Совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Секогаш давам совет, без разлика дали ми побарала блиска или подалечна личност. Не можам едноставно да речам: неам појма, снаоѓај се сам/а :icon_lol: (иако поради ова напати сум морала да поднесувам жалби и поплаки од 60 годишни луѓе што прв пат ги гледам, ама тоа е, таква фаца иам ваљда, што не би ги одебала :icon_lol: )

Селективно го одредувам квалитетот на советите што ги давам :) Кога се работи за блиски луѓе што ги сакам и важно ми е тоа што им се случува, ќе смислам конструктивно решение и ќе го споделам со нив. За останатите, ќе избрбљам нешто колку да изразам фидбек:toe: Јебига, не сум семоќна, не можам на сите да мислам и сите да ме интересираат... :icon_lol:
 
Колку често давате совети?
Дали искрено ги кажувате или пак колку да ви се тргне некој од врат?

Вие слушате ли туѓи совети?Како ги примате со доза резервираност или отворени сте?

Кога советувањето преминува во солење памет?И дали е можно такво нешто?





Многу често давам совети бидејќи најголем дел од моето слободно време што го имам им го посветувам на другарките со кој си разменувам мислења давам совети и ми даваат совети.Советите ги давам за да укажам на некоја грешка,да дадам свое мислење ама не со намера да го наметнам на тој што му го давам.Негово е дали ќе го прифати и примени.Така е и за мене,слушам совети и мислења и гледам сто повеќе да ми се разјасни ситуацијата во која сум и потоа да донесам заклучок и одлука што ќе правам со себе.Не дозволувам на некого беспотреба да му солам памет и да му зборам нешто што несака да му зборам,значи еднаш ќе кажам и доволно е,ма да секогаш советите ги давам од срце зошто ги советувам само драгите личности и не се доведувам во ситуација да солам памет на било кој а секако можно е се.Понекогаш кога ќе ми се постави некое банално прашање (барање совет) што секогаш ми се случува со една од моите другарки кажувам една реченица максимум за да ја откачам ама и во таа реченица може да најде нешто корисно зошто никогаш не им зборам онака на другарките,сепак тие се една од најважните работи во мојот живот.
 
Совети... Па вака... Ако сум доста кадар за некоја работа (запознаен со тоа во што другиот е заглавен) му давам совет. Не се правам паметен, и не замарам ако личноста не бара помош. Ако ми изгледа изгубена во тоа што сака да го постигне, нема проблем тука сум да и` помогнам колку што можам но не идам преку границата на своите можности. Е сега за тоа колку прифаќам туѓи совети. Прво треба да ја познавам личноста добро. Не прифаќам совет од било кој - прв пат гледам некој и сега одма човекот почнува да меле со совети.... Хмм ова не ми е баш нешто што го прифаќам оберучке. Ако сум скоз неук во некоја област - ок. Не е проблем. Но сепак приоритет давам на луѓето што ги познавам далеку подобро.
 
Најчесто давам совети кога некој ќе ми побара, или има потреба од мое мислење како совет, но гледам многу , многу да не навлегувам, и секогаш гледам советот да биде на место, не само залудно потрошени зборови, претежно досега сум давала совет на луѓе кој ми се поблиски, и подолго ги познавам, така да можам од прилика да размислам што би можело да излезе како контраиндикација и што би ги повредило, арно ама секогаш неможеш во право да бидеш и барем еднаш ако дадеш крив совет отиде пријателство и се друго јабана, затоа внимавам многу и гледам да биде прецизен и кус да не бидам погрешно сватена, и предупредувам дека ако личноста има намера да го примени мојот даден совет претходно добро да размисли дали всушност е тоа истото што таа го сака, е да ќе заборавев и се радувам многу ако некому помогнам со мојот совет.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom