Студентска кујна

  • Креатор на темата Креатор на темата KembaW
  • Време на започнување Време на започнување
I feel you bro...и тоа рачунај колку сум ограничена и јас во студентски, со едно решо. На една маса сецкам, на другата пржам :pos: Ама јас кога правам јадење цел спрат знае :D
Најлесно и најбрзо, салата.
Марула со варено јајце,ротквици и млад кромид ( по избор секако :D ) Ова практикувам навечер како лесно јадење, пошо заситува од јајцето.
Друга салата, рендан морков,рендано сирење, пченка ( од таа благата ) со многу малку масло и сол. Милина.
Сакам да пржам печурки, од тие свежите. Си ги сецкаш, ги ставаш во тавче да се пржат,зачинети со бибер,мааалце сол,магдонос,лук, се што ќе ти дојде при рака.
Јајце рече некој, обично јас го мешам со сирење и правам кајгана. Некогаш додавам и парченца салама и пиперка сецкани.
Кога доаѓа некој, обично ставам лепчиња во тостер, па ги сецкам поситно на триаголници, им ставам малце сол и вегета, настрана сиренце и салама и ете мезе :D
Тестенините обично ги варам, па после ги пропржувам во домашен кечап и ги зачинувам со се што ќе ми дојде при рака, оригано, лук, пиперка, ако имам кулен го сецкам малце и го додавам и него.
И така.
 
:love:Falaaa, super idei so sum sposoben da gi napravam i ja :D
 
Јас најчесто сендвичи си правам кога ми е мрза да готвам нешто. Кашкавал/сирење, мајонез(се уништив со мајонезов:cautious:) и чајна/салама.
Колешка ми кажа за јадењево срдини, кромид и кечап, превкусно е, иако кога го видов јадењево се двоумев дали да пробам. Кромидот ситно сечкан исто и срдините па додваш кечап да се добие хомогена смеса.
Лепчиња се макаат во јајце, се пржат. Со сирење, милина.
Во последно време често правам салата со туна, марула, кромид и лимон,јас со леб ја јадам:tapp:
Варам тестенини, најчесто домашни кори бидејќи ми се најубави, со домашен лут кечап и сирење.:love: Тоа е она што ми текнува а е полесно, што можам и брат ми да го натерам да го зготви.:D
 
Јадења со кои студентите можат да поминат ефтино за подолго време, а сепак фрлено помалку пари и време...

Купете си едно врекиче компири и кромид и ете ја едната група јадења....... компир салата, салата од кромид, печени компири.....

Еден леб, тегла ајвар и сирење. При затоплувањето на ајварот може да си додадете и јајце.

Сите начини на подготовка на јајца........, кајгана, јајце на око, јајце на вода, јајце со урда, јајце со салама, јајце со патлиџан или пиперки........

Кога е потопло купете си некое кило патлиџани и пиперки и мавнете на салати, пинџур.....

Лебот од вчера на ситни парченца ставете го во замастена тава, одозгора ставете малце маргарин и изматени јајца, бапнете ја тепсијата во рерна 5 минути и ете доручек или вечера.

Макарони, јуфки и остали ствари, сварете ги, измешајте ги со кечап, мајонез, сирење и уживајте. Со фиде, некој компи и морков, ете ти супа.

Туната од Камко, паштетите и сардината во конзерва се неминовни работи.

Од благо..... прегорете шеќер, ставете му млеко и малку маргарин, нека се свари и ем пијте, ем прајте си блага попара. На другата рингла свари пудинг и ете ти полн стомак:D

:)
 
Носиме од дома по нешто обично, ем татко им на цимериве иде редовно за Скопје, па у главно снабдени сме со ручек од мајките. :D

За доручек/вечера се снаоѓаме. Едниот од цимерите има мерак за готвење, па знае да направи нешто набрзинка. :D Дали урда со пиперки и јајца, дали некои тестенини, лиснато, некоја салата..итн. Нормално тука е ајварот, варени јајца, некоја пица од дома ако пратиле, или крај краева ќе порачаме сендивч.. xD Со девојка ми печеме риба/стек со компири или лепчиња со кашкавал, маслинки и печурки кога некој од нас останува сам во станот за викенд. Исто за доручек може некоја баничка со јогурт. :D

Знае да фати криза, најзаебано е тогаш, ем немаш пари ем немаш јадење во фрижидер. :D
 
Туна мешана со сецкан кромид, најефтина а здрава храна :D.
Мал офтопик, ако имаш тинекс во близина прашај за мени на денот од готована храна(оризот со пилешко во бел сос е превкусен), порција ти е 50 денари, или оди после девет кога тоа шо е останато е на 50% само пази да не те заебет, пошо еднаш со цимериве зедовме селско месо а внатре 10 ќофтиња измешани во 20 грама селско месо :mad:
 
Носиме од дома по нешто обично, ем татко им на цимериве иде редовно за Скопје, па у главно снабдени сме со ручек од мајките. :D

За доручек/вечера се снаоѓаме. Едниот од цимерите има мерак за готвење, па знае да направи нешто набрзинка. :D Дали урда со пиперки и јајца, дали некои тестенини, лиснато, некоја салата..итн. Нормално тука е ајварот, варени јајца, некоја пица од дома ако пратиле, или крај краева ќе порачаме сендивч.. xD Со девојка ми печеме риба/стек со компири или лепчиња со кашкавал, маслинки и печурки кога некој од нас останува сам во станот за викенд. Исто за доручек може некоја баничка со јогурт. :D

Знае да фати криза, најзаебано е тогаш, ем немаш пари ем немаш јадење во фрижидер. :D
Не ми се веруве оти си кажал набрзина. Ако ти набрзина јадиш цела торта как ваа, не значи оти јас набрзина сум ја направил! [emoji15]
8cb001e084046b2a4f88bf98158be706.jpg
 
Ај за да са искарум ќе кажум оти тортата беше една од најубавите торти шо сум ги јадел уф живото...

...а иам баја иам изедано, жими се :-D
 
Здраво,

Ме интересира дали некој би можел да направи една листа на неколку здрави јадења што може да ги направи студент (пример што не одземаат многу време и се лесни за правење а здрави) пошто коа си студент јадеш што стигнеш буреци, хамбургери и други нездрави јадења што лошо ти влијаат и на здравје и на енергија.

Може и исто да кажете некои јадења што може да се купат ама се здрави за јадење, за ручек, доручек или вечера? Фала поздрав! :)
 
Темата ја споив со веќе постоечкава. :rolleyes: Прошврљај низ овие 2 страници, може ќе најдеш нешто интересно или можеби некој друг ќе се најде да сподели свое искуство. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom