Steven Stamkos

Ф

Флеш

Гостин
Епа машко ... и женско ....
глеам никој не направи за него ,па редно е и да има за него ....


30942.jpg

Стивен Стамкос ,мега спортска личност од светски рамки ... ако може да се замисли, дефинитивно на ранк со Меси и Кристијано Роналдо .... и искрено секоја му чест , без размислување се преставува кој е и како е и од каде .... Стивен Стамкос , македонска светска ѕвезда ....


Ова видео ми е омилено .... одлична заебанција со него :):ROFLMAO:



Едно резиме за него ,пренесено од интернет ...

Првиот пик на драфтот 2008 во НХЛ, кој со Канада во неделата освои сребро на СП, е Македонец по татко Стивен Стамкос како дел од канадската репрезентација во хокеј на мраз го освои сребрениот медал на Светското првенство во Швајцарија, откако во финалето одиграно во неделата во Берн загубија од Русија со 2:1. Деветнаесетгодишниот Стамкос имаше фантастично деби во сениорската селекција на земјата на јаворовиот лист, завршувајќи на делба на првото место на листата на стрелците со седум гола, колку што постигнаа и неговиот соиграч Џејсон Спеца, како и Финецот Нико Капонен. Заедно со четирите асистенции, тој е петти во категоријата „голови плус додавања“, доволно за медиумите да го изберат во идеалниот тим на мундијалот.

Станува збор за најдобриот млад хокеар во светот, кој игра на позицијата центар и кој минатата година како прв пик на драфтот во НХЛ-лигата ги засили редовите на Тампа Беј лајтнинг. Препорака за договорот што ќе му донесе 8,55 милиони американски долари во следните три години му беа и игрите на ланскиот Светски шампионат за јуниори во Чешка, каде што Канаѓаните се радуваа на златото. Во својата прва профи-сезона на 79 натпревари постигна 23 гола и имаше уште толку асистенции.

Зошто Стив Стамкос, кој е роден на 7 февруари 1990 година во Маркхам, Онтарио, е интересен за македонската спортска јавност? Пред се' поради своето македонско потекло по таткова линија. Крис Стамкос е припадник на првата генерација македонски иселеници во оваа прекуокеанска земја, а потекнува од селото Алона во околината на Лерин. Мајка му Лесли е Шкотланѓанка што се доселила во Торонто, а има и помлада сестра Сара (17). Крис и самиот бил хокеар и е главниот виновник што Стивен уште на две (!) години застанал на лизгалки, а првите чекори во овој спорт ги правел на тепихот во дневната соба.

Прашан во интервјуто за „Инсајд хокеј“ какво потекло има презимето Стамкос, Стив кусо одговара - „македонско“. На прашањето кое му е омилено македонско јадење, пак, ќе одговори: „Македонците и Грците се доста блиски, па имате суфлаки, ориз и грчка салата и тоа секогаш ми е добра храна“.

Сите дилеми за неговото етничко потекло ги отстрани телевизијата Ти-Ес-Ен, која за време на својот директен пренос од драфтот го претстави Стамкос како „прв канадски Македонец што станал прв пик на драфтот по дефанзивецот Ед Јовановски, кого во 1994 година го избра Флорида пантерс“. „Википедија“ во својот профил за него пишува дека е „од македонско и од шкотско потекло“, а на вебсајтот на Асоцијацијата на играчите во НХЛ може да се прочита дека татко му е Македонец и оти го дели македонското наследство со Јовановски од тимот на Феникс којоти.

Со Стивен Стамкос се зголеми за уште едно име македонската колонија во НХЛ-лигата. Најуспешен е Ед Јовановски со потекло од Тетовско, кој во досегашните 12 сезони сега 31-годишниот забележа вкупно 397 поени (109 гола и 288 додавања) во 821 меч, а со Канада има злато од ЗОИ 2002 во Солт Лејк Сити и две сребра од мундијалите во Австрија 2005 и во Канада 2008. Траги како играчи во северноамериканската професионална хокеарска лига оставија и Јосе Теодор (најдобар голман и МВП во 2002), Мајк Зигоманис, Стив Стајос, Крис Коцопулос, Алек Стојанов, Стив Гацос. Меѓу официјалните лица со македонско потекло се и Стив Ставроф, поранешен сопственик на Торонто Мејпл лифс, како и Мајк Илич, кој го поседува Детроит ред винг.

„Се надевам дека Стамкос ќе ги направи да се гордеат сите канадски Македонци со своите идни успеси во НХЛ“, ќе напише Јон Јанеф, спортски колумнист на локалниот весник „Кинг сентинел“ од Онтарио.

Роберт Димитриевски
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.485
Поени од реакции
2.360
Да се вложи во Македонски хокеарски тим ќе праиме партали! (мислам посериозно, со повеќе средства)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom