Ф
Флеш
Гостин
Само треба физички да се поправи искрено ... нема никаков сомнеж дека е одличен играч ... но апс ен даунс на формата ... на постојана база ... не е добро .... човекот нека симне неколку кила,физички да се поправи ... ита кон врвот ...Столе, Столе... што да се каже. Еден од играчите кој блесна на европското, иако тие што го пратеа Вардар знаат од претходно каков потенцијал има човекот и дополнително на тоа каква енергија носи.
Негови квалитети се силата која ја има да разбие и два противнички играчи со што неговиот прием и вртење најчесто завршуваат или со гол или со пенал или со исклучување на противничкиот играч. Снажен пробивен и тешко запирлив кога е во налет и со добар бек да го снабдува со топки. Дополнително е неговата борбеност да изгради позиција за шут на бековите. Како еден од квалитетите што ги има исто е и неговиот силен шут од зглоб додека е под фаул и држен. Најчесто шутира со фрлање во поле праволиниски ниско или до висина на појас на голманот но силно. Ретко шутира некој потежок технички шут или шут од земја под голман каков што често практикува В. Димовски.
Негови „слабости“ би рекол дека се неговата брзина и подвижност (делумно поради тежината), играта во одбрана (која од оваа сезона е значително подобрена), како и тие технички ракометни работи како што се паметно играње, знаење на кој позиција да се постави и кај кој играч да нападне, да го анализира голманот и каков стил на бранење практикува, да поработи на некој друг изработен шут. Би можел да го подобри малку тој тактички аспект бидејќи некогаш е подобро да одиграш интелегентно одколку на сила.
Секогаш се труди и дава се од себе на секоја утакмица и за Вардар и за Македонија. Поседува голема енергија која се пренесува на целиот тим и на трибините. Несомнено стана икона меѓу вардаровите навивачи и општо секој македонец.
Треба да се има на ум како професионален спортист кој заработува од тоа, своето тело и својата кондиција треба да се чува и пази како и да се вложува за понатамошен напредок.
Столе е релативно млад играч со можност за понатамошен напредок. После минатата одлична сезона оваа година игра на послабо ниво, што на мое изненадување мислев дека конкуренцијата во Вардар ќе го потикне да игра се подобро. Го има потенцијалот да стане врвен пикер али успехот се постигнува со многу напорна работа и вложување во себе.
За мене човекот си е права легенда, и се надевам ќе го достигне потенцијалот кој го има![]()
