Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Си бираш која соба сакаш, ако сакаш и со некој цимер си бираш и цимер.

Ама ако е слободна собата :D

А за апсолвентските некој ми спомна дека по другите домови на вратите имало истакнато списоци кој во каква соба е?
 
Ако имаш некој со кој сакаш да бидеш цимер/ка одите заедно и си бирате соба, ама под услов да сте распределени во ист блок.



А ако таа шо сакам да ми биде цимерка е бруцош и може да се всели дури после 10ти?
 
Не знам, и јас го имам истиот проблем :)

Mислиш ќе бидат толку фини да дозволат да не сместат без цимерки и после ако ги примаат да сме заедно?
Некој да не бил да праша нешто слично?
 
Уф бее заебано е ова со цимерлакот..... ако не ти се погоди цимерот/цимерката...
 
Јас сега се прибирам, бев да се вселам ама и други обврски имав во ск и така.
Инаку сето одеше вака:
- Се уплаќа во банка/пошта 200 денари за документи за веслување и 250 денари за КЗЖ;
- Уплатницата за документи ја давате на портирница, земате документи, пополнувате и од уплатниците кои се во нив пополнувате и уплаќате станарина за септември;
- Така спремни со документите, уплатниците, и претходно споменатите потребни документи (обврска за жиранти, фотокопии од лични карти итн) одите во управа и ве сместуваат.
Цените не се сменети, и не прават проблем околу тоа со кој сакаш да си сместен, повеќето кои сакаа да седат заедно си влегоа заедно и ги сместија, јас влегов сама и им објаснив дека девојчето со кое сакам да седам не е со мене ама ќе дојде наредните денови и едноставно ми дадоа празна соба и ми рекоа дека ќе и го чуваат местото. :)
Јас се вселив во Кузман, ама не гледам зошто да е поинаку во другите. Ако сакате можам и да ви ги пишам потребните податоци за оние првите две уплатници за да си уплатите посовреме, па таму да не мора на 2 пати да одите во банка.
Ете така. :)
 
Уф бее заебано е ова со цимерлакот..... ако не ти се погоди цимерот/цимерката...

Во повеќето случаи што ги знам подобро си живееле цимери кои претходно не се познавале отколку да речеме другари или познаници. Во секој случај е потребен компромис и разбирање. А и во ептен екстремни ситуации, можеш да поднесеш молба до управата за промена на цимерот, со тоа што ќе наведеш дека имате несогласувања и заедничкиот живот е невозможен (слично на развод :) ), но не верувам дека ќе дојде до тоа.
 
Јас сега се прибирам, бев да се вселам ама и други обврски имав во ск и така.
Инаку сето одеше вака:
- Се уплаќа во банка/пошта 200 денари за документи за веслување и 250 денари за КЗЖ;
. Ако сакате можам и да ви ги пишам потребните податоци за оние првите две уплатници за да си уплатите посовреме, па таму да не мора на 2 пати да одите во банка.
Ете така. :)
Ќе сакаш да ги пишеш податоците ?
 
Ќе сакаш да ги пишеш податоците ?

Косрисник: Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
Жиро-сметка на трезорот: 100000000063095
Депонент: НБРМ
Жиро-сметка на корисник: 160011089878813
Приходна шифра: 723119
Програма: 60

Истите се и за двете уплатници, само едната се назначува за документи за вселување и износот е 200 денари, а другата за КЗЖ е 250 денари.



 
Фала Lumos !
Ќе варев кафе ама Спиро забрани и решоа така да ќе частим толумба у менза :pos:
 
Тие од совет на станари ли ги делат собите или управничката ?
раководителот на домот и референтите ...
Нешто слушнав дека сега прво треба да ги уплатиме во банка тие 200-300 денари колку што беа документите што ги земаме од портирот, па после пак да се враќаме во банка за да ја уплатиме станарината за првиот месец. Точно е ова?
не пари на рака им даваш, за 3 копирани листови 100 ден. си плaтив (n)
JEEEEEEEEEEEe
--- надополнето: 2 септември 2013 во 10:19 ---
А во кој дом се смести?
Сениќ
 
Косрисник: Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
Жиро-сметка на трезорот: 100000000063095
Депонент: НБРМ
Жиро-сметка на корисник: 160011089878813
Приходна шифра: 723119
Програма: 60

Истите се и за двете уплатници, само едната се назначува за документи за вселување и износот е 200 денари, а другата за КЗЖ е 250 денари.


За сите студентски ли се исти шифрите??
За Стив ми треба?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom