Срам од родителите?

Немам ниту една причина за да се срамам од нив.Успешни се и двајцата во тоа што го работат,а и да не беа пак не би се срамела од нив.Тие се моите родители,кои што знам дека ме сакаат најмн. на светов и кои што без оглед на се,секогаш ќе бидат тука за мене.Некогаш ме нервира тоа што на пр. мајка ми се сака да знае,одвај чека да станам од пц за она да седне и да ги испрашува сите мои другарки кој им се свиѓа,па зошто тој па блабла.:tapp::tapp::tapp::kesa:Другарките одвај чекаат она да седне,интересно им било со неа.:tapp:
Но,и покрај ова никогаш не сум се засрамила од неа.:pipi:
 
Нема од шо да се срамам, макар и какви и да се тоа се твои родители и незаслужуваат такво непочитување.Ме нервирале во многу ситуации, знаат да напраат некој апла муабет, да тропнат нешто безвеза, да ме засрамат и покрај тоа ги сакам најмногу!!
 
Некогаш ме фаќа срам кога мама пред друштво ќе фати да ме вика нагалено како што ме вика дома, или се однесува како да сум мало дете.
За друго воопшто не се срамам од родителите. Понекогаш дури поубаво ми е да излезам со нив некаде да се прошетам.
И од кал да се, родители ми се.. :pipi:
 
Не се срамам од ништо.
Само се нервирам коа морам да му кажам на татко ми дека имам дечко,за да може да доаѓа кај мене. Тогаш ми е срам,само од него :) Едонставно ми е глупо он ко мушко да знае и после да ме зеза бла бла... :icon_redf
 
Со мајка ми не ни комуницирам, па да се устручавам на кој начин ќе и кажам нешто, за да ми биде срам.
А со татко ми имам многу голема слобода на комуникација, па не ми е срам, затоа што знам дека што и да му кажам ќе ме сфати и ќе ми даде совет, ќе ми помогне.
 
Никако. Во ниту еден случај не би ми било срам од тоа што се моите родители. Без разлика на се’ родители ми се. Ми го овозможиле она што го имам, а тоа за мене не е малку и поради тоа можам да кажам дека се гордеам со она што се и она што го прават.
И мислам дека воопшто не е нормално дете да се срами од она кое што се неговите родители. Тоа личи на дете кое како прво се срами од она што е самото тоа.
 
Ne sum se sramela nikogas, sto i da me prasale tocno si kazuvam, kakvi se takvi se roditeli mi se, me odgledale, mi ovozmozile se i nema zosto da se sramam od niv
 
Порано имав срам,но сега немам воопшто срам,немам зошто да се срамам.Збориме најотворено,пријателски.
 
Темата е срам од родителите како личности, а не дали ви е срам да разговарате за секс со нив :)

Никогаш не сум се срамувала од моите родители, секогаш со гордост сум кажувала кои се и што се. Дали имаат или не нешто постигнато од животот не ми било никогаш важно, важна ми беше само љубовта која неизмерно ми ја даваа и доброто воспитување кои беа доволни да ги ценам и да се гордеам со нив.
 
Воопшто немам срам од моите родители. Двајцата се како што треба, вработени, добри, културни. Само се нервирам кога татко ми пред друштво ме нарекува со некои прекари кои ми се одвратни, и кои се за навистина мали деца.
 
Секако дека не се срамам. Добри се,образовани,вработени,цивилизирани нема од што да се срамам.Среќна сум што сум нивна ќерка:pipi:
 
HA! HA ! HA ! Многу јака тема (H)
Зошто да се срамувам од мојте родители?:jaj::jaj:
Никојпат не сум се срамил, нитупак да се срамам:tapp::tapp:
 
Децата се огледало на родителите,ако би се срамела од своите родители тоа значи дека се срамам од себеси.
Горда сум на својте родители и не се срамам да ги претставам пред светот!
 
Не се срамам од моите родители!
 
Не сум се нашол во таква ситуација,а и да се најдам нема да ги запоставам или да излажам нешто за да извадам на нив.Сепак родители ми се и нема што да се срамам од нив.Што е тоа е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom