Средување на старо Волксваген Лупо

  • Креатор на темата Креатор на темата NekojBatka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
Локација
Скопје
Си купив Лупо на старо. Седиштата доста ветво делуваат а и внатрешноста некако нечисто делува, светлата дал работат дал не работат, исто и климата.

Велат во „Порше Македонија“ било изгор за сервис и слично.

Кажете некој сервис во Скопје да го однесам и да го проверат што работи и што не работи
Исто ако знаете место да го исчистат добро, по можност да сменам седишта скроз, нови да ставам?
Или ако има навлаки за седиштата да сменам само, задните седишта се делат на средина.

Се работи за Lupo 1.4 Diesel College.
 
Многу е општо прашањево изгледа.

Делови за Лупо кај може да се најдат или некој да ги нарачува во Македонија?
 
За седишта и квалитетни навлаки препорачувам Самад.мк
 
За седишта и квалитетни навлаки препорачувам Самад.мк
Да зборев. Ќе одам да ми стават навлаки кога тогаш.

Иначе со делови за Лупо, има некој што растура? Ми се скрши рачката од внатре на десната врата. Исто, ми треба рачка за возачко седиште, не можам да го навалам нанапред за некој да седне назад преку возачко седиште.
 
Погрешка дупли акаунт(го заборавив пасвордот на овој).

За сервис, имаш или КОП кај Камник или Драган исто кај камник.

А за растурање мислам некаде накај Тетово кажуваа а и некој кај Драчево имало што растураат па може да се распрашам.
 
Не да боже да те лупне некој а ти да си во VW Lupo
 
Во скоро забележав дека градските светла не светат. Само долгите светат. На конзолата само плава диода свети, а зелена не гледам.
Ова забележав откако доста возачи што возеа спротивна насока, ми светкаа или ми пуштаа исто долги светла и ме заслепуваа :D
Си викам што ѓаол ми го прават ова...
Да не има казни за возење со долги светла во град??? o_O
Ако не со магленките да возам дур ги поправам?! :D

Ваљда се поправа!?
 
Колку шо знам за обични светла (и на мојот голф) не се пали зелено а за светлата лесно се оправаат можеш и сам а и на сервис.
 
Колку шо знам за обични светла (и на мојот голф) не се пали зелено а за светлата лесно се оправаат можеш и сам а и на сервис.
Да не се магленките доле уствари соборени светла?
Автоматски споено мислење:

Испадна дека повлекувања на рачката за брисачите на ветробранот накај мене менува како светат светлата, долги во соборени и соборени во долги. Ама да, не свети никаква диода кога се соборени, и свети плава диода кога се долги.
 
Ми фали една од рачките на седиштата. Има да се купи од тука: Лупо - Рачки за седишта
Арно ама 2500 ден. ќе ме кошта да ги донесат до кај мене дома.
Дали би можело да се најдат делови за Лупо по нашиве сервиси, или луѓе што растураат коли?

Наједноставно ми е да платам и да чекам, за еден ден ќе ми ги донесат. Ама осигурам дали вреди трудот да барам делови тука во МК.

Исто на пример, би ги заменил и седиштата, и кожата на мењачот.
 
Друже, ако вака продолжиш, твоево Лупо ќе биде најскапото во МК :D Не вреди за кола стара 15+ години да нарачуваш делови од eBay и слични сајтови.
Имаш милион отпади/луѓе што растураат VW низ МК. Прочепкај по Реклама 5, ФБ ќе најдеш делови за се што ти треба.
Пред 3-4 години имав жолто и плаво Лупо со истиот мотор. Мана кај овие е внатрешната рачката за отварање врата, кај сите се крши и е околу 1500 денари, рачките за седиштата што ги бараш ти во моментов, ракетата за брисачи и тоа е тоа од ентериер.
Од механика, провери си ги држачите за мотор, мене ми откажа десниот и од една страна се навали моторот,среќа пројдов без штета(мада моја грешка беше ова што не го средив на време), во резервоар има сито низ кое проаѓа горивото и од нашето квалитетно гориво знае да се затне и колата во сред вожња да ти гаси. Ако почне ова да се случува имај на ум дека ќе треба да го вадиш резервоарот и да го чистиш.
За седишта, најпаметно би ти било да најдеш половни седишта во Бугарија, да запалиш колата и да отидеш на лице место да ти ги сменат.
Се на се, многу економично количе, јас го утепав од возење пред да го продадам.
 
Ми тече испод моторот нешто. Не сум сигурен дали е гориво или масло, ама личи дека е маслото пошто кога отварам хаубата моторот личи истопен со провидна течност. Башка дим излагаше додека возев од испод хаубата. Оно се работеше, стасав до дома, ама капе испод.

Му се има десено на некој ова?

Личи како испрскан моторот, како да има испукано цевка и полиено се наоколу. Ама јебига утре на мајстор прва ствар
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom