Се трудам да не се „судрам“. Тоа што некогаш било, било. Ваљда некоја жичка на спомен но тоа е тоа. После може да се разрани - крајно непотребно за факторот - време.
Со сите бивши сум останала горе-долу у коректни односи, така да не се случило да се сретнам со некого а да се правам дека не го познавам. Мислам дека доколку ми бил доволно добар за да бидам со него, секако одеднаш не може да стане толку лош за да не можам ни едно здраво да му кажам...
Што се однесува до тоа да го видам со друга девојка.. хммм па секако дека не очекувам дека животот на моите бивши завршил со нашата врска, јас продолжувам понатаму, секако дека и тој ќе направи така.
Баш пред некој ден мој бивши се ожени со друга и воопшто не почувствував завист, гнев, лутина... Напротив, бев и се уште сум среќна што тој успеал да ја пронајде вистинската и да си го среди животот.
Сега моментално не сум ни пријател со бившата а сакам да се имаме онака..и кога би биле пријатели едноставно кога би ја сретнал нема да реагирам ниако би ја поздравил само и толку е сега да размениме два три муабета може и тоа
Кога и да видам некој бивш бегам или се правам дека не го познавам Така е најдобро бидејки после врска кај мене нема пријателство со нив никогаш,затоа што јас така сакам.....
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.