Студенти-печалбари на новото време

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Се' почесто слушаме како нечија ќерка или нечиј син заминале на четиримесечна работа во Америка
student-jobs-150x150.jpg
Околу две илјади студенти од Македонија секоја година, преку програмата „Работи и патувај“ (Work and travel), заминуваат во Соединетите Американски Држави. Во државата постојат повеќе агенции кои ја спроведуваат оваа програма со чие посредство, овие млади луѓе ги прават првите чекори во големиот свет.

Синот на колешката, ќерката на поранешен колега, синовите на пријателката, ќерката на кумовите, момчето од соседниот влез...се' почесто слушаме како нечија ќерка или нечиј син заминале во Америка. Она што беше сон на мојата генерација, а излез од сиромаштијата за нашите дедовци и прадедовци, за денешните млади печалбари-студенти, освен што е многу полесно остварливо, претставува и начин да заработат, но и да се прошетаат, да го запознаат светот и да го усовршат јазикот. Речиси и не постои човек во Македонија кој не познава барем еден студент, негови или нечии син или ќерка кои биле, ќе одат или повторно ќе одат во Америка. Ретко, кој од овие млади луѓе кои преку програмата „Работи и патувај“ заминуваат во Америка, решаваат да останат таму и да не се вратат во државата, но затоа речиси секој што отишол еднаш, посакува да добие можност тоа да го повтори барем само уште еднаш.

Родителите на овие печалбари на новото време, ги поддржуваат своите деца и на ова нивно искуство гледаат како на добар начин тие да ги прошират своите видици, да се осамостојат, да станат поодговорни и подготвени за животот, подготвени да се соочат со секој предизвик и со секоја препрека на патот кон зрелоста.

Не е реткост да се слушнат родителите како зборуваат дека нивните деца кои дома со тешки маки успевале да ги убедат барем одвреме навреме да си ја средат собата или да завршат некоја работа во градината, сега работат како собарки и градинари и згора на тоа се вредни работници на кои работодавачите со задоволство ќе им ја понудат истата работа и во следната сезона.

Програмата „Работи и патувај“, не е македонски изум и токму преку оваа иста програма, веќе со години, повеќе од 220 илјади студенти од целиот свет заминуваат на работа во САД. Меѓутоа, нејзината популарност во Македонија порасна со неверојатна брзина. Меѓу првите агенции кои започнаа да посредуваат во реализацијата на програмата „Работи и патувај“ е и агенцијата Наром Травел која работи веќе 20 години. Според нејзината сопственичка Славица Симоновска, од Македонија секоја година преку програмата за студентска работа WиTоколу две илјади македонски студенти заминуваат на работа во Соединетите Американски Држави - новите македонски печалбари, продолжувачи на неколкувековната традиција на печалбарството која постои на овие простори.

Сепак, за разлика од поранешните, денешните печалбари се во многу подобра позиција. Додека нивните претци кога заминувале во туѓина не знаеле што ги чека, што ќе најдат и како ќе се снајдат, денешните се во голема предност. „Со сумата од 1.090-1.300 американски долари која ја уплаќаат во агенцијата, студентите имаат обезбедена работа и документи за работа, а во услугата што ја добиваат од нашата агенција спаѓа и процесот на визирање, пречек на аеродромот во Њујорк и трансфер од аеродромот до хотелот во Њујорк (на Менхетен) во кој добиваат две ноќевања, ориентација од спонзорот во САД, како и вадење социјален број“, вели Симоновска.

Вкупната сума со која треба да располага еден студент за да влезе во програмата е околу 1.800 евра, што и не е толку малку со оглед на тоа колку изнесува просечната плата во државава. Од неодамна студентите имаат можност да дојдат до оваа сума без притоа во ова да ја мешаат целата поблиска и подалечна родбина. Имено, сега и оние кои не успеваа да ги најдат потребните средства што треба да се вложат за да се реализира ова патување преку големата бара, ја добиваат својата шанса со помош на студентски кредит кој е наменет исклучиво за студентите учесници на оваа програма. За добивање на кредитот нема потреба од жиранти. Потребен е еден ко-кредитобарател, а манипулативниот трошок на банката (Тутунска банка) е 11,7 проценти. Студентот пред заминувањето плаќа 10 отсто од вкупната сума на кредитот, а останатиот износ - во грејс период од 8 месеци, односно по враќањето дома.

