ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Kriminalcite koj se steknaa so sertifikat "stecaen upravnik" se fakticki ozakoneti aramii vo Makedonija.Otkako se zabushotija aferite na Tamburkovski za Gazela i Topilnicata vo Veles,otkako isceznaa obvinenijata na Ljubica Zajkoska za Mikron i fabrikata za pivski slad vo Prilep,pred ocite na site prodolzuva grabezot od strana na verificiranite stecajni upravnici od strana na lazot Boris Stojmenov(koj im gi prodavashe sertifikatite).Mozebi vie znaete i za drugi ozakoneti aramii vo vashite mesta no sepak ova e najsvezo soznanie od mediumite:
Сакав на јавноста да и покажам како работат нашите стечајни управници“, вели Методи Миладинов, еден од сопствениците на фирмата „Три чешми“, со чија помош минатата недела беше уапсена при земање поткуп познатата штипска стечајна управничка Нада Цветановска.
Миладинов две години водел спор со Цветановска, која го водела стечајот на неговата фирма „Три чешми“, дел од поранешниот ЗИК „Црвена ѕвезда“. Тој, како што вели, во три објекти инвестирал средства од друга негова приватна фирма, за што постоеле валидни договори. Едниот од објектите, за кои Миладинов наводно имал побарувања, бил вметнат во стечајната маса, но за другите два веќе две години воделе судски спор. И покрај тоа што не требало да ги продава објектите, додека судот не донесе одлука, Цветановска пред 6 месеци, ги продала и тоа со непосредна спогодба, тврди Миладинов.
- Две години бев уценуван од Цветановска да и платам 10.000 евра за да ми ги признае и другите два договори - вели Миладинов.
Тој на 30 декември ја пријавил во Одделението за организиран криминал. Миладинов се сомнева дека во целата постапка се замешани и други членови од одборот на доверителите и судскиот стечаен совет.
Методи Миладинов во 2002 од Агенцијата за приватизација купил 99 отсто од акциите на ДОО „Три чешми“, но по само една година фирмата отиде во стечај.
Пријателите на стечајната управничка Цветановска тврдат дека таа е жртва на вешто смислена местенка.
- Методи Миладинов позајми 5.000 евра, кои имаше обврска да ги врати до крајот на годината. Пред кафеаната „Нецко 2“ тој и го дал пликот и под изговор дека го чекаат гости веднаш се вратил во кафеаната. Пред Нада да го отвори пликот, се појавиле инспекторите - тврдат блиски извори од семејството на Цветановска.
Цветановска ја водеше стечајната постапка за модната конфекција „Астибо“, која од страна на Светска банка беше оценета како најуспешна приватизација. „Астибо“ се продаде по цена од милион и 300 илјади евра, на конзорциум од домашни фирми, а постапката заврши за само неколку месеци. Цветановска беше и член на експертскиот тим што ги подготвуваше измените во новиот Закон за стечај. Нејзиното име се спомнуваше во негативна конотација за време на приватизациите на „Метална“ и „Три чешми“. Сопствениците на тие фирми јавно ја обвинија дека ја злоупотребува својата положба, а за приватизацијата на „Метална“, дел од поранешен МЗТ, доби кривична пријава.