Статус на љубовник/љубовница

Статус љубовница/љубовник значи дека едниот партнер во врската има семејство, а носителот на статусот го нема семејството. И не гледам зошто и’ ја разводнувате темата на Македонка со бош муабети за верства и неверства.
Иако (за жал) повеќето од “љубовниците“ кои ги познавам се жени, во понатамошниот текст ќе се обидам бесполово да ја означувам оваа категорија на, според мене, несреќни луѓе. Милслам дека може да се поделат во три главни категории:
1. Чекачи - чија идеја водителка е ајде-кога-ќе-се-разведеш. Дури и да дочекаат тоа да се случи, личноста што за која сонувале и ја доживувале како единствена страсна љубов, обично не ги исполнува нивните очекувања и е дополнително оптеретена од претходниот брак.
2. Уживатели - релативно исполнети и реализирани личности на кои им се сосема доволни моментите, часовите, деновите поминати со драгат особа. при тоа не забележуваат дека поминале години од нивниот живот и дека останале без сопствено семејство и
3. Издржувани лица - ова е веќе социоекономска категорија која нема потреба да ја објаснувам. Стан, храна, кола за малку љубов и дискреција.

Кога ќе се спомене љубовница секогаш се помислува на овие во првата категорија.Иако од она што јас го гледам,денес повеќето се од втората и третата група,првата како да изумира со времето.
Што значи, да си љубовница не значи и да си на закачалка.Едноставно сплет на околности...
 
Љубовта македонке сепак не е безгранична. Ако го напињаш партнерот премногу околу тоа да си заедно со него во секој миг, верувај ми, колку и да те сака ќе почне да те доживува како обврска без оглед на тоа дали има или нема други обврски во животот.
Нема потреба да напињаш некој за да биде со тебе. Оној кој сака да биде со тебе, ќе биде поради взаемно задоволство, а ако некому претставуваш обврска или те гледа како обврска не гледам причина зошто да се остане во таква врска.
Изгледа премногу имаш читано викенд-романи и гледано ТВ-сапуници па според тоа си формирала една прилично искривена слика за односите меѓу спротивните полови во околности какви се наведени во заглавието на темава.
Значи според тебе сите оние кои немаат љубовник/љубовница се глупи? Не уживаат со жената/мажот? :uvo:
Дај молим те немој вакви констатации. Секој има свое гледиште кон поставените прашања на темава. За некои е во ред да бидат љубовници, некои поради материјални средства се нечии спонзоруши, некои поради страв да не бидат сами би го трпеле непочитувањето на мажот, некои поради осаменост би шетале секаква машка особа покрај себе. Но, има и такви кои не би ја трошеле младоста и убавината на некој старец, не би се задоволувале со 2-3 саата внимание, не би гледале задоволство во растурање брак.
Секој има различни критериуми и принципи.

--- надополнето ---

А зошто пак по дифолт твојот конзервативен пристап е правилен, а се друго треба да се осудува.
Каде виде осудување? Јас си го кажав моето мислење, ако си го протолкувал како осудување, тоа е твој проблем. Секој е ковач на својата среќа :toe:
Не секој влегува во врска за да стапи во брак, некои луѓе го прават тоа од задоволство.Е сега ако твоите каприциозни убедувања те ограничуваат само на љубовни врски чија крајна цел е бракот, тогаш во секој случај со среќа, ама немој да си во делузија дека то е единствено прифатлива и ултимативна вистина.
Не ме ограничуваат на брак, погрешно си сфатил. За мене не е во ред, покрај слободни мажи да бирам зафатени.
A за тоа како една љубовна врска ќе заврши зависи од двајцата партнери, не само од едниот.
 
Општо прифатено мислење е дека љубовник е секој оној со кој не си во официјална врска односно си во врска која е забранета или би била осудена од општеството

Исто така ако подобро размислам љубовник е ској оној со кој си во љубов ... и всушност е збор кој многу ми се допаѓа .. да - имам момче, тој ми е љубовник, тој ми е пријател, тој ми е се ...

Немам ништо против љубовниците - нека се љубат колку сакаат - нека бидат претпазливи и нека живеат како сакаат ....

Не сум имала љубовник во онаа прва смисла на зборот (малограѓанска) - или можеби не сум знаела дека сум му била љубовничка

Не сум љубовнички тип - но сепак не велам никогаш никогаш - за жал незнам дали ќе бидам ставена во искушение или што би можело да ми се случи во овој наш интересен живот на планетава

Би ме повредило доколку откријам дека мажот кој го љубам (партнерот) има љубовничка/ љубовник Ч)) ... но доколку е посреќен без мене тогаш би му поскала се најубаво

На крајот - љубовта треба да се величи - таа е секогаш искрена, чиста - и подобро среќно сама отколку во несреќна врска
 
Кога ќе се спомене љубовница секогаш се помислува на овие во првата категорија.Иако од она што јас го гледам,денес повеќето се од втората и третата група,првата како да изумира со времето.
Што значи, да си љубовница не значи и да си на закачалка.Едноставно сплет на околности...

Леандра коа ќе видиш вака од културолошка гледна точка поубаво звучи Љубовница него она уличното шваљерка или спонзоруша, а за машко како ќе му дое спонзоруш??
Има некој си кријат дека се мажени/женети па си тераат боемски живот, и кога се дешава дотичната персона љубовницата или љубовникот да дознае е тука веќе доаѓа до мис андерстендинг или пу пу неважи, драго ми беше си поминавме убаво фала многу пријатно, а ако го сака односно љуби? Каде после, па закани по живот самоубиства ехееее, ако навлеземе којзнае што ќе излезе..
И да морам да те поддржам сите очекуваат развод за да останат по натака со љубовникот или љубовницата, секој си наплаќа за времето а и богами за епитетот, а довербата потоа дека тој или таа нема да си најде ново засолниште каде е ? :nesum:
Самата тема открива милион нови потпрашања неможеш едноставно и едноречно да оговориш има милион работи кои се комплицираат а јас во принцип мразам компликации, сакам отворени карти и до сеа си стојам на тоа.
 
Каде виде осудување? Јас си го кажав моето мислење, ако си го протолкувал како осудување, тоа е твој проблем. Секој е ковач на својата среќа :toe:
Не ме ограничуваат на брак, погрешно си сфатил. За мене не е во ред, покрај слободни мажи да бирам зафатени.
A за тоа како една љубовна врска ќе заврши зависи од двајцата партнери, не само од едниот.

Со омаловажувачки тон збораш за таквите врски, демек тие се неморални и се отстапување од според тебе правилните норми. Мене поентата ми е да сватиш дека твојот конзервативен христијански морал не е по дифолт правилен.

Ти рече дека не влегуваш во врска која нема иднина, а иднина во врска е брак нема шо друго. Некои се задоволуваат со врска која има сегашност и то е доволно за нив.
 
Како што можзам да забележам, Македонка најверојатно си седи значиелен дел од денот пред компјутер дискутирајки на темава или слични теми. Македонке, пробај малку да го живееш животот вистински наместо виртуелно, стекни се со реални искуства па врз основа на тие искуства дискутирај на вакви теми, во спротивно јалова ти е дискусијата.
 
Ти да го живееше реалниот живот, немаше да се замараш со реплики на форумов.
Ќе си глеаше тоа шо ти е дома, а ти е обврска, па и тоа шо ти е задволство :toe:
Претпоставувам прекрасно би се чувствувал кога би знаел дека твојата жена има љубовник, со кого е поради задоволство, а тебе те глеа како обврска.
 
Малку ќе ја застранам темава, ќе отидам оф топик...
Мене друга работа ми е посмешна кога се љубовниците во прашање, без разлика дали станува збор за мажи или жени , мада тврдам дека жените повеќе се теретат во случаи кога добиваат статус на љубовница. Кога овие шеми се разоткриваат, сопругите на мажите кои имаат љубовници, целата вина ја фрлаат на љубовницата, таа била растурачка на бракови, распуштена итн, а не помислуваат на тоа идиотот со кој се венчале и кој јас носи најголемата вина за неверството. Да ме изневери сопругот, нема да фрлам со дрвја и камења по љубовницата, за мене само тој ќе биде виновен, зашто јас не сум во брак со неа, туку со него.
 
Ти да го живееше реалниот живот, немаше да се замараш со реплики на форумов.
Ќе си глеаше тоа шо ти е дома, а ти е обврска, па и тоа шо ти е задволство :toe:
Претпоставувам прекрасно би се чувствувал кога би знаел дека твојата жена има љубовник, со кого е поради задоволство, а тебе те глеа како обврска.

Kako i da e, mnogu e poloso nekomu svesno da stanes obvrska odkolku da si nekomu makar i nesvesno, sepak zadovolstvo.
...tuka e verojatno i hipotetickoto prasanje vo vrska so tvojata replika
"Da izlezes od doma i da gledas sto ne mozes da go legnes, ili pak da odis doma i da go legnes ona sto ne mozes da go gledas" :D
Jas sepak predpocitam da go legnam ona sto sakam i da go gledam
 
Mnogu interesni repliki...umni i izdrzani jas procitav ovdeka...

Vo pravo ste site, bi dodal...

Saaamo edna rabota ne zaboravajte... samo edna rabota, Ljubovta.

Ljubovta e taa sto gi pravi ljubovnicite(So ubavo pocnuva se so LJ...)ahahahha

Se drugo sto nema ljubov vo edna seksualna vrska e pod kategorija, kurvaluk, zenkarostvo i razvratluk(egzibicionizam).
 
Нај трагично е кога мажите ветуваат "ќе ја оставам", а љубовниците веруваат.
 
Ima i nesto po tragicno od toa, koga karakternata zena "bez potreba" se vnesuva vo " neposakuvani" relacii so nepodobni partneri za nejziniot moral.
A site nie znaeme deka koga karakterite stradaat, gakickite pagaat.

"aha ne be".
 
Шубава тема, а сте прекинале да коментирате:)

Што мислите, дали исклучиво љубовта е таа која доведува до тоа една жена/маж да добие статус на љубовница/љубовник?
Која сатисфакција ја наоѓаат во таква позиција, во врска која по мое мислење е многу мачна и болна (бидејќи е тешко да си втор/а)? Нели е понижувачки да висат постојано на закачалка? Што воопшто очекуваат од оженет маж/омажена жена?
Кое е вашето мислење за љубовниците?

Исклучиво љубовта НЕ доведува до тоа една жена или маж да добијат статус на љубовници. Тој однос секогаш се заснова на материјални нешта или некакви површни ниски страсти. Верувам во тоа дека секој човек може да се заљуби во друга личност додека е во врска или брак, но верувам и во тоа дека тогаш тој човек треба да реши на кое столче ќе седи. А тие другите, слободните странки, ако навистина сакаат некој зафатен, за да не испаднат чекачи, висалки или што и да е, треба да се изборат за него откако и тој ќе се ослободи. Ова звучи премногу филмски и нереално, но навистина најдобро ми звучи и сметам дека треба да е така!

Љубовта македонке сепак не е безгранична. Ако го напињаш партнерот премногу околу тоа да си заедно со него во секој миг, верувај ми, колку и да те сака ќе почне да те доживува како обврска без оглед на тоа дали има или нема други обврски во животот.

Ако стигне работата до напињање, секако е лошо и може да заврши трагично за напињачот. Во една љубовна врска двајцата партнери природно е да сакаат да поминуваат што е можно повеќе време заедно, но мора да внимаваат да не преминат граница и да си оставаат простор за дишење. Обврска не смее да има никој, затоа што тоа едноставно не е збор кој се вклопува во некоја љубовна приказна.

Со омаловажувачки тон збораш за таквите врски, демек тие се неморални и се отстапување од според тебе правилните норми. Мене поентата ми е да сватиш дека твојот конзервативен христијански морал не е по дифолт правилен.

Ти рече дека не влегуваш во врска која нема иднина, а иднина во врска е брак нема шо друго. Некои се задоволуваат со врска која има сегашност и то е доволно за нив.

Па таквите врски се омаловажувачки. Зошто не промислувате повеќе пред да искоментирате нешто? Замислете ја на кратко и убаво ситуацијата за која се бара да коментираме и така посвесни кажете си ваше мислење. Значи ти сакаш да си со некоја зафатена жена? Сакаш да имаш девојка или жена, а од страна и некоја друга за провод? Сакаш твојата девојка или жена да има некој слободен дечко кој ќе го бара кога ти нема да си со неа? Ништо од ова нема врска со конзервативност или христијанство. Ова има врска со луѓето и нивните чувства, а сите ги имаме и никој не може да ми одговори потврдно на овие прашања, а да не се лаже или па јас да поверувам во истото. Добро, освен на второто, се разбира:)
И да... секој човек треба да живее како што сака, но не би требало да сака да се понижува или да понижува некој друг.
 
Што мислите, дали исклучиво љубовта е таа која доведува до тоа една жена/маж да добие статус на љубовница/љубовник?
Која сатисфакција ја наоѓаат во таква позиција, во врска која по мое мислење е многу мачна и болна (бидејќи е тешко да си втор/а)? Нели е понижувачки да висат постојано на закачалка? Што воопшто очекуваат од оженет маж/омажена жена?
Кое е вашето мислење за љубовниците?

поубо фати си девојка шо е слободна и ќе е ја имаш за себе отколку, да имаш врска со некоја мажена жена со дечиња за еднаш двапати да си напрај ќејф на душата не е вредно
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom