Surf 'n' Fries - нов ланец на брза храна

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
O

ob1

Гостин
surffries.jpg

Меѓународниот ланец на брза храна Surf’n’fries, утре (среда) во 17 часот ќе го отвори својот прв објект на плоштадот во Скопје, на улица „Никола Кљусев“ (поранешна „Максим Горки“). По интернационалниот успех и многуте иновации, Surf’n’fries е првиот FAST FOOD ресторан во Македонија во кој храната ќе се приготвува во печка на воздух, без употреба на масло.

photo-slider-frynuggetsdrink-9-image-rotator-77_image_rotator-630x422.jpg

Помфритот се подготвува според нова иновативна SURFFRY технологија, која работи на топол воздух без воопшто да се става масло. Скопје е третиот град во светот кој ќе ја добие оваа технологија по Риека и Будимпешта. Освен начинот на кој се подготвува храната, тоа по што овој бренд е познат е и практичната амбалажа. Таа е направена така што во неа можете се да носите во една рака, односно помфритот, пилешкото, сосовите и сокот.

unnamed3-472x630.jpg

Менито на Surf’n’fries можете да го разгледате од среда 17 декември, па натаму. Побарајте ги Surf’n’Fries хостесите низ центарот на Скопје од кои ќе добиете купон.

Surf’n’fries е ланец на FAST FOOD ресторани кој во 11 држави во Европа, има преку 40 објекти и од година во година бележи раст на продажбата. Со Surf’n’fries во Скопје, Македонија ќе биде на мапата на државите која на својот пазар ќе имаат модерен и единствен ланец на брза храна Surf’n’fries.

Извор: http://kadevecer.com.mk/surf-n-fries-go-otvora-svojot-prv-objekt-vo-skopje/

Прв пат слушам за овој ланец на ресторани. Никогаш немам пробано, не очекувам нешто wow освен напумпани цени, нека спадне малце фамата и ќе се проба, чисто ради реда. Дали некој од вас има јадено до сега во Surf 'n' Fries и што очекувате?
 
Земал некој купон до сеа? Што дава купонот, попуст, 20,30%?
Пробуем обавезно, во долга потрага сум по замена за McDonalds.
Мада не сум по пилешкото а овие нешто на пилешко ми фураат.
 
Далеку од експерт. Ама ајде кога веќе се нафаќаш, ајде побиј ме.
Да те видам.
Канцер е болест позната меѓу народот како рак.
Surf 'n' fries е ланец на фест фуд исхрана.

Болест не е исто што и бизнис.
 
За мене многу позначајно е кога ќе почнат да продаваат сендвичи со помфрит и се остало за 100 денари, а притоа не умреш од глад 5 минути после јадењето, отколку некои фенси=шменси технологии со кои ќе си ги правдаат напумпаните цени. И 100 денари е многу, ко ќе ми текне дека едно време за 50 денари можеше да се најадеш со сендвич.
Бурекот владее сеуште.
 
Гледам тоа комплетот помфрит+прсти е 249 денари. Па со тие пари во кујната на Керфур да ме утепаш нема се да изедам што сум платил.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom