А ова не ги боли овие луѓе? Мислам реално е да се претпостави и тоа. Логички не би можело да се прокрвари ако не е отворена рана (како што е и на сликите). Ако пак е таков случајот (иако велат нема инфекција-што е малку чудно ако само видиме што се содржи една капка од нашата плувачка тогаш како е возможно да не се создаде инфекција) дали нервните завршетоци таму не функционираат? Ова го размислувам и се прашувам од малку попрактичен аспект. Ако трпат постојани болки, како живеат и делуваат?