Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Дизел нема шанса да почне одма да дува топло, иако некој имаат електрични греачи и дуваат топло за побрзо. Ако треба пола саат да го возиш за да почне да дува топло термостатот тие отиден. До кај 10 мин. нормално е.
Колку кошта термостат и промената на истиот? Цела маска внатрешна треба да се вади за да се смени термостатот?
 
термостатот е лоциран на блокот, он отвара и затвара да циркулира антифризот откако ќе загрее моторот. Иначе нормална работа е да не грее одма. Кај мене после 2-3 километри возење почнува да дува малце вруќо.
 
Колку кошта термостат и промената на истиот? Цела маска внатрешна треба да се вади за да се смени термостатот?
Еве ти цени на термостат за Голфот, јас би идел на Валео.
Не се вади маската, под хауба е термостатот. Маска се вади за радијаторот за парно, тоа нема врска со термостат.
Види кога ќе ја запалиш колата на ладно, дали едното црево што оди во хладњак загрева а другото не. После кога ќе достигне работна температура колата двете црева треба да бидат еднакво топли. Тогаш е океј термостатот.
Ако паралелно се загреваат и двете црева, тогаш термостатот е рикнат и држи стално на отворено, како што возиш пример на отворено може да ти се намалува парното во тој случај (поради пад на работната температура).
Ако едното држи топло, другото не загрева тогаш е заглавен термостатот на затворено, тогаш ќе ти прегрева колата.
Ако не се разбираш воопшто, оди негде на мајстор.
Дизел општо поспоро грее, бензинец побрзо. Како што и ти кажаа.

ПС Ако ептен ти е слабо парното, исто можно е да имаш воздух во системот. Оди на мајстор, нека ти го испуштат, ако не знаеш сам.
 
Последно уредено:

Ти благодарам за деталниот одговор. Од ваквите одговори како твојот и одговорите на разни прашања и од другите членови на форумов, ми се пробуди интерес за авто-механиката, авто-електриката и останато, кои патем немаат крај бидејќи секој ден по нешто ново учам :)
 
Ако температурата на моторот е во рамките на нормалнот, а нема парно, можи да е до вентилот пред казанчето кај нозете од совозачот . Ако тој не отвора...нема парно во колата
 
Колку кошта термостат и промената на истиот? Цела маска внатрешна треба да се вади за да се смени термостатот?

Не е скап, ниту промената е скапа. Би ти рекол и да смениш антифриз во исто време, стариот се испушта за да смениш термостат...да не го враќаш стариот пак назад, стави нов некој по квалитетен, ќе ти каже мајсторот.

Кај голфовите чест проблем се и заглавени или скршени клапни од парно,,,,може да е заглавена клапната на ладно да дува, иако ти подесуваш да ти дува топло.

Друга можност е затнато казанче на парно, зошто е голф и веројатно некогаш е возен со вода од чешма место со антифриз.
 
Ако температурата на моторот е во рамките на нормалнот, а нема парно, можи да е до вентилот пред казанчето кај нозете од совозачот . Ако тој не отвора...нема парно во колата
Не грее само кога не е загреан, после откако ќе загрее нема проблем со греењето.
 
Треба да се провери на колку отвара термостатот.
Јас на моето Цитроенче, го вадам термостатот и го ставам во ѓезве со вода на шпорет и гледам кога ќе почни да отвара. Ако е околу 88-90 работна температура, треба да почни да отвара кога ќе започнат да се јавуваат меури од воздух во самата вода( почеток на вриење)
 
Парното дува топол воздух кога ќе крене температура антифризот. Ниедна кола што седела преку ноќ на ладно нема одсабајле да загрее и да дува топол воздух од парното за 2 минути.
Ова ти што го збориш е можно само кај автомобили што имаат webasto (греење со нафта) тоа одма би требало да затопли.
Skoro site novi koli imaat elektricen greac pod sal tabla, koj avtomatski vklucuva koga temperatura nadvor e ispod 7 stepeni i odma imas topol vozduh i na nezagreana kola.
Kaj mene dvete imaat ovakov greac. Na ednata ustvari i bese smenet pred otprilika 2 godini bidejki imase recall.
 
Друга можност е затнато казанче на парно, зошто е голф и веројатно некогаш е возен со вода од чешма место со антифриз.
12 литри вода со најлоша вода од чешма еве 230 mg/l калциум. Тоа се одприлика нешто над 2 грама калциум.

2 грама ќе запушат казанче?
 
Не запушува калциумот туку рѓата што се ствара ако се користи вода...антифризот има и многу важна анти корозивна функција.
Автоматски споено мислење:

Skoro site novi koli imaat elektricen greac pod sal tabla, koj avtomatski vklucuva koga temperatura nadvor e ispod 7 stepeni i odma imas topol vozduh i na nezagreana kola.
Kaj mene dvete imaat ovakov greac. Na ednata ustvari i bese smenet pred otprilika 2 godini bidejki imase recall.

Голф 5 не знам дали има греач во сериска опрема...можно е да има со доплата.
 
KIA CEED 2009 годиште. Ретровизор од возачка страна каде може да се најде. Има ли отпад за КИА во Македонија?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom