Имам еден проблем и ми треба совет.
Кога сум паркиран на некоја удолнина, обично колата ја ставам во рикверц, но во последно време забележав дека колата почнува да слегува надолу со сецкање. Значи се слуша мало крцкање, колата сецнува и се спушта можеби 1 метар максимум. Потоа комплетно застанува, па по неколку секунди повторно сецнува и повторно се спушта околку 1 метар. Тоа се повторува се додека не дојде скоро до рамниот дел на удолницата.
Една од причините ми рекоја дека можело да биде и слаба комперсија што ми е малку невообичаено, бидејќи на возење нема никакви промени а колата влечи нормално. Освен тоа колата е реалтивно нова со само 25.000км.
Најверојатно слаба компресија и мотор со три клипа гарант.