Специјалитети со пиперки

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Нели сме народ каде пиперките преовладуваат на македонското мени...
Ајде тука наредете специјалитети со пиперки, какви ќе ви паднат на ум, да научиме нешто плус...
Јас најмногу јадам црвени суви пиперки со праз, палеж...Мх , мх , убајни:helou:

Е де знам, темава ја поставив баш онака провоцирачки и бев уверена дека одзивот ќе биде мал....Затоа што сега е многу модерно време, па на девојките дури и му е срам да кажат дека јадат пиперки...
Јас знам многу од нив кои не "јадат" пиперки:)
 
Последно уредено од модератор:
јас сум м али не јадам баш пиперки:),а за готвење знам да ги спремам само полнети со мелено месо.кој не верува нека повели нека донесе па ќе му зготвам али заедно да ги јадеме:smir:
 
Кој не јаде бе пиперки? Ај да видам?:sakas_ust
Нај убави ми се печени па толчени во аван, со зденки, мелени ореови јатки и многу масло и сол. Сето ова измешано во убава смеса и така убав топол леб и бело сирење! АААА!:vozbud:
 
Кој не јаде бе пиперки? Ај да видам?:sakas_ust
Нај убави ми се печени па толчени во аван, со зденки, мелени ореови јатки и многу масло и сол. Сето ова измешано во убава смеса и така убав топол леб и бело сирење! АААА!:vozbud:

со зденки? :)
јас јадам пржени пиперки (или печени, сеедно) со оцет и лукче (и после три дена не искачам од дома) :) исто сакам и пиперки од туршија, и урда со пиперки. само полнети пиперки не сакам. (еве од женска перспектива мислење):)
 
Јап! Даваат некој ултра гига вкус во комбинаицја со пиперките, Сстрашно е!
 
Пиперки,кој не јаде?
Јас ги таманам у секаква состојба,поготово сега зимно време најубаво суви пиперчиња пржени со праз и урда мх мх или пак пиперчиња пржени со сос од патлиџани и лукче така полеани одозгора (сосчето од свежи патлиџани,се лупат се рендаат,ако немет ренде ситно сецкај да искочи водичката :icon_lol: ) и после исецкај лукче попржи малку и налеј врз пиперките така убаво испечени и засолени...ах да слабост ми се пунетите пиперчиња нив посебно ги млатам...и со урдичка се убави,их бре ќе ги заборавев киселите со лукче и оцетче прсти да излижеш во комбинација со гравче мх мх мх...абе ко за месо да зборам лиги ми потекоа :pos:


едит: Џинкс ова твоево морам да го пробам рецептче некако ме фати за око :)
 
Кој не јаде бе пиперки? Ај да видам?:sakas_ust
Нај убави ми се печени па толчени во аван, со зденки, мелени ореови јатки и многу масло и сол. Сето ова измешано во убава смеса и така убав топол леб и бело сирење! АААА!:vozbud:
Edit:
I Eden pechen modar patlidzan vo niv!!!
Ova sum go zaboravil da go pisham!:kesa:
 
Ма пиперки јадам на каков да било начин приготвени.Многу се убави сушени везени пиперки полнети со мелано месо и ориз.А едни од поомилените ми се запечените пиперки во тегла.
 
Подготвени, секакви ги сакам. Полнети, пржени, печени на скара со лукче и магдонос и полиени со оцет и зејтин, суви црвени пржени со топол леб и сиренце мх мх... Свежи не ги јадам и тие од туршија не ми допаѓаат, ама затоа ги сецкам на врвот и им ја пијам течноста :)

А рецепти... овој ми се виде интересен, ама сеуште го немам направено


Полнети пиперки со урда

Порции - 4
Време на подготовка - 30 минути

Состојки:

- 8 благи пиперки
- 400 грама урда
- 2 чешниња лук
- 150 гр. пченкарно брашно
- 3 јајца
- 1 лажичка сецкан магдонос
- масло за јадење
- сол

Начин на подготовка


Пиперките се мијат и им се отстрануваат семките. Во поголем сад се мешаат урдата, лукот, магдоносот, пченкарното брашно, јајцата. Со оваа смеса се полнат пиперките, а потоа се сечат на парчиња како ролат и се пржат во врело масло.
 
Пиперки...
Покрај баба ми нема шанса да не научите да правите пиперки на 101 начин.Жената од април до октомври секој ден јаде пиперки.Пржени, печени, полнети, толчени..Пиперки со сирење, со јајца(т.н. потурчени пиперки:)), ама мене сепак најомилени ми се толчените пиперки на баба со сирење и јогурт со кои се најадувам како стока и за 2 дена ми држи:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom