Епа не можиме сите да си дозволиме минус, јас зборував појче за финансискиот бенефит во комбинација со шетање, ама цената шо треба да се плати за Америка (време и пари) е некако премногу.
Не можам ни јас да си дозволам минус, затоа сега постепено ги враќам парите

Не е дека нема луѓе кои отидоа и направија пари. Ама како ги направија.. ич лесно. 20 саати работа, целосно слободен ден јок... и тоа зборувам за тие кои беа кај што бев и јас - во п.м. па лево, освен брда околу тебе ништо не гледаш, Скопје Лас Вегас тогаш ти се чини.
Ако некој сака да спечали и тоа му е целта на било кое одење, подобро да печали во Европа, зошто влогот е далеку помал, тргнувајќи од тоа што нема потреба од агенции, посредување, авионски карти и општо, еден тон пари.Па и 1000 евра да спечали само, вложил 300, пак е во ќар.
Јас како совет го кажав тоа, дека Америка не е дестинација за печалење ако одиш на 3-4 месеци.
Имам другарче, беше на сосема друга (туристичка, што значи предобра) дестинација лани летото, вистина долар не врати, ама затоа тоа лето цел живот ќе го памти.
Мој совет до печалбарите (во кои и јас ќе спаѓам бар наредниве 2-3 години сигурно) е ,,печалењето,, низ Европа, со тоа што јас било кое лето пак би отишла во Грција, трошок минимален (помалку од 100 евра) башка во Грција треба ептен идиот да бидеш за да те фатат дека на црно работиш.