Спиење кај партнерот

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Возраст
39
Прашањето е: Дали некогаш знаете да останите да преспиете кај партнерот дома?Дали тој останува кај вас?И како реагираат вашите родители(ако живеете со родители се разбира) на тоа:го прифаќаат тоа како нешто сосема нормално или „креваат паника„?
 
Па досега ми се нема такво нешто случено од причина да не избијат еден куп несогласувања од страна на родителите...Што се однесува до моите родители мислам дека нема да направат многу големи проблеми.Иако нема да им се допадне тоа.А за родителите на девојката...Секако дека ке направат еден куп непотребни проблеми...И не да кренат паника,ке направат узбуна.А и ги сфаќам луѓето...сепак женско е ...
но сепак нема да дознаеме со сигурност додека не се проба. :)
 
Спиење по куќи - само кога нема мама и тато дома:)
 
Не се случило досега а и се надевам нема да се случи.
Како прво ми нема смисла, како второ не би можел да заспијам всушност а сум останал да спијам кај нејзе, како трето незгоден сум у спиење.... и така :)
 
И кај мене не се случило и не верувам дека ќе се случи.
Некако многу ми е глупаво тоа...
 
Сум спиел и јас кај неа , и таа кај мене и тоа често ... и не сме наишле на никаков проблем , пошо добро се познавав и јас со нејзините родители и таа со моите , а и одевме доста долго време ...
 
И кај мене не се случило и не верувам дека ќе се случи.
Некако многу ми е глупаво тоа...


Не да бидам груба, ама нормално дека е глупо, имаш 14 години.

Бек ту д сабџект.
Не ми се случило, бар не засега. Мислам дека е рано, барем за мене и мојата врска. Не велам дека не би сакала, баш би било супер, ама малце потаму.
 
Тамаро, јас имам 26 и пак ми е глупо. И сега? :)
 
Тамаро, јас имам 26 и пак ми е глупо. И сега? :)

Глупо ти е оти незгоден си за спиење.

Не влегвај сега, не ме нервирај. Тој има 14 години, шо да не е глупо. Ај нека се жени, то можи ќе биди малце глупо. :)
 

И јас исто :) само кога мама и тато не се дома :) ама мама и тато и на двајцата :) ретко се случува да е истовремено ама кога ќе се случи е одлична прилика :back:
 
Многу пати се случило ама сме биле скроз сами без родители а со родители стварно е малце глупавко
 
сеуште ми е рано за преспивање, ама кога би била во таква ситуација само кога родителите не се дома(и моите и неговите)..не знам, некако глупо ми е ако родителите се по дома, макар што ги знам, ама пак некако, подобро би се чувствувала ако знам дека сме сами:)
 
Имам преспиено, ама сме биле сами, за празници. Баш ми е океј спиење кај партнерот, нормално е секој што е заљубен да сака да помине ноќ гушкајќи се со љубениот и сабајлето да се разбуди крај него. Не ми е јасно како на некои им е глупа идејата. :)

Моите дигаат џева, и затоа најчесто сум избегнувала да преспијам. Не дека нема да ме пуштат ако намислам, ама чисто да избегнам конфликт.
 
Пааа.. тоа ми е сосем нормално.. порано кога идев со бившиот пошо идевме скоро 2 години и мене ме знаеја од дома , мама го знаеше ... а и мене ме знаеја неговоите ..така да скоро секогаш останував на спиење таму.. или пак тој кај мене... и немав никаков проблем со родителите..
 
Имам преспивано, ама има 3 сестри, и сите деца си имаат заеднички кат, одвоени од родителите, а сестрите негови многу ме сакаат :) И се дружев со најстарата... А и неговите ме сакаа ( и уште ме сакаат :)) и се знаат со моите... И не ми правеле многу проблем... Само не ми даваа ни многу често да спијам :) (Најчесто татко ми правеше проблем, мајка ми не). А он кај мене ретко има преспивано, само кога моите не се дома... Зашто и него му беше незгодно а и татко ми неможев да го прашам или да му кажам зашто знаев дека ќе биде НЕ :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom