Состојбата на клиниките,болниците,амбулантите во градовите и селата во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.610
Поени од реакции
15.428
Возраст
70
Локација
Skopje
Мислам имаше една тема ваква каде се разговараше по ова прашање.(може и да се спои)
Каква е состојбата со горе наведеното во вашето место.
Во каква состојба се ходниците,собите,прозорите,затоплувањето,осветлувањето,хигиената,
креветите,чаршавите,исхраната,услугата,персоналот,дисциплината и се друго што не спомнав.
За приватните клиники можеби и ќе има малку јавувања,затоа што и состојбата е по-добра.
Но каква е состојбата во обичните - државни болници за обичниот народ (за нас)
Јас нема да кажам ништо од наведеното,еве ја состојбата од надвор на дел од скопската....
А од надвор погледот веќе кажува све.Дрвја,трње,капини,тегавци,лози,трева ја обиколиле оваа...
што е рај за некој влекачи и инсекти и друго,дури и внатре во просториите влегле ластари трева.....................................Picture 1501.jpg Picture 1502.jpg Picture 1503.jpg Picture 1505.jpgPicture 1499.jpg Picture 1537.jpg се лажете ако мислите дека ова е одамна со години напуштено здание,овде во оваа ........ лежат пациенти со нарушено здравје и се лекуваат,а не дека нема мажишта ова да го средат. Или можеби после ова ќе го средат. А моето име...ќе се бара ли сега.
 
Ние во Неготино имаме поголема болница од Кавадарчани (малку да ги понервирам) :) а во неа работните места се пополнети помалку од половина.Сите добри доктори/ки си префрлени во проватни или во странство...Последен пак кога бев,да давам крв,болницата беше скоро празна...како на некој психопатски хорор филм...Имаше околу 2-3 групи на луѓе кои чекаа за резултати,за преглед и сл...Нема повеќе породилно,нена каде да ти стават гипс,опремата му е стара од кога е направена болницата,а за од надвор да не правиме муабет...Нема врати и прозорци од каде што не удара провев,плочките почнати да паѓаат и ако сака некој да се оболи,нека повели...Толку голем објект,а во него стотина луѓе заедно со пациенти...Имаше една случка,чичко ми крводарител,давал крв и му следувало нешто,дали капа,дали USB незнам точно и една од вработените сакала да му наплати 200д. и чичко ми и кажал дека е крводарител и и ја покажал книшката и таа му рекла добро тогаш,150 нека биде :):) Кога замал да се кара со неа и ја испцул и пак си зема тоа што му следувало...За државната болница тоа,а за приватните е друга приказна...Еднаш само имам отидено во приватна за да извадам боледување за на работата и се беше добро...Од објектот како објект,нов,личен,до опрема,до персонал...Се беше добро...Само што имаше паметни бабички што се туркаат преку ред,ама тоа е стандард кај нас...
 
Моето работно место до пред една годинаамбуланта.jpg
 
Секаде државните болници се во катастрофална состојба, не дај боже да појдеш во болница.
 
Здраството стана катастрофа. Сега само приватните болници се добро средении, но за докторите сегде е исто.... скоро сите со врски примени, а ретко кој со знаење.
Во денешницава е тешко да најдеш доктор кој може да се загрижи за тебе и вистински и правилно да те излекува.
За Државна можам да кажам дека и не е така лоша, дека и персоналот не е лош, ама не е тоа, тоа...... не е она што некогаш била.
За Гратска болница можам да кажам катастрофа...... никаква организација, луѓе припаѓаат по ходниците, никој не ги рецка...... таму не дај Боже да отидеш како хитен случај..... можеш да умреш.

Единствено добро можам да кажам за болницата во Струга што е ( таа големата) и за персоналот во нејзе. Болница која е добро средена, болница во која докторите своето внимание целосно ќе го посветат и болница во која докторите навистина се трудат да те излечат.

Но како и да е..... здраствово не тргнало на некој најдобар пат :)
 
Еве вие денови јас сум болен одам на инекции и така е сите болници и кај нас во Велес се катастрофа со исклучок на една таму е средено, а другите сите се нечисти,промаа дува, стари џамови.Поарно глеј да не отидеш ама кога си болен мора.
 
Не мора ако е државно да нечини а ако е приватно да чини.
Во почетокот на дваестиот век, во Париз доаѓале огромен број туристи од САД. Во тоа време болниците во Франција не им се допаѓале ( не чинеле ) и во 1904 година отворена е Американска болница во Париз American Hospital of Paris
http://www.american-hospital.org/en/american-hospital-of-paris/about-us/our-history.html
Таа болница е и сега најдобра болница во Париз
А ова значи дека се може да се среди. Само треба нашата власт да „ ја суреди работава “. Но нашата власт се занимава со друго - ќе гради катни гаражи во клиничкиот центар и ќе „ стопанисува и поштено заработува “
Еве погледнете изјава во која се вели: „Со изградбата на двете катни гаражи во комплексот клиники „Мајка тереза“ ќе се реши повеќедеценискиот проблем со паркирањето “
Дури и цена одредиле 50 денари на саат.
„ цената на билетот за паркирање за посетителите ќе остане иста и ќе чини 50 денари за еден час “
http://www.plusinfo.mk/vest/103631/Todorov-Katni-garazhi-mu-se-potrebni-na-skopskiot-Klinichki

Ете гледате со што се занимаваат и после се чудите зошто не чинат болниците
 
Мислам имаше една тема ваква каде се разговараше по ова прашање.(може и да се спои)
Каква е состојбата со горе наведеното во вашето место.
Во каква состојба се ходниците,собите,прозорите,затоплувањето,осветлувањето,хигиената,
креветите,чаршавите,исхраната,услугата,персоналот,дисциплината и се друго што не спомнав.
За приватните клиники можеби и ќе има малку јавувања,затоа што и состојбата е по-добра.
Но каква е состојбата во обичните - државни болници за обичниот народ (за нас)
Јас нема да кажам ништо од наведеното,еве ја состојбата од надвор на дел од скопската....
А од надвор погледот веќе кажува све.Дрвја,трње,капини,тегавци,лози,трева ја обиколиле оваа...
што е рај за некој влекачи и инсекти и друго,дури и внатре во просториите влегле ластари трева..................................... се лажете ако мислите дека ова е одамна со години напуштено здание,овде во оваа ........ лежат пациенти со нарушено здравје и се лекуваат,а не дека нема мажишта ова да го средат. Или можеби после ова ќе го средат. А моето име...ќе се бара ли сега.
Ако можам добро да погодам ова е Патофизиологија во КЦ. Скопје Овде не лежат пациенти. Но како и да е дека е крш јавното здравство крш е.
 
Катасрофа-крај на светот,додека на некој згради се менуваат фасади,болниците немаат ни олуци???
Клиникава е претежно ново здание, и на неа неколку пати т.с. брзо сега,пред некоја година и е сметета фасадата,знам дека беше со друга боја,црвена-портокал или цигла боја. Ама сега ај видете. Нема олуци.Поточно имала ставено нови олуци ама на нив го нема долниот дел-кородирал и сега нема ништо.Па така кога врне сета вода се слева по прозорите и фасадата која наскоро пак ќе пропадне и ќе треба пак нова,само поради оваа состојба со олуците,ама директорот на клиникава никако да дигне глава кон господа и да види во каква состојба му е клиникава,а се прчи бар еднаш неделно на сите ТВ станици.
Да ми е само да знам кој е производител на овој поцинкуван лим(сигурно е со гаранција) или нема цинк ни 5 гр. Па само погледајте дека има низ градов олуци од Турско време поставени и се уште се во добра состојба и не кородирани.Picture 2251.jpg -Picture 2252.jpg -Picture 2257.jpg -Picture 2258.jpg верувале или не, ЧУДНО ??? на олуците стој само предниот ,некаде малку и задниот лим а долниот дел го воопшто нема го изеле глувци или некој Џеб.[DOUBLEPOST=1440970314][/DOUBLEPOST]
Ако можам добро да погодам ова е Патофизиологија во КЦ. Скопје Овде не лежат пациенти. Но како и да е дека е крш јавното здравство крш е.
Првата слика е зграда на 2 спрата и лежат пациенти во сите соби.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom