачам со стримови.
 
уште овој да почне да коментира,или на mute ќе ја гледам утакмицата или ќе се мачам со стримови.

На Вепарот не му даваат ни на Радио Слободна Македонија да коментира натпревари, а не пак на МТВ ќе му дадат :icon_lol:
 
Само се надевам дека ќе си ги апдејтираат информациите пред почетокот на првенството пошто за ЛШ се изнатресоја глупости.
 
јаки ќе се кога ќе почнат да замараат со гол. ком шпекулации па секое сабајле ќе слушаш чичиња во бус со теории, трансфери, тактики :D

за коментирањето неам замерки, смешно е барем :D
 
Само се надевам дека ќе си ги апдејтираат информациите пред почетокот на првенството пошто за ЛШ се изнатресоја глупости.

Секундарна работа им е тоа...
Битно поезијата да е секогаш свежа со нови епитети и метафори
 
Мислам дека ќе има двајца, барем така најави Драган, ќе видиме.

Не памтам на претходното во Ј. Африка дали имаа пратено некој. Првенството во Германија воопшто не го следев на МТВ. Во Јапонија ако се сеќавам добро имаа пратено двајца за нокаут-фазата. Калински - задолжителен. :D
 
Затоа животна желба ми беше да бидам спортски коментатор. Ама и таму се со врски. :(
 
Ги нема ВУВУЗЕЛИТЕ , конечно на раат да се гледа Светско Првенство.

Jeremy-Renner.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom