Средно школо x_x

  • Креатор на темата Креатор на темата hypoterrian
  • Време на започнување Време на започнување

hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
Возраст
24
Локација
Skopje
Јас завршив девето одделение одличен и ќе се запишам во медицинско училиште но што да правам во првиот месец од средно училиште? Се ново ќе ми биде и знам дека ќе се навикнам но кога да почнам да се запознавам со учениците од мојот нов клас? Од прв ден, прва недела или првите три недели? Зборував со повеќето од моите добри пријатели и тие немаат одговори а и пријателите што веќе се во средно беа ,,no help''. Претпоставувам скоро сите на форумов завршиле средно и факултет и што ,,типс'' ќе ми дадете?
 
Па фала Богу дека веднаш треба да се запознаваш, да видиш кои се најблиску до твоите интереси и со кој сакаш најмногу да се зближиш.
Во секој случај ова ќе си дојде само по себе.
Јас на пример, прво нешто што направив беше вртење позади клупа и прашување „гледате ли фудбал?“
На почеток ќе си викаш „леле колку ми беше подобро во основно“, „никогаш нема да најдам друштво како тоа од основно“ и слично но со тек на време се ќе си спадне.
Ти претстои најубавиот период од животот.
Мада медицина, шо знам... :icon_lol:
 
Последно уредено:
Јас завршив девето одделение одличен и ќе се запишам во медицинско училиште но што да правам во првиот месец од средно училиште? Се ново ќе ми биде и знам дека ќе се навикнам но кога да почнам да се запознавам со учениците од мојот нов клас? Од прв ден, прва недела или првите три недели? Зборував со повеќето од моите добри пријатели и тие немаат одговори а и пријателите што веќе се во средно беа ,,no help''. Претпоставувам скоро сите на форумов завршиле средно и факултет и што ,,типс'' ќе ми дадете?
На почеток ќе ти биде чудно. Првата недела ќе се запознаеш со некои, после две-три недели со сите од клас ќе имаш правено муабет, со тек на време ќе си создадеш другари, друштво, ќе искачаш, ќе учиш... И ќе помине средното, ич да не му ја мислиш. :D
 
Абе ја мислам многу.. и плус со денешнава генерација со е мислам дека скоро сите се идиоти кои немаат човечки чувства освен мал дел. Ама барем ќе идам у медицинско каде барем ќе има паметни деца. Абе мое е да си прашам дека после да не ме сметаат за ,,оној''.
 
А бе секогаш имало и ќе има такви деца, и такви како тебе, и како мене итн. Ќе си ги најдеш тие што ќе си имаш заеднички јазик и тоа е тоа. Не дозволувај само да потпаѓаш под лошо влијание.
 
@hypoterrian колега, што смер си? :D
Јас завршив средно медицинско, ич да не му се замараш, болје од основно ќе ти биде! :)
 
Најбрзо што можеш запознај се со сите. Четврток почнувате, до петок следната недела веќе со сите запознај се.

Не ги гледај луѓето како ваков таков на почеток, сите нека ти бидат исти. Нема дома да ги носиш ако си им направил муабет. После со тек на време ќе се создадат екипи, од лично искуство најмногу ќе се здружиш со тие што си одите накај дома заедно или со тие со сличен интерес. Секако пак тука влегува првото правило. Со сите прави муабет, не се лимитирај. Нема да штети и со други класови да почнеш. Сто посто ќе имаш познаници, сите со свои друштва, здраво здраво, поздравување по ходник после и тоа е тоа. Дај иницијатива за пријателство/познанство. Немаш што да изгубиш. Многу е дел и од психа, треба да се понашаш како алфа, ама не со курчење него со самоконтрола.

На почеток доаѓај порано, кој како влезе поздрави го, види на лице место што како.

Најмногу останува на тебе, што и да пишеме никој неможе да те држи за рака и да ти покаже што и како. Многу јака ствар за средно е што каков и да си бил во основно сега имаш можност да се промениш на подобро. Твое е да ја искористиш шансата.

tl;dr Најбрзо што можеш запознај се со сите во клас, а после и пошироко.
 
Од темите кои ги отвараше, очекував теологија да се запишеш.
 
@hypoterrian колега, што смер си? :D
Јас завршив средно медицинско, ич да не му се замараш, болје од основно ќе ти биде! :)
Лаборант или забен техничар че идам[DOUBLEPOST=1466935322][/DOUBLEPOST]
@hypoterrian колега, што смер си? :D
Јас завршив средно медицинско, ич да не му се замараш, болје од основно ќе ти биде! :)
Лаборант или забен техничар че идам
Sho deca debili kje bea ova be, kako da se zapoznaam prashuva be, dali prva nedela, dali vtora.. cccc
Абе чичо мое си е да си прашам да знам шо перфектно да напраам
 
Нема шо ти да се запознаваш со нив, треба да бидеш газда, они да се запознаат со тебе.

Напрај нешто забегано, фарбај се црвен за да викаат „еј дај да се упознаеме со црвениов“. Така и прекар ќе си имаш од прва, па околу прекарот ќе билдаш репутација. „Еј Мими се лапала со црвениот, леле блазе си и, сакам и мене да ме лапа тој, леле што би му праелаа...“.

Алтернативно, смисли унапред досетки од позитивен тип и биди the comic relief guy во средношколскиот филм. Кога работите ќе бидат напнати, ти да бидеш ведрата личност околу која сите сакаат да бидат за да цицаат од позитивната енергија која ја шириш. Некои ќе сакаат и друго да цицаат успат.

Трета опција ти е да слушаш српско.

Со лесно :)
 
Must say you are very wise master Ricky.
 
Што ќе правиш, се разбира дека првиот месец треба да им ги измеркаш газињата на сите нови другарки. Ете ти добра разонода. А во меѓувреме ќе барате кој кабинет каде се наоѓа итн...
 
Првиот ден во средно бев сосема сам, никого не познавав. Затоа што бев многу „мирен“ одма се здружив со едно дете, сличен карактер. Уште првиот ден фативме муабет а после заминавме на кафе. Денеска сме најдобри другари.
И јас исто како тебе си велев леле што ќе правам но тоа некако си дојде само од себе. Само без гајле и продолжи средно што сакаш ти не како повеќето што се запишуваат поради другарите од основно.
Другарствата стекнати од средно највеќе траат, со тие од основно се изгубивме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom