На сите ви посакувам во телото здравје, во душата мир, во мислите радост, во срцето младост,во работата успех, многу срека и убави сништа Ви посакувам во новата 2011 година
На сите они кои се уште не бакнуваат кога се поздравуваат со нас, на сите оние кои сакаат да ни дадат подарок без посебна причина, на сите оние кои сакаат да спијат подолго, но секогаш се будат добро расположени, на сите оние кои напорно работат, но знаат и добро да се забавуваат, на сите оние кои секојдневно брзаат на работа, но yвлегуваат со насмевка во канцеларијата, на сите оние кои го исклучуваат телевизорот за да поразговараат со пријателите, на сите оние кои често доцнат, но не даваат лажни извинувања, на сите оние кои се среќни кога ќе сработат двојно повеќе, на сите оние кои се уште имаат ентузијазам на дете и разумност на возрасен, на сите оние кои стануваат рано наутро само за да им помогнат на своите пријатели, на сите оние кои не чекаат да дојде Божиќ за да бидат похумани и да подарат барем малку љубов
Секој ден на празниците што следуваат, помислете на вашите сакани, гушнете ги и посакајте си среќа. Верувајте, таа ќе биде насекаде, за сите искрена и топла.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.