Sony Electronics ги пушти во продажба своите dual layer Blu-ray Disc recordable (write-once) медии со AccuCORE технологија. Овие дискови имаат капацитет од 50GB и претставуваат голем чекор напред во развивањето на BR форматот.
На еден ваков диск ќе може да се запише повеќе од 4 саати видео во HD квалитет со 24Mbps, со што им овозможува на корисниците да изрежаат повеќе видео материјал од било кога досега со сониевите BR режачо
Сониевата AccuCORE технологија е одново дизајнирана специјално за Blu-ray дисковите, и нејзини најголеми предности се заштита од гребење, сигурност на податоците за да се спречи корупција на записот, стабилен запис со кој се намалува изветеперувањето на дискот додека се врти и поголема издржливост на температурна разлика и влажност за да се спречи виткање на материјалот. Истотака сони најави дека подоцна годинава ќе пушти во продажба и DL BR RW диск истотака со 50GB капацитет.
Е сега цената во USA за комад е 48$, па ќе треба да помите доста време додека да можеме да си дозволиме да купуваме по 50 комада од пазарче