Да доволни се првите две ако си само заинтересиран за да останеш на власт ако си навистина заинтересиран да смениш нешто на подобро тогаш тоа е првото нешто што ќе го направиш.
Приватни инвестиции ќе нема никогаш.Имаме скапи енергенси ,мал пазар,нестручна работна сила и лоша инфраструктура и на сето тоа и даноци.Единствена предност ни се ниски плати али сепак сите во околината ни се конкуренција за тоа.Ти требаат барем 2-3 од тие 5 да бидат подобри од конкуренцијата за да имаш инвестиции.Малиот пазар не можеме никако да го смениме освен ако не почнеме да правиме по 20 деца.Али кај другите 4 за 2-3 ( за стручен кадар 5-6 ) години можеме да станеме не само конкурентни туку и супериорни.
Ниеден инвеститор нема никаква причина да инвестира во Македонија наместо БГ,Србија,Турција,Романија,Унгарија,Словачка,Полска.
Вака се што се прави е да се цедат профитабилните бизниси во Македонија кој како што се гледа по индустриското производство секоја година се намалуваат и тогаш сакале неќеле нема да има пари за тие вработени освен ако не планираат НБРМ да им ги испечати и во инфлација да не фрли.
Патем од 2006 до денес сме позајмиле 1,5 повеќе пати одколку од 1991 до 2006.Ако се продолжи со ова темпо за уште 4-8 години ќе имаме и должничка криза.
Значи не викам дека одма се ќе биде добро првите 3-4 години уствари ќе биде ноќна мора и навистина многу многу тешко али после иницијалните проблеми ќе почне да се подобрува ситуацијата.Вака само цупкаме 20 години и го чекаме касапот да го ргне конечно ножот.