Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
Спортувате ли понекогаш, тренирате ли во слободно време и што, пишете тука.
--------------
Редовно тренирам, МАРАТОН (цел живот) и ништо друго до сега,шах и карти не се рачуна.
На пример треба да се купи термо печка(сега пак некој си панели излегоа) или шпорет и рано наутро почнува 197. и неке МАРАТОНОТ,прво до НА-МА,доле во подрумот,па потоа во БЕКО,
од таму преку мостот во Илинден пак во подрум, па до 26 Јули исто така во подрум, па по булеварот или низ Крњево до Електрометал е тука е приземје.
А заборавив и велосипедизам сум тренирал,ако случајно не се одлучам да купам на овие места,па сум продолжувал со велосипед до Супер-маркетите во Сингелич или Ѓорче.
Да и баш од таму од Три куќи сум купил шпорет Слобода-комбиниран,малку чукнат ама ми го дадоа некој денар поефтин.
Ова погоре е за МАРАТОН на средни стрази, а кога требаше да се купи некој кауч или шивоњер,тогаш се одеше со тренингот на долгиот МАРАТОН,оној од 40 и + КМ.
За тој МАРАТОН сум имал и специјални неколку дневни припреми,не знаеш по пат што ќе те снајде. Па така за тв комода не само до Ѓорче,тују од таму му ја спраштив право во Белимбегово, а таа релација ги исполнува условите во должина за долгиот Маратон. Е во тој маркет карши црквата не комода туку купив цел регал и едно ѕидно огледало.
-------------
Не ги спомнувам оние тренинзи на кратки патеки,198.и неке кога почина маршалот,секојдневни по лесно трчање и вртење по самопослугите за млеко,прашок или зејтин во Славија, Центро, Зем Промет и другите Ју-гранапи, од кој добив и проширени вени,чекајќи од 3 наутро пред вратите.