Што знам и можеби фудбалерите во она време беа порастеретени тактички.
Денеска премногу спецификации имаат. 3-4-3(флуидна во 5-4-1), 3-5-2 (флуидна во 5-3-2), 3-5-1-1 (со ниска лажна 9ка), 4-2-3-1, 4-2-2-1-1, 4-3-2-1.... па доаѓаат оние "класичниве" 4-3-3, 4-4-2 - која се помалку и помалку ја гледаме.
Не гледаме долги топки веќе во фудбалот години наназад, посебно не во оние "high stake" натпревари, долги пасови, стиви џи тип на топки се вистинска реткост, да не зборувам пребацени "пирло" тип топки 20+ метри, ниту по земја ниту високо. Мислам дека Бонучи последен пат 2016та даде таква топка, на Џакерини????? (незнам не ми текнува). Сеа може и ја претерав со муабетот, ама долгите топки се сведени на МИНИМУМ, ако ги иземеме контрите и нафрлените топки од крило, тогаш практично и на прсти се бројат.
Не ме зезај 2014та со Калид Буларуз,Рон Влаар, Фил Џагиелка, Мамаду Сако, Сања, Палета, Абате, Данте, Луиз Густаво, Фернандо Гаго, Кампањаро и Демикелис биле ебачки првенства. Беше атрактивно и фрчеа голови (
пред се поради очајните дефанзивци), ама многу далеку од квалитетно во фудбалска смисла. Сепак има разлика меѓу овие две нешта.
Мене и ова ми е атрактивно за гледање, јер јеби га нема што да се праи после 17:00, а и фудбалски фанатик сум, нормално е тоа.
На првенствово постојат, верувале или не само 2/3 светска класа бекови - Марсело (иако е канцер у одбрана, ама ај ќе го рачунам како таков), Карвахал, и ајде ќе го вбројам Кимих пошо е многу млад и перспективен (можеби некој испуштив, ама искрено не гледам некој да се издвојува).
Другите се само атлети, а не фудбалери, никакви фудбалски квалитети - само физички се јаки. Не ги сметам овде ни меуние, нит вршаљко нит вокер ... очај. други и нема освен овие (коларов и лихштајнер у своите најдобри години знаеа често да греат клупа или да поиграат у Лацио- просечна екипа 4то место во тоа време). Еве, ќе го земам за пример Мозес. Абе овој појма нема од фудбал, лани најдобар бек беше у англија, право откровение. Единствен квалитет му е физичката спремност и експлозивност.
Кој плејмејкер на првенствово е уствари плејмејкер, освен Модрич и Крос?
Погба? Смешки пер.
Кутињо не е ни везен туку АМ/офанзивен страничен везен.
Хендерсон?

Биља

Сите се стаминаши,кршачи без никакви фудбалско-технички квалитети и преглед. Средината служи за кршење акции отколку креирање шанси. Можеби и заради тоа паднати се дефанзвиците, пошо пред нив секогаш имаат support од деструктивци во средина.