Ја користам мобилната апликација веќе неколку дена. Проблеми како некои од гореспомнатите со албумски плејлисти немам. Најубаво е да си проверите settings и профилни детали да нешто не е наместено по дифолт како што не сакате. Пред да слушам песни прво таму подесував све, можеби затоа немам проблеми. Исто така запазете дали ви светат зелено знакчето за shuffle. Некогаш се појавуваат на секоја песна колку и да го гасиш, ако settings има нешто наместено по дифолт. Реклами нема, и кога ќе ги воведат не верувам дека ќе биде како YouTube, со по некои реклами од саат ипол, цел филм/документарка/мега-влог да се упали. И да им го пофалам алгоритмот за сугестии за музички вкусеви, ептен им е квалитетен. Би го рејтнал повисоко и од Нетфликс.
Сега за сега едина критика е што нашиве локални изведувачи имаат некомплетни дискографии, демо снимки, или селектирани англиски песни. Се е тоа во ред, пошто самите тие си ги контролираат профилите и објавите, ама е малку глупо пошто повеќето изведувачи надвор од МК буквално се што објавиле ставаат таму да биде пристапно. Десктоп верзијата ја немам се уште користено.