@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.117
Лажни новинари јадат и пијат по промоции
Станува збор за средновечна жена на возраст околу педесет години, со црвена кадрава коса, која на официјалните пресови за новинарите се преставува како "Стојна Николовска", новинар од Редакцијата на дневниот весник ВЕСТ, и на листовите кои пред почетокот на настанот ги оставаат организаторите да се пополнат, жената-фантом се потпишува и остава свој меил и телефон за контакт со неа
Сега колегата фоторепортер ќе ми дојде, само момент ќе го причекам овде, не се секирајте ќе го покриеме овој настан. Ова се зборовите на мистериозната тетка која ја има на скоро секој брифинг, прес, коктел, каде што има по некое сокче, кафе, но и добро јадење и пиење за угледните гости, новинари, претседатели или амбасадори на странски држави во земјава.
Енигмата која се поставува и провлекува веќе неколку години наназад, според зборувањата пред се од новинарите кои секојдневно се среќаваат со неа, е тоа која е возрасната жена што присуствува на овие брифинзи проследени со коктели и од кого ги добива информациите за да се појави на настанот. Екипата на ВЕЧЕР неодамна на отворањето на бензинската пумпа во Аеродром, каде почесни гости беа и рускиот амбасадор во Македонија, Владимир Солоцински и директорот на бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски, ја улови тетката во акција.
Станува збор за средновечна жена на возраст околу педесет години, со црвена кадрава коса, која на официјалните пресови за новинарите се претставува како "Стојна Николовска", новинар од Редакцијата на дневниот весник ВЕСТ, и на листовите кои пред почетокот на настанот ги оставаат организаторите да се пополнат, жената фантом се потпишува и остава свој меил и телефон за контакт со неа.
Во таа насока, побаравме официјален одговор од овој весник, дали во нивната редакција се запознаени со оваа појава и дали имаат лице вработено по име "Стојна Николовска", Оттаму велат дека знаат за оваа жена која полни торби со јадење и репрезентативен материјал и дека досега не реагирале било како во таа насока.
- Се случило неколку пати да се начекаме на прес и кога во наше присуство ќе се претстави дека е новинар од кај нас, бега од пресот, вели Ана Антевска, новинар од скопската рубрика во ВЕСТ, додавајќи што не е случај кога нема никој од кај нас. По муабетите што ги слушаме персоната си седи, јаде и пие и понекогаш се впушта и во дискусија со присутните.
Интересно е тоа што "Стојна Николовска" информациите за дневните пресови умешно ги добива од самите редакции на скоро сите дневни весници. Според кажувањата мистериозната жена која лажно се преставува како новинар, секој ден рано наутро, наизменично се јавува по редакциите и се преставува како колешка од различен медиум и ги замолува секретарките да и ги прочитаат дневните настани од информативните агенции што медиумите секојдневно ги добиваат, во образложение дека интернетот во нивната редакција не работи па не е во можност, да биде информирана за настаните. Интересни информации покрај овие се и тие што неодамна, бабичката се пријавувала и на листови за семинарски патувања надвор од земјава, па дури и тоа дека е претставник од Министерството за здравство на последната тркалезна маса која била на тема Генетски модифицирани органи во Хотелот "Континентал" каде присутни биле и претставници од МАНУ.
Вакви случаи не се првпат по новинарските пресови. Но, до кога ќе траат овие лажни претставувања на сериозни манифестации, им се поставува прашање на организаторите кои се задолжени за протоколот и бројот на присутните гости.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3101E16D88C1964D902DD5A22D8485C9
Станува збор за средновечна жена на возраст околу педесет години, со црвена кадрава коса, која на официјалните пресови за новинарите се преставува како "Стојна Николовска", новинар од Редакцијата на дневниот весник ВЕСТ, и на листовите кои пред почетокот на настанот ги оставаат организаторите да се пополнат, жената-фантом се потпишува и остава свој меил и телефон за контакт со неа
Енигмата која се поставува и провлекува веќе неколку години наназад, според зборувањата пред се од новинарите кои секојдневно се среќаваат со неа, е тоа која е возрасната жена што присуствува на овие брифинзи проследени со коктели и од кого ги добива информациите за да се појави на настанот. Екипата на ВЕЧЕР неодамна на отворањето на бензинската пумпа во Аеродром, каде почесни гости беа и рускиот амбасадор во Македонија, Владимир Солоцински и директорот на бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски, ја улови тетката во акција.
Станува збор за средновечна жена на возраст околу педесет години, со црвена кадрава коса, која на официјалните пресови за новинарите се претставува како "Стојна Николовска", новинар од Редакцијата на дневниот весник ВЕСТ, и на листовите кои пред почетокот на настанот ги оставаат организаторите да се пополнат, жената фантом се потпишува и остава свој меил и телефон за контакт со неа.
Во таа насока, побаравме официјален одговор од овој весник, дали во нивната редакција се запознаени со оваа појава и дали имаат лице вработено по име "Стојна Николовска", Оттаму велат дека знаат за оваа жена која полни торби со јадење и репрезентативен материјал и дека досега не реагирале било како во таа насока.
- Се случило неколку пати да се начекаме на прес и кога во наше присуство ќе се претстави дека е новинар од кај нас, бега од пресот, вели Ана Антевска, новинар од скопската рубрика во ВЕСТ, додавајќи што не е случај кога нема никој од кај нас. По муабетите што ги слушаме персоната си седи, јаде и пие и понекогаш се впушта и во дискусија со присутните.
Вакви случаи не се првпат по новинарските пресови. Но, до кога ќе траат овие лажни претставувања на сериозни манифестации, им се поставува прашање на организаторите кои се задолжени за протоколот и бројот на присутните гости.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3101E16D88C1964D902DD5A22D8485C9
Жално е што никој не изреагирал до сега..
Зошто да не си апне да не се напие кога е бесплатно..