Свадба - да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Ма каква свадба. Со тие пари ќе си заминеш на патување и најубаво ќе си поминеш. А вака ќе ги фрлиш во една ноќ, каде што нема да се знае кој јаде, кој плаќа. Гужви без врска!
 
Свадба да - ама по мој вкус. Никако кич, што е традиција кај нас.
Без цркви и матична (матичарот со мене на трева).
Јас сакам едноставна свадба, во природа, никако ресторан, ниту јас нешто накинџурена, ниту некакви традиции. Моите најважни луѓе, и најважните на маж ми. Неколку ора ќе се свртат (исклучиво македонски, свадбарски, никако српски, или турбофолкерски) и после одиме на нешто позабавно, ете рок нека биде, шлагери, екс ју рок, владо јаневски :) Ама никако свадба, на каква сме навикнале :)
 
НЕ. Ако некад се женам воопшто. Јас, невестата и таму кој мора кум и еден сведок ваљда, после тоа пијанчење и ја здувуваме негде со невестава, пр. Малдиви :D Иначе никад не сум бил фан на големи свадби трошење пари беспотребно по мое мислење и гледање со луѓе кои 70 посто не ги знам 20 посто не сум ги видел 5/10 години а останатите 10 се оние најбитните.
 
сум правел свадба,но да се родам повторно едно големо НЕ
 
Свадба-се разбира дека да.
Одиш во матично, потпишуваш капитулација и истото тоа подоцна го прославуваш со музика :D
 
Секако да ама со одбран круг на луѓе на кои стварно им е мерак дека се зимате а не собран трет ешалон роднини кои прв и последен пат тогаш ќе те видат.

Порано бев многу против свадба и брак ама сменив мислење, еднаш се прави и треба да се памти :).
 
Идам во матично и викам моја си и веднаш на авион на Бора Бора или Сејшелите :)
 
Веселба која мора да се направи за да се прослави бракот од ќеиф или наметната традиција која претставува "терет" и замор?

Чаламење, пијанење, циркус кој трае неколку часа или вистинско доживување кое несмее да не се доживее? Собрани шестнаести братучеди, тетки, чукун стрини кои не си ги видел никогаш, или сето тоа да се одбележи скромно со најблиските?

Многу сум против големата веселба со мнооооооооогу луѓе и која трае и трае.....
Ако некои сакаат да си го направат ќеифот , ќе им оставам пари па нека слават и цела недела ако сакаат без мене на свадбата.

Мислам дека дури доволно ќе биде и само веридбата, не мора свадба. Тоа е моја конечна одлука и ќе си стојам на кажаново.
 
Сакам помала свадба со најблиските луѓе од двете фамилии, по можност повеќе млади и ептен имам мерак на венчавка во црква, а другите традиционални обичаи ми се премногу напор. И не сакам свадбата да се отвори со класичен валцер, туку со едно аргентинско танго сосе ружата во уста:).
 
Има една поговорка „ свадбата е за другите, бракот останува за нас„ :)
 
Само најблиските од двете семејства и то остало НЕ, важиме за сиромашна држава, а се прават свадби кој удираат по џебот и неколку илјади евриЌи, очи не си им видел на некој а на свадба ги викаш, ма еднаш се живее ако после ке ја трпиш та свадба, мислам дек малце кај нас се претерува со свадбите и со некој др такви заебанции.
 
Сакам свадба ама средно умерена нормално зурли тапани све по ред:vozbud: ама со помал трошок, сеа не 400 600 гости 100че би било сасвим уред(y)
 
Ни моите не правеле свадба, а не планирам ни јас да наранам и напојам 500+ луѓе од кои 2/3 прв пат ги гледам и нема после да ги видам.
 
као прослава мала нешо да, али цркви и матично и 500+ луѓе не...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom