ПО СТОРИЈАТА НА ТЕЛМА - ПОМОШ ЗА МАРИНА ОД СИТЕ СТРАНИ
Од Телма
24 Јули 2012
Share
ПО СТОРИЈАТА НА ТЕЛМА - ПОМОШ ЗА МАРИНА ОД СИТЕ СТРАНИ
Помош во пари, мебел, прибор за учење за 20 годишната студентка Марина Подигачоска од прилепското село Долгаец најавија десетици хумани луѓе и здруженија од земјава и странство, по сторијата што Телма ја објави пред два дена.
Многу сајтови на интернет ја објавија оваа потресна приказна за тешкиот живот на оваа девојка, која пред 4 години останала без родители. Па сама се бори, со минимални 5900 денари што ги добива како парична помош од државата. Не останаа рамнодушни, многу граѓани кои без прекин ѕвонат во редакција со желба да и помогнат на Марина.
„Македонски железници” а.д. транспорт, донира бесплатен годишен билет за железнички сообраќај, најавена е помош од Здружението на деца и младинци без родители, други фирми изразија желба да и доделат стипендија, компјутер, пари..
Марина Подигачоска е студент на Биотехнички факултет во Битола. Живее во трошна куќа, во мала соба, каде наместо под и тепих, гази на земја, делови од таванот може секој момент да паднат. Спие на железен кревет, а во зима се покрива со бодликава покривка ткаена од козјо влакно.
И не се жали толку на сиромаштијата, колку што вели и недостига родителска љубов и топла мајчинска рака. Целата оваа помош на добрите луѓе, сигурно ќе биде поттик за натамошно успешно студирање на оваа девојка, која и досега испитите ги полага со просек 8.
Глупава и крајно смотана работа е да бришете мислења.Ако некој мисли и збори и малку различно одма мавате дилит.Повторно ќе кажам,ова ви е крајно глупа работа...
тоа ќе си прашаш кај администраторите/модераторите. Ко ќе немаш што да јадиш одма напучи се на некој ќош. Ако нема што да коментираш во некоја тема, не коментирај