Stand-Up настани

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
Кај мене се последните за втората :P или меѓу последните, знам откако беа купени за 15 минути немало веќе.
 
Јас купив за првата, друштвово не стигнало да купи за нигде, ќе одам сам упм
 
Игор Џамбазов НЕ е стенд ап комичар!
Или треба со поголеми букви да се напише?
 
Игор Џамбазов НЕ е стенд ап комичар!
Или треба со поголеми букви да се напише?

Во право си, Игор Џамбазов не е стенд - ап комичар, он е стенд - ап алкохоличар. ;)
 
другарче одра 2ца келеши + нивните ќурки, за по 700 од парче им ги пушти.
гениј и ебан дуп истовремено, второво шо не ме советуваше за приликава... го преценив капацитасо на населениево.
 
Добро бе, секогаш ли мора да се задоволуваме со "Па ок за наши простори добро е" секогаш ли? Што ми е мене гајле дали е за наши простори, ако решил да се докажува во тоа што го почнал не планирам да се задоволам со изговор дека е ок и дека нема подобро или е тука некаде со некои останати. У која вукојебина живеам јас па што морам секогаш да се вадам на тој изговор? Не очекувам да е ок за наши простори, или нека Е нешто или нека се повлече. Мене ми е Марјан дебилен и воопшто не сфаќам како може да им биде интересен на некои луѓе. И одвратен ми е, не дека е наш, крај краева и Сашко е наш па е одличен. И многу ми е гајле дали е Марјан почетник или не е, и тоа не е изговор зашто не го бива.

потпишувам!
 
Игор Џамбазов НЕ е стенд ап комичар!
Или треба со поголеми букви да се напише?

Диплома да не ти треба да бидеш стенд ап комичар !? :cautious: Хју Лори e археолог на пример, и тоа го прави лош актер, без смисла за хумор !? dafuq !?

Значи: МУЛТИТАЛЕНТИ !!! Enough said...

Демек ако не бил стенд ап, неможел да ја насмее публиката !? Њах...
 
Ти дечко не разбираш; раскажување виц (приказна од 15 мин) на дијалект, со употребување ниски вулгарности од типот гомна-лајна, а тој/таа виц/приказна притоа не е смешен/на НЕ е стенд-ап, ОК?
Следствено на тоа ни Игор Џамбазов не е стенд-ап комичар, ОК? Нека биде седум пути мултиталент - стенд ап НЕ ЗНАЕ!

Публиката во Македонија се смее на било што бидејќи критериумот е на најниско можно ниво благодарение на Волци, Лисја и остали срања.
Што да збориме кога кај нас ебениот Женски Оркестар се смета за хумор пар екселанс? (И Сител сеуште го експлоатира под друго име) Ѓокица Лукаревски -Тоа е нивото во Македонија. Па после Игор се чини како од Saturday Night Live... Enough said....

А, ебениот Чичко Стоилко е топ место за јадење, нели...?

Не ми се верува дека го стави Хју Лори у причава.... Хју Лори, еј!

Ве молам сите пак да го прочитате текстот на Везилка.
Едит: Исфрлен „лош“ коментар
 
Ти ибам медиокритетите, ебате...

Види, немора некој да е стенд ап комичар за да има смисла за хумор и да насмее асално. Знам дека тоа шо Игор го кажуваше минатиот пат немаше врска со стенд ап. А и сосема небитно тоа, бидејќи он е гостин на настанов. „Главниот“ стенд ап од нашиве би требало да го има Тони.

ова со дијалектов и гомна/лајна нема веза, американциве и англичаниве демек не употребуваат fuck/shit !?

Лори прв ми дојде на памет како мултиталент, затоа го спомнав.

еве, главната реченица од постот на Везилка ќе ја цитирам...

У која вукојебина живеам јас па што морам секогаш да се вадам на тој изговор?
значи у таа вукојебина живееме, подобри нема (сеуште). Get over it, немора да се исхејта се и сешто.

Чекајте нека помине ова, па ќе пресудиме како е.
 
Цел живот ни помина у чекање да видиме што ќе се случи....
Скоро сум сигурен дека, за жал, нема да чини...

Инаку, да... Ако настапуваш на стенд-ап, (дури и како гостин), мора да твојата точка да биде во тој жанр, нели? Не можеш да пееш турбо фолк на гости у рок фестивал. Макар и се викал (овде стави име на некој познат македонски народњак).

Користење на shit/fuck е едно, а раскажување како он кењал/серел не знам каде, со цел да се предизвика ситно запрепастување од „храброста на нараторот да зборува за дефекација на непримерни места“ е сосема друго. треба да се прави разлика.
 
Диплома да не ти треба да бидеш стенд ап комичар !? :cautious: Хју Лори e археолог на пример, и тоа го прави лош актер, без смисла за хумор !? dafuq !?

Значи: МУЛТИТАЛЕНТИ !!! Enough said...

Демек ако не бил стенд ап, неможел да ја насмее публиката !? Њах...
па ако си изглеал повеќе од 3 стенд ап настапи, ќе сфатеше за што ти зборува. Никој не рече дека Игор нема смисла за хумор, ама тоа што го правеше лани немаше „С“ од Стенд ап. Ти не знаеше тој виц да го кажеш и да испопаѓаат сите од смеење ? Нема везе, стенд ап е сосем нешто друго, исмевање секојдневни настани, навики на луѓето итн. А некој шо копал ниви да ја ебе Софија Лорен, па јадел гомна... Не.

Демек ако не бил стенд ап, неможел да ја насмее публиката !? Њах...

И Кенгур и Наф Дакаро ја смеат публиката, запамти :)
 
Ретки се добрите стенд - ап комичари кај нас, толку ретки што се бројат на една рака. Напоменав на друга тема за Гораст Цветковски кој настапуваше заедно со Сашко во џубокс. Типот е супер, а сепак не е експониран. Јбг...

Инаку бев и на стенд ап-от на Сашо Тасевски. Добро почна првите 10 минути и после го посра на велико, а раја се смее као пари да им даваат. Се на се дали 5 пати се насмеав и тоа онака низ заби. И да пак се вртеа истите зборови на кои се смее раја: гомна, лајна, каки, педер, гз, али моментот со хемороиди и на бим позади слика од задник со хемороид, ми идеше да повратам, а не да се смејам.

Ова немаше никаква врска со темата, ама сепак решив да споделам. ;)
 
Инаку бев и на стенд ап-от на Сашо Тасевски. Добро почна првите 10 минути и после го посра на велико, а раја се смее као пари да им даваат.

и ја тоа викам... не е возможно толку да е низок критериумот... сепак, секој ден гледам докази дека е возможно...
кај нас сите се мислат најголеми фраери што си замислуваат дека можат „од глава“ да водат емисии, да бидат забавни, да прават стенд ап. не знаат дека „надвор“ изгледа подобро, затоа што е извежбано, селектирано, „проверено кај роднини“ и да не редам.

чомовски од покојна А1 трврди дека вистински новинар не треба да чита од „идиотот“. Всушнос токму тоа треба да го прави вистинскиот новинар....
 
Види ок е да ти работи кликерот и да поставиш нешто што во моментот ти текнало, ама ако немаш тема на која се основаш или подлога на која се базираш, без идиотот ќе си голем ИДИОТ и муабетот ќе ти биде „алаш-вереш“, што не смее да си го дозволи еден новинар.

Стенд-ап-от од друга страна дозволува „тресење од ракав“, ама да е исто како горе што споменав, во склоп со темата, или да се напомене дека е дигресија, со цел да се навратиш пак на темата, оти публиката ќе ти остане со подотворена уста као „што сакаше сеа да каже типацов“.

Инаку, Крис Рок има еден филм снимено „Down to earth“ во кој игра улога на стенд - ап комичар и токму таму се прикажува патот на тоа како се станува стенд - ап комичар; првин го пишува текстот, го кажува пред послугата и пријатели, гледа што чини што не чини, додава работи, вади, учи како да ги каже правите работи во правиот момент.
Се на се, прави градација. Се тргнува полека, постепено, за да се постигне успех.
Кај нас преку ноќ сакаат успех. Тоа не се прави така.
 
За сите тие што ќе го пропуштат овој Стенд-ап, т.е не купија карти на време (бидејќи уште од понеделникот се распродадени), Марјан Ѓеорѓиевски ќе настапува во Миднајт на 27 ноември.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom