СП Ракомет: Maкедонија - Исланд 15.01.2013 18:00 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?


  • Вкупно гласачи
    183
Статус
Затворена за нови мислења.
Како шо кажав уште пред почетокот на првенството истото се игра со години кај нас, епа не научија веќе како играме. Играме убедливо најСТАР тип на ракомет во европа, дури и надвор во европа форсираат брза игра. Ракометот еволуира ние истото го играме. Тие исти две три акции веќе со години. Димовски само се гура, незнае да се избори за позиција како Стоилов. Стојанче е ѕвер и најкорисен играч кај нас. Изнудува пенали, исклучувања, и тие неколку гола шо ги дадовме од 9 метри се негова заслуга оти направи блок на еден од централните играчи. Манасков исто е супер, ама поради Шундо шо е глуп нема замена, т.е има замена а тоа Бранче, воедно најникаквиот ракометар во историјата.
 
Ај нека дојде побрзо Франција и да си бегаат накај дома,очигледно нас психата не убива,тренер немаме тоа е утврдено,ама пак цело првенствп играат ко аматери.

Сите се криви,буквално,освен Борко денес,ама сите се жива мизерија првенствово.
Столе мизерија?

Не го ставај во ист кош со најголемите катастрофи Наумче и Миркуловски.;)
 
Се очекував ама дека ќе видам ваков аматеризам никако.Уште не ми се верува што гледав до пред пола саат.Мора да се признае дека одбраната беше на ниво освен кога по одбиена топка од Ристовски немаше кој од нив да ја прифати ама она што се случуваше во нападот не се случува ни кај репрезентациајта на Австралија.На Наумче му бегаа најмалце 5 пати топката од раце и прави 10 пробивања,Миркуловски од 6м 1vs1 со голманот не може гол да даде,никаква идеа и увежбана акција не изиграа,премногу статични беа и движењето без топка им е нула. :facepalm: Еден онаков мизерен Исланд да не ти дозволи да дадеш повеќе од 10 гола е нешто што многу кажува за нашата репрезентација.
 
Со едно крило да отидеш да играш еј,каков ШУТКО !

Не дека Олје дојле којзнае што ќе направеше ама барем мисирон Бранко немаше да го гледаме.
 
Очекував ваков расплет после утакмицата Исланд-Русија, вината треба да се бара само во стручниот штаб.
Зашто никој не им кажа да прекинат да шутираат на прва и да се обидат на втора да шутнат, зашто не ги опоменаа дека немаа координација во одбрана. Центархалфовите со халфовите ама воопшто не си помагаа еден на друг а па да не зборам за крајниот со халфот.
Повеќе памет и да видат каде згрешиле за со Русите ако сакаме барем бод да извлечеме ама пак не ни идат математиките така а со Данска да не спомнувам.
 
Стојанче за во напад е можеби најдобар од сите пикери..меѓутоа со самото тоа што не можи да се враќа головите што ги дава се заменуваат со примени..затоа и вујо не го игра
 
реално нема што да обнивуаме поединци кога тимската игра ни е катастрофа...како селски буквар сме за другите тренер во поглед на нападот и многу едноставна ни е играта затоа тешко успеваме да даваме гол..на Лазаров тројца одат..крилата тотално неподвижни освен Манасков тек тук..Наумче и Миркуловски со истите финти на секое ..и реално Исланд и со трет тим се подобра екипа од нас и нема што да бараме..
 
Dobro mozebi mojata brojka e preterana no poveke od 3 bea , celo prvo poluvreme i polovina od vtoro mu uspevase toa .
Брат, колку и да беа, џабе беа ко не се искористија шансите во напад.
 
да оди на човек директно да се изгура напред..единствениот пат кога го направи тоа исланд заработи исклучување.

Одеше он на скок често, му идеа директно на рамо. Немаше никаква реакција од судиите освен у еден случај ко што пиша.

Не е финтата само у Кире, финтата е во другите. Кире би можел да просперира и со фластер на него, и да се движи без топка ама тоа мора другите да му го изработат.

Денеска немаше никаква игра од другите. Да Миркуловски беше добар во одбрана, но во напад повторно беше мизерија.

Кај нас проблемот е што и кога има фластер на Кире пак е проигруван во зачетокот на акцијата и тоа 2-3 пати. Не, остај го без топка, нека комбинираат Мојсо и Жути со Манасков, замешај им ја одбраната напрај блок за Кире.

Океј, нека биде крив Кире, ама има и други кои беа многу полоши од него денеска.
 
Ќе може некој да ме просветли ЗОШТО Столе цело второ полувреме грееше клупа, а во завршницата играше мевот Ванчо?! :facepalm:

И стварно незнам како можете да го кривите Кире не ми е јасно... Играта му беше прочитана како БУКВАР, кога и да примаше топка веднаш фаул и се држеше што подалеку од голот. Што да прави да форсира шут?! Барем беше од корист на теренот со асистенциите кон Столе за разлика од аматерот наумче и миркуловски. До душа миркуловски одлично играше во одбрана и изнуди многу пробивања, додека Наумче беше права топола на теренот!
 
Стојанче за во напад е можеби најдобар од сите пикери..меѓутоа со самото тоа што не можи да се враќа головите што ги дава се заменуваат со примени..затоа и вујо не го игра

Ова донекаде е точно , но и Димовски се враќаше за измена кога одевме во одбрана.За мене единствено размислување е дека Стоилов се повреди , инаку немаше потреба да го стави на клупа , претходно ги ротираше.
 
Филм е да гледаш ракомет со баба му од Столе, цела фамилија му ја изнареди на голманон на Исланд :D попосле повеќе за утакмицата ќе пишам
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom