Свети Димитрија никој нема да ја чепне.
За Просторот на Автобуската:
Пролетер“ како приватна фирма треба сама да ги сноси последиците од лошото работење на нејзините менаџери. Мешањето на градоначалникот Костовски во проблемите на „Пролетер“, само го фаворизира овој превозник на штета на пазарната конкуренција, реагираат приватните автобуски превозници.
Тие сметаат дека ќе бидат во нерамноправна положба, ако градот му додели нова локација на „Пролетер“, откако веќе вложи 3 милиони евра за нова меѓуградска станица и ја даде под концесија на 10 години.
„За ова не би требало да преговара градот, кога веќе има нова автобуска станица во Скопје - колку автобуски станици треба да има? Само народот ќе го мачиме и ќе го шетаме лево-десно. Зошто баш „Пролетер“ да прави, зошто ние да не правиме автобуска станица во Скопје“, изјави Љупчо Василевски, „Галеб“-Охрид.
„Не би требало само на нив да им се удоволи тоа, зошто само нив кога веќе сите сме приватни. Знаат да работат само со туѓи пари“, додаде Ристо Оџаков, „Струмица Експрес“.
Министерството за транспорт, денеска соопшти дека не постои законска основа на „Пролетер“ да му се даде друга локација. Новата автобуска е единственото предвидено место од каде треба да се врши превозот, велат во Министерството.
Меѓуградската автобуска ја користат 51 превозник. Задоволни се од условите и цените, но ја повикуваат Владата да ги спречи дивите превозници. Во „Руле Турс“, концесионерот на автобуската, велат дека „Пролетер“ постојано одбивал соработка.
„Доколку сакаат да стопанисуваат и да добијат автобуска станица, требаше да идат на тендерот - сега бараат на поклон нешто да им се даде, зошто?“, вели Осман Омерагиќ, директор на „Руле Турс“.
На тендер, што градот го распиша за стопанисување со новата автобуска, се пријави само „Руле турс“. За милион и 700 илјади евра ја доби автобуската под закуп на 10 години. Сите превозници се префрлија на новата автобуска, освен „Пролетер“.
Откако неколку пати одбиваше да се исели од старата автобуска, времениот објект беше урнат, бидејќи на локацијата, што и припаѓа на Еврејската заедница, треба да се гради Меморијален центар за жртвите од Холокаустот.
http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=49878
Не мора баш со се да се сложам што ќе напише АБЦ само поради тоа што не ги сака Евреите и власта.
Просторот е национализиран 63 после земјотресот и сега е вратен на Еврејската заедница, нема ништо нејасно тука.
Е сега тоа што Трифунчо си развива нови бизниси е друго 20:
Преговори меѓу раководството на „Пролетер“ и Костовски
11.08.2005
Раководството на автотранспортното претпријатие „Пролетер“ и скопскиот градоначалник Трифун Костовски денеска се договорија утре да ги продолжат преговорите за новата локација на автобуската станица што вчера им беше урната со полициското обезбедување.
Се разговарало за неколку локации, во меѓувреме нема блокади.
„Да има разбирање за нашиот проблем, се работи на решавање на проблемот и од градските служби и од наша страна“, изјави Ацо Николовски, директор на „Пролетер“.
„Се надеваме во текот на утрешниот ден дека ќе имаме заедничка средба со Градот и со Министерството за транспорт и врски, затоа што под негова надлежност припаѓаме ние и има добри позиции да се реши проблемот. Добивме уверување од Градот дека тие стојат позади нас“, додаде Николовски.
http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=49794
Добиле уверување дека Трифун ќе им го даде односно заедно ќе си го земат полигонот за обука до базенот под Кале. Нешто не оди тоа бизнисот од Украина преку Беч.Почна истокот директно да си продава па сега мора да се развива нов бизнис на домашен терен.
Кој фактор е па Пролетер да има ексклузивитет во градов? Да не е случајно на толку виско ниво па испод честа му е да ги паркира тоа скапаните автобуси на новата Автобуска кај транспотрен центар.
П.С.Само оваа година Пролетер има преку 40 дефекти на ралации надвор од Македонија.На мајка ми и се случи во Фебруари на враќање од Белград да им испадне ТРКАЛО пред Врање :shock: