Студирање дома поради дечко/девојка

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Возраст
39
Во последно време гледам еден куп чупиња (девојки):) кои сега кога треба да одлучат каде треба да студираат,се решаваат за студирање во својот град само поради дечкото.
Што би направиле вие:дали би останале да студирате во својот град само поради дечко/девојка или ќе се одлучите за факултетот кој го сакате?
Овде мислам на сериозна врска,односно кога сте со некој година,две,три а не некоја безначајна врска од месец,два.
Јас бев на таква раскрсница и не одлучив да студирам дома, па врската супер ми одеше/оди.
 
Не би се одлучила на тој чекор. Колку и да го сакам, колку и да ме сака сепак ќе си заминам таму кај што сакам. Колку и да им верувам на луѓето на крај сепак не им верувам во потполност. Никој не ми гарантира дека јас ќе останам вечно со него, а утре не сакам да се покајам за тоа што не сум отишла да студирам таму кајшто сакам само за да бидам поблиску до него и на крај сепак ништо не испаднало. На крај краева може и во брак да сме па да заврши бракот а камоли врска некоја така што ќе го изберам она што е најдобро за мене :back:
 
Во последно време гледам еден куп чупиња (девојки):) кои сега кога треба да одлучат каде треба да студираат,се решаваат за студирање во својот град само поради дечкото.
Битолчанки.

Струмичанките на пример се сосема спротивни, се решаваат за студирање во друг град само поради дечковци :)
 
Jaс сум си личност која што си ги следи своите соништа, цели и амбиции така да не верувам дека баш момче би ме задржало да не ги остварам. Имам шанси да заминам за Америка летово и од наесен трета година да ја учам таму. Се имам помирено со тоа дека нема да ги гледам моите, пријателите што ги имам тука, роднините, не ми правеше проблем тоа, а камоли дечко. Има многу риби во морето.
Баш тие горенаведените девојки кои би студирале дома поради дечко а не би го студирале тоа што сакаат да го работат, ќе се заебат гадно. Или сакај го тоа што го работиш, или батали.

П.С. Мистичен, кај мене во клас има една од Крива Паланка дојдена е само за мажење:), Скопјанец да фати.
 
Нема шанса да пропуштам да одам на факултет кој јас го сакам заради дечко,или заради било што што не е јас.
Ако се сакаме,ќе се сакаме и вака,разделени,па не одам јас таму за цел живот,и плус тоа јас нема цело време да сум таму,па да не се гледаме,има викенди,празници,па ако толку му е до мене нека доаѓа да ме посетува.
 
Познавам многу такви примери каде дечкото/девојката останале да студираат во истиот град само заради партнерот. Не ми е јасно како може да учат нешто што воопшто не ги интересира, да прават нешто сосила само заради некој друг. Мислам без разлика колку е долга врската и колку тие се сакаат, не е фер да си го уништуваат сонот само заради партнерот. Ваљда причината е стравот да не го изгубат тој што го сакаат или пак да не се заљубат во друг. Ама пак од друга страна, ако толку е голема љубовта, нема причина за страв.
Јас бев во таква ситуација пред да се запишам на факултет, ама бев цврсто решена дека сакам да го учам тоа што ме интересира, без разлика на тоа што партнерот ми е во Охрид, па фала богу факултетот воопшто не влијаеше на љубовта и еве уште сме заедно. Дури и си мислам дека од една страна е поубаво шо сме биле разделени на неколку дена, на тој начин сфатив колку си значиме еден на друг. :pipi:

П.С Темава не е за во љубов и секс?
 
Јас сум си себична. Прво себеси па потоа сите други.:pipi:

Со дечкото од кај да знам дали ќе продолжам. Колку и да е сериозна врската некогаш пука филм и тоа е тоа. Се разделуваат луѓе што се заедно по 10 години така да...не сакам после одредено време да си ја удирам главата во ѕид затоа што не сум направила нешто што сакам поради некого.
 
nikogas ne bi ostanala vo gradot zaradi deckoto.... mi se pruzi sansa za podaleku nema sto da se mislam vednas ja iskoristuvam
 
:kesa:

Сум откажал студии во странство заради подолга врска. Знам, сум го јадел ама знам дека кога ми значи нешто имам храброст да ризикувам. Колку и наивно да делува сега од оваа страна.
 
Па,ако го земеме предвид фактот дека врските идат и одат,а погрешен Факултет може комплетно да ти го заеби животот...би се одлучила за Факултет кој го сакам.Ама...шо знам,вака лесно е да се збора кога не сум се нашла во таква ситуација...да се најдам,можда поинаку ќе мислам.:toe:
 
но веј ... јас да се откажам од својата иднина и соништа ради некој токмак? ми нема смисол...
и во гв има мн девојки кои секојдневно патуваат или се запишале на тетовските за да не им побегнат дечковците... тоа ми нема смисла.
ако некој ме сака ќе ме сака и на марс да сум... и нормално ако ние двајца се сакаме нема да дојде до неверство и далечината нема да ни смета на врската
 
Хехе... смешно прашање... Глупо е бе. Утре-другиден ќе се скарате...и шо? Чукај глата... Ко одлучвав кај ќе студирам, имав дечко, ама на крај памет не ми падна да останам во бт заради него. И ете јас ск, тој бт, па оди работата, до кај оди,нека оди... :)
 
Ако врската е сериозна, тогаш партнерот ќе разбере дека одбирањето на соодветно образование, во случајов сакан факултет е шресуден фактор за целиот живот понатаму. Ако факултетот бара далечина, тогаш личноста треба да го земе тој ризик сам/а за себе, а не рачунајќи на врска.
 
Факултет е сериозна работа. Нема заебанции со тоа. Не треба никој, па ни партнерот да влијае на тоа.
 
Кога се запишував на факултет не бев во врска:pipi:
А сега,за време на факултетот на би се префрлувала на друго место заради дечко
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom