„Yahoo“ ќе се менува
Страницата за пребарување „Yahoo” ќе го менува изгледот на основната страница со надеж дека ќе привлече повеќе посетители.
Исто како „Google” и „Microsoft” и „Yahoo” има алатки кои со „кликнување” им овозможуваат на посетителите да го систематизираат материјалот што го бараат.
Освен пребарувањето, кај последниов сајт, за почетниците ќе има и „асистент” кој ќе им помага во прелистувањето, ќе ги информира за електронските пораки на yahoo- адресите и ќе ги прошири своите полиња.
Новата страница (homepage) ќе биде достапна во бета верзија, идниот месец за да се види како корисниците ќе се снајдат со новата ситуација.
Промената што ќе ја направи „Yahoo” ќе се случи на главната страница во: САД, Англија, Франција, Шпанија и Италија.
Целта на новиот изглед е да се надмине статичниот изглед на страницата.
Наместо тоа корисниците сами ќе можат да си ја креираат страницата, односно да си ги одберат областите кои најмногу ги интересираат и да ги исфрлат оние кои никогаш не ги тангираат.