Е баш може да се каже дека имаа супер моќи и специјални оружја (во однос на вермахтот).
Подобро обучени, подобро опремени, пофанатични борци, повластени во секој поглед, со поголема воља за борба, кои се борат до крај (меѓу другото, затоа што се злосторници кои знаат дека непријателот нема нив да ги земе како заробеници). Интендантските линии на развлечените фронтови, често лошо фунционирале, но SS единиците секогаш биле последните кои тоа ќе го осетат.
Членовите на овие паравоени формации биле индоктринирани идиоти, на чија што индоктринација нацистичката држава успева да капитализира, обучувајќи ги и опремувајќи ги, надмоќно, во однос на вермахтот.
Силната политичка компонента кај нив, ги правела погодни и за организирање и дејствување во заднината, каде треба да се создаваат услови во правец на функционирање на општеството според утврдената наци-платформа на Хитлер.
Затоа, покрај првите борбени редови SS ќе ги сретнеме и како управуваат со конц-логори, вршат воени злосторства врз населението и сл.