Најчестите работни понуди што им се нудат на македонските студенти се продавачи, помошни келнери или келнери, работа во забавни паркови, собарки, одржување хотели, градини. Најчесто работат во туристичките центри низ целата територија на САД. Според Симоновска, студентите сакаат да заработат, пред се', за да ги вратат парите што ги вложиле, но сакаат и да се прошетаат, да научат нешто ново, да стекнат нови пријателства, а ја сметаат програмата и за едно добро животно искуство.

Она што им го обезбедуваат агенциите се една сигурна работа, сместување, здравствено осигурување, социјален број и дозвола за престој и работа во САД во период од четири месеци. Најчесто овие вработувања на студентите им носат по 7 и пол до 11 американски долари на час.

Во агенциите велат дека пријавувањето за работа во САД трае до средината март, но најдобро е доколку се конкурира токму во овој период, бидејќи сега има на располагање поголем број слободни работни места.

Работата во САД почнува од втората половина на мај и трае до крајот на октомври. Најчесто студентите бараат и втора работа и на тој начин можат да заработат повеќе.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=265CA16444E505498DFBF14A86EF246E

јас лично не го одобрувам овој вид работа(поготово кога станува збор за ученици или студенти)
вие што мислите?
треба ли студентите и покрај обврските на факултетот - да одат по печалби??? :mad:
 
Одобрувам.
Ако се работи за краток период, не гледам што би било лошо....

Каде гледам предности:
ќе стекне некоја работна навика ( па и работно искуство што можеби утре ќе му биде од корист)
ќе заработи некои пари да си покрие лични трошоци, можеби ќе заштеди...
ќе добијат пошироки видици кон светот, некое животно искуство
ќе запознае нови луѓе, места, ќе прошета...
ќе усоврши англиски јазик

со оглед на периодот, Јуни-Октомври, значи може без проблем да го тера и факултетот...
 
...јас лично не го одобрувам овој вид работа(поготово кога станува збор за ученици или студенти)
вие што мислите?
треба ли студентите и покрај обврските на факултетот - да одат по печалби??? :mad:
Јас познавам неколкумина кои одат за време на летото во САД и Германија и дефинитивно нивните студии трпат. Пропуштаат една до две сесии, брзаат да положат предмети без максимално да се ангажираат.
Ама пак кога ќе видиш нивните резултати не се разликуваат од оние на судентите кои не одат. И плус повеќето од овие студенти се „принудени“ студенти, кои ако ги немаше дисперзираните студии и новите факултети би биле само невработени млади.
Затоа јас целосно оправдувам, огромно е искуството, иако не може да се каже дека заработиле нешто многу многу, јас тие кои ги познавам ги потрошија парите уште пред да се вратат, ама добија многу предности.
 
Јас го одобрувам ова бидејки може да се оди и преку Лето ако си ги исчистил предметите кои ги учил.Ова е прилика за да стекнеш искуство,да си го извежбаш Англискиот јазик и многу други примери.Не е лоша идејата.Ако имам јас некогаш шанса ке си ја искористам.Ем мои заработени пари,ем ке поработам ем ке прошетам,ем нема да зависам од родителите нели?
Не гледам ништо лошо во тоа.Лоши времиња дојдоа луге а знаеме дека во Македонија не можеш да заработиш како што се заработува во Америка :)
 
...Ако имам јас некогаш шанса ке си ја искористам.Ем мои заработени пари,ем ке поработам ем ке прошетам,ем нема да зависам од родителите нели?... :)
Да најдеш шанса и да ја искористиш....
Јас уште жалам што не искористив....
 
Да најдеш шанса и да ја искористиш....
Јас уште жалам што не искористив....

Мислам дека тоа не важи само за студенти да работат во Амеркика бидејки имам пoзнајници кои пред 2-3 години завршија студии и си работат во Америка.
Мислам дека ке имаш друга можност.Распрашај се во секој случај.
Ке искористам но мене носталгијата ми е најголем проблем...Една недела нема да издржам не пак со месеци но кога се мора се мора. :)
 
јас лично не го одобрувам овој вид работа(поготово кога станува збор за ученици или студенти)
вие што мислите?
треба ли студентите и покрај обврските на факултетот - да одат по печалби??? :mad:

Ова е работа преку лето и добро им доаѓа на сите студенти да научат да се осамостојат и да си го кофинансираат сопственото школување. Плус ќе го усовршат и јазикот.
Јаките обврски на факултет, какви кадри од факсовите и од студентиве наши напатени вадиме тоа Хардвард и Корнел ни завидуваат. :rolleyes:
И онака ако се тука во Македонија преку лето пола ќе се дрогираат како коњи и ќе се ебаваат со Срби во Охрид, пола ќе се фрустрираат оти не заминале во Америка да напраат некоја пара.
 
која црна Америка бе деца
ви бараат 1800 долари- однапред ( плус со вас мора да носите некоја пара)
а саатнина таму ви е 7 долари -
па дали вие воопшто ќе ги извадите парите кои унапред сте ги дале
добро осмислено е сево ова однапред од америте :cenzura:
 
која црна Америка бе деца
ви бараат 1800 долари- однапред ( плус со вас мора да носите некоја пара)
а саатнина таму ви е 7 долари -
па дали вие воопшто ќе ги извадите парите кои унапред сте ги дале
добро осмислено е сево ова однапред од америте :cenzura:

главаната фора во пресметките е да се окозиш од работа и да ги вратиш дома парите .
Главниот ќар е што не си им бил на врат дома 5 месеца и си видел свет успат.

Јас бев исто преку програма, со тоа штоим избегав и отидов да си бркам работа сам. Направив многу повеќе пари од предвидените со програмата ( пак сите ги поебав пошто сум троа сељак ) вратив дома, купив само некои фармерки и патики. Видов што требаше да видам, напраив што требаше да направам.

Не си зијан никако, пак, се е подобро од тоа да скапеш дома цело лето. Точно, платен си мизерно во однос на тоа колку се платени Американците и тоа е факт. Затоа најчесто работат и по две работи и бел ден не гледаат таму.

Се на се, зависи од тоа што човек си и како ќе си ја наредиш таму, има секакви примери, од луѓе што доаѓале на дереџе да им праќаат пари од Скопје за да преживеат, до такви што доаѓале овде и џипови купувале.

Како и да е, вреди да идеш да видиш.
 
Се на се, зависи од тоа што човек си и како ќе си ја наредиш таму, има секакви примери, од луѓе што доаѓале на дереџе да им праќаат пари од Скопје за да преживеат, до такви што доаѓале овде и џипови купувале.

Ја знам еден многу интелигентен дечко од Чаир што се врати и џип купи. Ама тој почнал бизнис таму со колешки, студентки од Молдавија и Украина, тргнал бизнисот, и пари колку сакаш.
 
Ја знам еден многу интелигентен дечко од Чаир што се врати и џип купи. Ама тој почнал бизнис таму со колешки, студентки од Молдавија и Украина, тргнал бизнисот, и пари колку сакаш.
:pos:
(y)
 
Ако си го средил факултетот на време тогаш не гледам зошто не.
Ќе прошеташ до Америка,
ќе го усовршиш Англискиот јазик,
ќе се стекнеш со нови искуства,познанства и проширени видици,
ќе заработиш некое париче ако не ги потрошиш таму сепак кај нас многу повеќе вредат тие пари.
Нормално ништо не е совршено, но јас не гледам баш некоја поголема негативна страна.
Освен тоа како што спомна членот погоре ај да не го цитирам студент како студент ќе го пројде цело лето без ништо позначајно да направи,а многу тешко дека ќе работи нешто или пак и да работи нема да заработи.
 
Нек идат нек им се радуваат на курвите у Лас Вегас додека се млади.
 
која црна Америка бе деца
ви бараат 1800 долари- однапред ( плус со вас мора да носите некоја пара)
а саатнина таму ви е 7 долари -
па дали вие воопшто ќе ги извадите парите кои унапред сте ги дале
добро осмислено е сево ова однапред од америте :cenzura:

Нема врска тоа долари. Има работи од 5 до -12 долари( 12 Долари најчесто тие што ке одат по 2 пат на исто место) зависи од нивото на англискиот и работата. Јас на пример работев Housekeeper или собарче 10 долари на сат минимални загарантирани 42 работни саати во неделата ама стално правев 60 часа така да то е само стереотип. Парите се вадат и тоа голем ќар на пр јас си се вратив салам ќар. Ама пак ке речам на кој колку му се работи и колку знај англиски плус данокот ти го враќаат назад.

Е сега ако некој не му е баш до факултетот без разлика дали бил Америка или МКД пак тој ке го забаталува така да џабе е и таа теза.

Мн менува во животот учиш нови работи, нови искуства, патуваш гледаш свет една голема капиталистичка држава и што е најдобро учиш како да бидиш самостоен.

Ама секој си има свој поглед ама постот твој погоре е дефинитивно само стереотип ништо друго и тотална невистина. Нема шанси да не ги извадиш парите и ќар ке си дојдиш.

Цел ќар на тие компании од Америка е тоа што добиваат работна сила спрема нивната и плус спонзорот го плаќа здраственото и земаш помала сатница пак ке речам зависи од работата. И имаш само 4 месечен договор тоа е тоа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom