Специјалитети од пастрмка

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
115
Охридска пастрмка во сос од сардина
потребни состојки за 4 лица:
- 400 гр охридска пастрмка
- една конзерва сардини
- една китка магдонос
- половина маргарин
- една главица кромид
- 100 гр морков
- една чешна лук
- половина литар маслиново масло за јадење
- сочогледово масло за јадење
- сол и бибер
Подготовка: Тава за печење ја премачкуваме со маргарин по целата внатрешна површина.
Пастрмката, која претходно ја исчистивме, убаво ја посолуваме од надвор и од внатрешноста. Потоа ја побиберуваме со мелен бибер од двете страни и ја ставаме во тавата која претходно ја премачкавме со маргарин. Остатокот од маргарин го ставаме врз пастрмката во мали парчиња. Тавата со пастрмката ја ставаме да се пече во претходно загреана рерна на температура од 250 степени целзиусови.
Додека пастрмката се пече, главицата кромид ситно ја сецкаме по што ја ставаме во посебен сад и ја тргаме на страна.
Истата постапка ја правиме и со морковот кој го сецкаме на ситни коцкички кои ги ставаме во посебен сад и ги тргаме на страна.Со магдоносот исто така, како и со чешнето лук.
По 15 до дваесет минути печење, пастрмката ја вадиме од рерната. Нејзе и го додаваме целото количество ситно сецкан кромид кој го ставаме покрај пастрмката, рамномерно колку да се покрие дното од тавата. Истото го правиме со ситно сецканиот морков, лук и магдонос. Целата тава ја посипуваме со сончогледово масло за јадење по што повторна ја враќаме назад во рерната на печење. По 15-20 минути печење пастрмката и смесата од зеленчук ја полеваме со целото количество од маслиново масло за јадење по што повторно продолжуваме со печење.
По десетина минути пастрмката е печена и ја вадиме од рерната. Ја ставаме во садот со кој ќе ја служиме, а зеленчукот убаво го процедуваме. Зеленчукот го враќаме назад во тавата. Сардината од конзерва ја ситниме на помали парчиња, а сафтот кој ни остана по цедењето го сипуваме во длабок сад.
Сафтот го загреваме на силен оган. Него му ја додаваме иситнетата сардина која убаво ја мешаме со сафтот. На сосот му додаваме ситно сецкан магдонос и ја оставаме да се вари. По десетина минути варење сосот од сардина е готов. Со неа ја преливаме пастрмката.
Декорацијата на ОХРИДСКАТА ПАСТРМКА ВО СОСОТ ОД САРДИНА ја правиме со неколку гранчиња француски магдонос и неколку кришки свеж лимон без кои ниедна риба не може да се замисли. Декорацијата ја надополнуваме со неколку кришки свеж домат.

Пастрмка во орли
- 400 гр. Пастрмка
- 4 јајца
- 200ГР.мајонез
- 4 кисели краставици
- магдонос
- 1 домат
- 1 лимон
- 250 мл. пиво
- бело вино
- 100 гр. Брашно
- масло за јадење
- сол
На пастрмките им ги отсекуваме главите. Потоа им ги отстрануваме коските и кожата. Месото од рибата го сечкаме на мали парчиња и го собираме на чинија. Посолуваме и промешуваме со раце.
Јајцата ги кршиме и ги двоиме жолчките од белките. Жолчите ги ставаме во сад за матење, а белките во еден подлабок сад. Потоа белките од јајцата ги префрламе во еден поголем длабок сад и ги матиме со миксер. И жолчките ги матиме со миксер и во нив го додаваме пивото и брашното.Го исклучуваме миксерот и во садот ги додаваме изматените белки. Промешуваме со жица за матење.
Парчињата риба на чинијата ги наросуваме со брашно. Од содржината од садот за матење претураме во еден помал сад. Потоа во садот ги валкаме парчињата риба и ги ставаме да се пржат на загреано масло на оган. Киселите краставици ги рендаме во еден сад и додаваме мајонез. Потоа во садот додаваме малку бело вино и промешуваме со лажица. Посолуваме и повторно промешуваме.
За време на пржењето крокетите од риба ги вртиме во тавата а откако ќе се испржат со лажица решетка ги вадиме на чинија за сервирање. Чинијата ја украсуваме со листови зелена салата а на двата краја од чинијата ставаме од претходно подготвениот сос.
Еден домат го лупиме во круг а од лушпата формираме цвет кој го ставаме на средината на чИнијата. Неколку гранчиња магдонос многу кратко време ги спуштаме во загреаното масло а потоа со нив ги украсуваме крокетите од пастрмка.
Декорацијата ја завршуваме со кришки лимон.

Охридска пастрмка на пештански начин:
- 1 охридска пастрмка од 1 кгр.
- Путер
- Доматно пире
- Млад лук
- Магдонос
- Бадеми и лешници
- Масло за јадење
- Сол и црн пипер
- 300 гр. Варени компири
Ја земаме исчистената пастрмка и убаво ја посолуваме и од внатрешната и од надворешната страна.
Скарата на која ќе ја печеме рибата ја попрскуваме со масло за јадење и ја наросуваме со сол за да не се лепи рибата. Потоа ја ставаме пастрмката на скара да се пече.
На оган ставаме една тава и во неа додаваме 2 дл. Бело вино. Во тавата додаваме и 100 гр. Путер да се растопи како и масло за јадење. Потоа во тавата го додаваме доматното пире. Зачинуваме со мелен црн пипер. Во тавата цедиме и сок од половина лимон и половина портокал. Промешуваме.
На даската за сечење младиот кромид го сечкаме и го додаваме во тавата на оган. Промешуваме и посолуваме. Додаваме и 1 лажичка зачин Ц. Потоа магдоносот ситно го сечкаме па и него го додаваме кон содржината во тавата. Наросуваме со мелен црн пипер и ја покриваме тавата со капак . Ја тргаме тавата од оган и ја ставаме на работната маса. За време на печењето пастрмката ја превртуваме за да биде рамномерно испечена од сите страни. Ја попрскуваме рибата со масло за јадење и повторно ја превртуваме.
На краевите на чинијата на која ќе ја сервираме рибата ставаме 2 листа зелена салата. Ја тргаме рибата од скарата и ја ставаме на чинијата за сервирање. Со остар нож ја засекуваме кожата на пастрмката од горната страна и ја отстрануваме. Ја земаме тавата со подготвениот фил и со голема лажица саваме врз пастрмката од каде ја отстранивме кожата. Декорираме со 2 парчиња од конзервирани мали пченки, како и со цели бадеми кои ги ставаме на чинијата, но и врз пастрмката. Додаваме и едно гранче француски магдонос. Варениот компир го сечеме на кругови и го ставаме на чинијата до пастрмката. Декорацијата ја завршуваме со половина портокал на кој со нож му ја засекуваме кората во вид на ленти и со исто такви парчиња лимон кои ги ставаме врз портокалот. Врз лимонот ставаме гранче француски магдонос. Одозгора ставаме 22 круга праз и парче портокал.

Охридска пастрмка со бадеми
- 1 кг и 500 гр. охридска пастрмка
- 200 гр. бадеми
- магдонос
- 50 гр. лук
- 2 дл. бело вино
- 100 гр. брашно
- 40 гр. мешано вариво
- 200 гр. компир
- 2 дл. масло за јадење
- сол и бибер
Главната состојка на ова јадење, охридската пастрмка, ја подготвуваме на следниот начин. Ја сечеме по должина така што добиваме две идентични половини. Пастрмката ја отвораме од внатрешната страна и добро ја посолуваме а потоа ги одвојуваме половините една од друга. Во еден доволно долг сад едната половина од пастрмката целосно ја покриваме со слој брашно и ја ставаме во исто толку долга тава во која ја пржиме. Претходно во тавата ставивме извесно количество на масло за јадење и ја ставивме добро да се загрее. Истата постапка ја повторуваме и со другата половина.
На ситно ренде ги рендаме главиците лук. Во длабок сад исполнет со потрбното количество вода ги ставаме бадемите да се сварат и ги покриваме со капак. А парчињата пастрмка повремено ги превртуваме за да убаво се испечат.
Веќе варените бадеми ги процедуваме на цедалка и ги оставаме да се изладат.
Во друг длабок сад ставаме одредено количество на масло за јадење добро да се загрее. Од варените бадеми ја симнуваме лушпата и ги двоиме на половинки.
И како што рековме парчињата пастрмка постојано ги превртуваме за да бидат добро испржени.
Земаме еден лимон кој го сечеме на половина, го исцедуваме во цедалка. Во меѓувреме, во добро загреаниот сад со масло за јадење ги ставаме излупените бадеми да се испржат со повремено замешување. По извесно време кон бадемите кои се пржат додаваме ситно сецкан магдонос и ги промешуваме. Потоа го додаваме ренданиот лук и ги оставаме да се пржат со повремено промешување. Подоцна го додаваме свежиот сок од лимон, а по извесно време и еден децилитар бело вино. Наведените состојки ги оставаме да се допржат по што ги тргаме на страна.
Во една тава ставаме поголемо количество масло за јадење и го оставаме добро да се загрее.
Пастрмките се испржени. Ги ставаме на овален сад на кој претходно ставивме неколку листови зелена салата.
Во добро загреаната тава со масло за јадење го ставаме мешаното вариво да се пропржи. Земаме еден лимон кој го сечеме на кришки кои ги засекуваме по желба за да имаат пријатен изглед.
Прженото вариво кое ни е прилог на пастрмката го сервираме на листовите од зелената салата. Во истата тава ставаме малку масло за јадење за да ги пропржиме парчињата варен компир. Додека се пржи компирот, ситно го сецкаме магдоносот. Компирот е пропржен и го сервираме крај пастрмката, а потоа и пржените бадеми со лук и вино. Преку нив го посипуваме ситно сецканиот магдонос.
Со разни видови на зеленчук можете да ја декорирате пастрмката. Се разбира тука е и неизбежниот лимон без кој неможе да се замисли една риба.
За на крај декорирањето го завршуваме со неколку парчиња француски магдонос.

Пастрмка во вино
- 1 кг. пастрмки
- магдонос
- 1 домат
- 6 лажици црвено вино
- нане
- зачин ц
- 1 лимон
- 2 компира
- 1 китка млад кромид
- 3 чешниња лук
- масло за јадење
- сол и црн пипер
Компирите ги сечкаме на коцки. Парчињата компир ги ставаме во тенџере. Во тенџерето налеваме вода и тенџерето го ставаме на оган. Посолуваме и додаваме масло за јадење.
На даската за сечење претходно исчистената и измиена пастрмка ја расекуваме на половина по должина. На пастрмката и ја отстрануваме главата и коската. Филетите риба ги посолуваме и ги зачинуваме со мелен црн пипер. Потоа филетите ги наросуваме со зачин ц.
Огноотпорниот сад го попрскуваме со масло за јадење. Во садот ги ставаме филетите пастрмка. Еден лимон го цедиме во цедалка. Со лимоновиот сок ги преливаме филетите пастрмка. Чешнињата лук ги сечкаме. Исечканиот лук го ставаме врз филетите. Магдоносот го сечкаме. Исечканиот магдонос го ставаме врз филетите риба. Во огноотпорниот сад го додаваме и црвеното вино. Го сечкаме и нането, па и него го додаваме во садот. Садот го затвораме со капак и го ставаме во рерна. Печеме 30- тина минути на температура од 200 степени.
Во меѓувреме во тава за пржење додаваме масло. Тавата ја ставаме на оган. Во тавата ги додаваме парчињата варен компир. Младиот кромид ситно го сечкаме и го додаваме во тавата на оган.
На чинијата за сервирање ставаме лист зелена салата. Огноотпорниот сад го вадиме од рерна . Од пастрмката во вино ставаме на чинијата за сервирање. Преливаме со сосот од огноотпорниот сад. На двата краја на чинијата ставаме од испржените компири и млад кромид. Еден домат го сечкаме на кришки. Со кришките домат ја декорираме чинијата. И лимонот го сечкаме на кришки. Кришките лимон ги ставаме врз филетите пастрмка.

Филирана пастрмка на бечки начин
- 1 пастрмка од 600 гр.
- Лебни трошки
- Брашно
- 3 јајца
- рузмарин
- масло за јадење
- сол И црн пипер
На даската за сечење на претходно исчистента пастрмка И ја отсекуваме главата. Потоа пастрмката ја сечеме на половина по должина И И ги отстрануваме опашката И кожата. Добиените филети ги зачинуваме со мелен црн пипер И ги посолуваме. Потоа ги наросуваме со рузмари И добро ги набрашнуваме од двете страни.
Во еден сад ги ставаме лебните трошки,а 3-те јајца ги кршиме во еден поголем длабок сад. Јајцата ги матиме со жица за матење. Филетите од пастрмка ги валкаме најпрво во изматените јајца, а потоа добро ги облепуваме со лебните трошки. Вака подготвени ги ставаме да се пржат во фритеза со загреано масло. Испржените филети ги вадиме на чинија, а потоа ги ставаме на чинијата за сервирање. Чинијата ја украсуваме со парче зелена салата. На дасаката за сечење еден портокал го сечеме на кришки кои ги редиме врз листот од зелена салата.
 
Дефинитивно е нешто специјално ова, уште слика да видам:))
Грејт топик Катја :wink:
 
Леле да си жива и здрава још година 100!
Да је риба и вина и да нас чува бог :D :D

Од ова можам да ти кажам дека се ќе пробам.
Со време...

п.с. никогаш не сум јадел пастрмка во Охрид
п.с. не јадам јајца, па не знам што би ставил како замена во рецептите каде ги има. Евентуално павлака?!
 
хух.. не знам што би можел да ставиш во замена за јајца :?
Со павлака.. не знам дали тоа би било тоа.. Ама сепак можеш да пробаш со павлака или со млеко..
На крај краева пак ако сакаш можам да ти најдам некој рецепт со павлака.. иако мислам дека имаш доволно рецепти за секој ден:) :P
 
најубава ми беше пастрмката што ми ја правеше баба ми во Охрид
ништо посебно, пржена во тиган....толку, со бело винце нормално
 
Татко ми прави екстремно добра пастрмка :P
Добро ја чисти ја отвора и внатре и става добро сецкано лукче.. ја става во тиган и ја пече со црено вино.. уф, уф, уф милини е за јадење:))
 
штета што ја нема веке пастрмката
памтам како копиљ во охрид кога ке се вратеше дедо ми од на риба, беше рибар во Охридска Пастрмка и имаа одличен улов
сега веке е очајно :(
го процедија цело езеро со тие пусти мрежи
 
Маринирана пастрмка
- 600 гр. Пастрмка
- 1 главица кромид
- 3 моркови
- 1 зелена пиперка
- 4 кисели краставици
- млад кромид
- листови од целер
- магдонос
- 2 лимона
- 4 чешниња лук
- 100 мл. бело вино
- 100 мл. масло за јадење
- сол и црн пипер
На даската за сечење на претходно исчистените пастрмки им ги отстрануваме коските и главите. Потоа добиените филети ги сечеме на парчиња. Секое парче го посолуваме.
На оган ставаме тава за пржење и во неа ставаме масло за јадење. Пиперката ја сечкаме на тенки долгнавести парчиња и ги собираме на чинија. На исти такви парчиња ги сечкаме морковите и ги собираме во чинија. Парчињата пастрмка ги набрашнуваме и ги ставаме да се пржат во тавата со загреано масло.
Во меѓувреме и киселите краставици ги сечкаме на тенки долгнавести парчиња и ги собоираме на чинија. Потоа го сечкаме кромидот па и него го собираме на чинија. На ред е младиот кромид, кој го сечкаме на коси долгнавести парчиња. Листовите од целер ситно ги сечкаме. Парчињата риба ги превртуваме во тавата. И чешнињата лук ситно ги сечкаме. Потоа ситно го сечкаме магдоносот. Испржените парчиња пастрмка ги вадиме на чинија, а во тавата го ставаме кромидот да се пржи. Потоа во тавата го додаваме морковот и промешуваме. Во тавата ги додаваме пиперките и киселите краставици. Лимонот го лупиме и го сечкаме на парчиња. Во тавата го додаваме младиот кромид и лукот и промешуваме. Ги додаваме и парчињата лимон. Половина лимон цедиме во цедалка а сокот го додаваме во тавата. Во тавата го додаваме исечканиот магдонос и листовите од целер. Посолуваме и зачинуваме со мелен црн пипер. Уште еднаш се убаво промешуваме и во тавата го додаваме белото вино и околу 1 дл. Вода. Парчињата риба ги редиме во еден огноотпорен сад а врз нив со црпалка го ставаме мешаниот зеленчук. Оставаме извесно време да отстои за пастрмката да го поприми вкусот од маринадата.

Чадена пастрмка на мавровски начин
- 600 гр. чадено филе од пастрмка
- 200 гр. Речни ракчиња шлимс
- 250 гр. Палента
- 500 гр. Ауштекован компир
- 200 гр. Павлака
- 1 главица кромид
- 4 чешниња лук
- 1 лимон
- 1 домат
- путер
- магдонос
- бело вино
- масло за јадење
- сол и црн пипер
На даската за сечење кромидот ситно го сечкаме. На оганс таваме една тава и во неа ставаме масло за јадење. Во тавата го ставаме исечканиот кромид и промешуваме. Потоа во тавата ги додаваме речните ракчиња и промешуваме. Доматот го сечкаме на коцки и го собираме во еден сад. Лимонот го цедиме во цедалка.
Во едно тенџере со зовриена вода на оган го додаваме путерот. Посолуваме и во тенџерето и во тавата. Во тавата додаваме и мелен црн пипер. Чешнињата лук ситно ги сечкаме и ги оставаме во еден сад настрана. И магдоносот ситно го сечкаме и го оставаме настрана. Скарата ја попрскуваме со масло за јадење и врз неа ги редиме парчињата риба.
Во тавата во која претходно е ставаен ауштекуваниот компир, промешуваме и го додаваме сечканиот лук. Повторно промешуваме и оставаме да се пржи.
Во тенџерето мешајќи со жицата за матење ја додаваме палентата. Во тавата го додаваме сокот од лимон и сечканиот домат и промешуваме. Палентата ја промешуваме со жицата за матење и ја тргаме од оган. Во тавата го додаваме белото вино и промешуваме. Потоа во тавата ја додаваме павлаката и повторно промешуваме. Парчињата риба ги превртуваме на скарата и ги попрскуваме со масло за јадење.
На чинијата за сервирање ја ставаме палентата а врз неа парчињата испечена пастрмка.
Добар апетит.

Пастрмка со печурки
- 1 пастрмка од 1 килограм
- 1 лимон
- 500 гр. Печурки
- брашно
- 2 главици кромид
- 2 моркови
- 200 мл. Бело вино
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Ги земаме главиците кромид и на даската за сечење ги сечкаме. Потоа ги земаме морковите и ги сечкаме на ситни коцки.
На оган ставаме една тава и во неа ставаме поголема количина масло за јадење да се загрее. Кога маслото ќе се загрее во тавата ги додаваме сечканиот кромид и морков. Промешуваме и ја покриваме тавата со капак.
На даската за сечење на тенки листови ги сечкаме печурките.
Исчистената пастрмка од сите страни добро ја посолуваме.
И кромидот и морковот кој се пржат ги посолуваме. Пастрмката ја валакаме во брашно добро да се набрашни од сите страни. Исечканите печурки ги додаваме во тавата во која се пржат кромидот и морковот. Промешуваме и повторно покриваме со капак и оставаме да се пржат.
На втората тава што е на оган на загреаното масло ја ставаме пастрмката. За време на пржењето ја превртуваме за да биде убаво испржена од сите страни. Во тавата во која се пржи зеленчукот го додаваме белото вино. Промешуваме и поклопуваме, оставајќи да се динста зеленчукот.
Земаме еден лимон го сечеме на половина и едната половина ја цедиме со цедалка.
Испржената пастрмка ја вадиме од тавата и ја ставаме на чинија за сервирање.
Остатокот од лимонот го сечеме на резанки. Сокот од лимонот го додаваме во тавата со зеленчукот. Промешуваме и наросуваме со мелен црн пипер. Ја тргаме тавата од оган и со лажица ставаме од зеленчукот на чинијата за сервирање. Врз зеленчукот ја ставаме пастрмката. Потоа и врз пастрмката нанесуваме од зеленчукот. Декорираме со резенките од лиммон. Магдоносот ситно го сечкаме и го наросуваме одозгора.
 
Последно уредено од модератор:
Охридска пастрмка во сос од сардина

потребни состојки за 4 лица:

- 400 гр охридска пастрмка
- една конзерва сардини
- една китка магдонос
- половина маргарин
- една главица кромид
- 100 гр морков
- една чешна лук
- половина литар маслиново масло за јадење
- сочогледово масло за јадење
- сол ибибер

Подготовка:

Тава за печење ја премачкуваме со маргарин по целата внатрешна површина.
Баш ми се најде постов Фала :), пред некој ден фатив пастрмка па ќе пробам да ја направaм со овој рецепт поздрав :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom