Листа на најстресни работи според италијанските психолози:
1.Фамилијарни проблеми
2.Брак
3.Да ја изгубиш работата
4.Проблеми на работа/училиште
5.Бременост
6.Промена на економската состојба
7.Економски проблеми
8.Да го промениш училиштето
9.Да раскиниш емоционална врска
10.Да се преселиш
11.Важен испит
12.Кавга со пријател
Кои од овие работи се најстресни според вас?
Како би изгледала вашата листа? И зошто?
1. Фамилијарни проблеми (многу ме вознемируваат проблеми кои се поврзани со мојата фамилија и постојано сум под стрес додека не се решат);
2. Раскинување на емоционална врска (влијае и тоа стресно на мене, затоа што не ми е едноставно да изгубам некој за кого сум емоционално врзана);
3. Кавга со пријател (напната ситуација е тоа и доколку го ценам вистински пријателот знае да ме потресе истата);
4. Економски проблеми (не ми е се нешто посебно важни парите, но секако ми било стресно кога сум ги немала, а ми требале за основни нешта и секогаш би ми било така);
5. Преселување (не се снаоѓам лесно со нова средина, сум се преселувала често и знам колку стресно тоа влијае на мене поради мојата неснаодливост).
Вака некако би изгледала мојата листа од наведените примери. Другите некако ми се повторуваат или не ми се толку стресни.
Би ја надополнила со мои примери:
6. Било каква човечка несреќа и солзи (моментално тежок стрес ми предизвикува слика на несреќен и насолзен или болен човек);
7. Повредено или незгрижено животно (една од најстресните работи ... многу негативно и гневно чувство добивам кога гледам секојдневно повредени и гладни улични кучиња посебно, и ми треба доста време додека ми помине тој стрес)
8. Загуба на близок или познат човек, (најстресната работа која може крајно да ме трогне и да ми остави трајни последици).